Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ
Претседателот на Собранието Талат Џафери по повод албанскиот национален празник 28 Ноември – Денот на знамето, упати честитка до припадниците на албанската заедница во Република Северна Македонија, со желба празникот да го поминат во свечена атмосфера во топлиот семеен круг, каде и да се наоѓаат низ светот. – Почитувани граѓани на Република Северна Македонија, припадници на албанската заедница, дозволете ми во име на пратениците на Собранието на Република Северна Македонија и во мое лично име, со особена радост да Ви упатам срдечни честитки по повод албанскиот национален празник 28 Ноември – Денот на знамето, со искрени желби за бескрајни успеси…
СДСМ треба интензивно да ја спроведува европската агенда, но не може да очекуваме дека ЕУ или некој друг ќе ни ги реши проблемите. Приоритет мора да е домашната политика, подигање на животниот стандард на граѓаните, јакнење на економијата. Ова во интервју за МИА го вели Димитар Ковачевски, актуелен заменик-министер за финансии и член на Извршниот одбор на СДСМ, кој вчера изјави ќе се кандидира за лидер на партијата, откако социјалдемократите во петокот ја утврдија оставката на претседателот на партијата Зоран Заев и распишаа внатрепартиски избори по пат на непосредно гласање што ќе се одржат на 12 декември. На обвинувањата на…
Европската банка за обнова и развој на својот Твитер профил објави кратко видео од фотоволтаичната електрана во РЕК Осломеј со порака дека овој реномиран партнер на огромен број македонски компании е горд што е пионер во иновациите во Северна Македонија, инфомираат од АД Електрани на Северна Македонија – ЕСМ. – Горди сме што сме пионери во зелените иновации во Република Северна Македонија, каде првата соларна електрана во земјата ја заменува исцрпената термоелектрана во Осломеј, стои во пораката на Твитер профилот на Европската банка за обнова и развој која учествуваше во изградбата на фотонапонската централа во Осломеј со 5,9 милиони евра,…
Секогаш имајќи ја на ум исклучително значајната улога на парламентите во заштитата на слободата на изразување на интернет и промовирањето на различноста на ставовите, исто толку важно е и спротивставувањето кон дезинформациите и говорот на омраза и спречувањето на перцепцијата дека како политички естаблишмент, ја губиме врската со граѓаните. За тоа да се промени, потребно е да дадеме сопствен пример промовирајќи култура на толеранција, култура на инклузија и соработка околу суштинските прашања, истакна претседателот на Собранието Талат Џафери на Генералната дебата на 143. Собрание на ИПУ на тема „Современи предизвици за демократијата: Надминување на поделеноста и градење заедница“ . –…
Шефот на дипломатијата Бујар Османи денеска изјави оти мнозинство во Парламентот има, и оти очекува тоа дополнително да се зголеми. – Мнозинство има, тоа можам да го потврдам, очекуваме со овие разговори ова мнозинство да се зголеми дополнително и да да биде стабилно за да може во наредните месеци и години да се продолжи со овие сериозни активности на Владата, изјави Османи на прес-конференција за буџетот на Министерството за надворешни работи за 2022 година. На новинарско прашање кој е тој 61 пратеник за кој СДСМ вели дека го има како владејачко мнозинство и дали можеби е тоа пратеник од Алијанса за…
Меѓусебната соработка во областа на младите категории и тренерскиот кадар, беа во фокусот на разговорите на челните луѓе на македонската и српската ракометна федерација, на маргините на првиот од двата пријателски натпревари меѓу женските селекции на двете земји што во саботата вечер се одигра во Стара Пазова, соопшти Ракометната федерација на Србија. Македонските ракометарки претрпеа пораз на првиот натпревар со 33:25, a најефикасна во редовите на „црвено – жолтите“ беше Моника Јанеска со девет голови. Вториот од двата контролни натпревари, кои се играат зад затворени врати, е закажан за во понеделник, исто така, во Стара Пазова со почеток од 17:30…
Нов Интервентен фонд за поддршка на земјоделците ќе се формира во 2022 година. Средствата во висина од 250 милиони денари се обезбедија преку амандманска интервенција на Предлог-буџетот за 2022 година за кој расправата е во тек во собраниската матична Комисија. – Преку дискусија со издржани аргументи може да дојдеме до решение. Сите сме свесни дека земјоделството е важен сектор во нашето стопанство и дека има потреба да се интервенира кога на пазарот има пореметување, особено кога цените се на ниво кога земјоделците не можат да ги покријат трошоците, рече министерот за финансии Фатмир Бесими во рамки на амандманската расправа, која…
Австралиските власти денеска соопштија дека го потврдиле присуството на сојот омикрон на коронавирусот кај двајца патници од Јужна Африка кои пристигнале во Сиднеј. Здравствената управа на австралиската држава Нов Јужен Велс објави дека извршила итни тестови кои го потврдиле присуството на овој нов вид на вирус кај двајцата патници кои вчера пристигнале во Сиднеј. „Тие пристигнаа со лет на „Катар ервејс“ преку Доха, соопшти Управата. Двете лица биле позитивни на Ковид-19, се покажало веднаш по пристигнувањето, кога била направена дополнителна анализа за да се утврди дали тие го носат новиот сој на вирусот – омикрон, што првпат е откриен во…
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на денешната прес конференција рече дека денеска ќе контактира со роднините на починатите во страшната несреќа на автопатот „Струма“. – Денеска ќе контактирам со семејствата, бидејќи сакам да знам кои се нивните очекувања во однос на пренесувањето на телата и процедурите понатаму за да можеме да го направиме овој акциски план, истакна Османи. Османи рече дека е во постојана комуникација со бугарското МНР и се прават подготовките за преносот на телата. – Јас вчера имав еден подолг состанок овде во Министерството за да ги утврдиме сите детали. Се разбира работиме според проценките кога би можело…
Околу 150 грама хероин, повеќе пакувања подготвени за продажба, се пронајдени при претрес во Кавадарци, информираат од Министерството за внатрешни работи. Како што стои во соопштението од МВР, во рамките на засилените мерки и активности на Министерството за внатрешни работи за сузбивање и спречување на недозволената трговија со дрога и улично дилерство на 27.11.2021, по претходни оперативни сознанија и судска наредба, полициски службеници од ОВР Кавадарци извршиле претрес во дом кај М.А. и В.М. во Кавадарци, при што се пронајдени околу 150 грама хероин, повеќе пакувања подготвени за продажба. Дополнуваат дека е одземено и возило „алфа 159“ како и парчни…
Луѓето во Јужна Африка кои се заразиле со омикрон сојот на коронавирус не се сериозно болни смета Јужноафриканската медицинска асоцијација (САМА), пренесе ДПА. -Досега откриените случаи во Јужна Африка не се сериозни, изјави за Би-Би-Си, Анџелик Кетзи, која претседава со Јужноафриканската медицинска асоцијација. Меѓутоа, рече таа, истражувањето на новата варијанта на вирусот е сè уште во многу рана фаза, додавајќи дека само 24 отсто од луѓето во земјата се целосно вакцинирани. -Пациентите најмногу се жалат на болки во телото и замор, на екстремен замор, и тоа го гледаме кај помладата генерација, а не кај постарите, рече таа. Кетзи додаде дека…
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија (РКЕ) се стекна со статус набљудувач во Агенцијата за соработка на eнергетските регулатори на Европската Унија (Agency for the Cooperation of Energy Regulators – ACER). Како што соопшти РКЕ, прифаќањето на Регулаторната комисија во Агенцијата за соработка на енергетските регулатори на ЕУ доаѓа откако Секретаријатот на енергетската заедница даде позитивно мислење со кое високо ја оцени подготвеноста на РКЕ да се стекне со статусот набљудувач, пред се поради исполнување на обврските и условите коишто произлегуваат од Третиот енергетски пакет. Секретаријатот на енергетската заедница оцени дека „РКЕ ја потврди својата…