Author: НОВА ТВ

Претседателот Стево Пендаровски за време на работната посета на Шведска, денеска во Гетеборг оствари средба со претставници на Македонскиот сојуз, при што македонските иселеници го запознаа со досегашните активности за зачувување и унапредување на македонската култура, јазик и традиција, како и за интеграцијата во шведското општество и социјално-културниот развој во рамките на друштвата и на клубовите. Како што соопшти Кабинетот на шефот на државата, изразувајќи поддршка за натамошните активности во оваа насока, претседателот Пендаровски истакна дека нивниот ангажман е позитивен пример и дека придонесуваат кон унапредување на соработката меѓу Северна Македонија и Шведска. Македонскиот сојуз во Шведска е најголемата асоцијација…

Read More

Бугарија придава големо значење на прашањето за зачувување на бугарското културно-историско наследство и на бугарските воени гробишта во Република Северна Македонија и со години води политика за пребарување и обнова на бугарските воени гробишта и споменици во земјата, соопшти бугарското Министерство за надворешни работи. Како што јави дописникот на МИА од Софија, бугарското Министерство наведува дека во најголем дел тие се во многу тешка ситуација, како резултат на „конзистентната политика на дебугаризација во минатото на територијата на денешна Република Северна Македонија“ и дека постојано се обраќа за помош до властите во Скопје, „кои знаат дека ова е едно од болните…

Read More

За сите шест точки од билатералниот протокол меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија, произлезени од самиот во Брдо, постои простор за изнаоѓање на решение и навистина би било жално ако ја пропуштиме оваа шанса, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи во вечерашното интервју за телевизија „Канал 5“. Тој информира дека во моментов Владата работи на одговор на предлогот-решенијата на Софија во однос на петте прашања, но претходно треба да се состане Историската комисија. Османи не кажа конкретно дали кон крајот на месецов и почетокот на ноември ќе се потпише протоколот со Бугарија. – Доколку се постигне договор за…

Read More

Забрана за сообраќај на автомобили и јавен превоз од еден часот по полноќ до осум часот наутро на два булевари во Атина, затворени државните служби, градинки и училишта во Атика, охрабрување приватниот сектор да работи од дома, се превентивните мерки што вечерва ги соопшти министерот за климатска криза и цивилна заштита на Грција Христос Стилијанидис по одржаниот вонреден состанок за ситуацијата со невремето што ја зафати земјата, јави дописничката на МИА од Атина. Стилијанидис рече дека постојат „сериозни метеоролошки индикации дека ќе има влошување на опасниот временски феномен, во периодот од три до шест часот наутро особено во областа Атика“,…

Read More

Меѓународната скијачка федерација (ФИС) им даде „зелено светло“ на организаторите на велеслаломските трки со кои на 23 и 24 октомври во австриски Золден и официјално ќе почне новата сезона од Светскиот куп во алпско скијање. На патеката Ретебах денеска беше извршена снежна контрола по што е потврдено дека на 23 овој месец ќе биде одржана велеслаломската трка во женска конкуренција, а ден подоцна и машката трка во велеслалом. – На една недела пред стартот можеме да потврдиме дека патеката е во добра состојба и до сабота имаме време да ги искористиме идеалните услови за тренинг со другите нации. Одговорните за…

Read More

Преку подводен кабел што ќе пренесува зелена енергија, електрично ќе се поврзат Грција и Египет, по Меморандумот за разбирање што денеска го потпишаа министрите за животна средина и енергија на двете земји, Костас Скрекас и Мохамед Шакер, јави дописничката на МИА од Атина. Од Министерството за животна средина и енергија на Грција соопштија дека електричното поврзување ќе биде прво во регионот на Југоисточниот Медитеран и е проект со повеќе придобивки, меѓу кои и дополнително надградување на стратешкиот однос меѓу Грција и Египет, со создавање на заедничко, витално поле на економска соработка; зајакнување на енергетската безбедност на земјата; зголемување на употребата…

Read More

СДСМ и Коалицијата денеска своите изборни активности на карванот „Најдоброто за мојата општина“ ги продолжи меѓу граѓаните на Чучер Сандево, Бутел, Гази Баба и Велес. На 17-ти октомври победуваме, победува Гази Баба, победува Скопје, победува најдоброто во целата држава, наша татковина, порача вечерва од Гази Баба претседателот на СДСМ Зоран Заев. Тој најави победа на локалните избори уште во првиот изборен круг. – И еве вечерва од Гази Баба да ја испратиме и првата проценка за 17-ти октомври на изборите, нашиот политички противник ќе победи во првиот круг во 6 општини, ќе добијат 6 градоначалници, а коалицијата на чело со…

Read More

КФОР е целосно фокусиран на спроведување на својот мандат, со цел да продолжи да овозможува безбедна средина и слобода на движење за сите заедници во Косово и да ја поддржи имплементацијата на неодамнешниот аранжман Белград-Приштина за деескалација  во северниот дел на Косово. Тоа е одговорот што го даде неименуван функционер од НАТО за српската агенција Бета, а како коментар на повикот на српската премиерка Ана Брнабиќ, упатен до меѓународната заедница, НАТО и КФОР веднаш да реагираат на „акцијата на косовската полиција против српското цивилно население во Косово“. – Косовската полиција започна операција за спроведување на законот во Косово. Мисијата КФОР…

Read More

Австралиската маратонска пливачка Клои МекКардел по 44. пат го преплива Ла Манш и постави нов светски рекорд за кој и беа потребни 12 години, повеќе од 450 часови минати во студени води и најмалку 1.5 милиони завеслаи. Досегашната рекордерка беше Британката Алисон Стритер, а рекордот за пливачи од 34 препливувања на каналот, кој ја дели Англија од Франција, 36-годишната МекКардел го собори минатата година. МекКардел, која ги совлада вештините на пливањето дури на 11 годишна возраст, а со 19 години одлучи да се посвети на маратонското пливање, повеќе пати досега во кариерата двојно го преплива Ла Манш, а има и еден трикратен подвиг, кога во морето мина…

Read More

СДСМ и Коалицијата денеска своите изборни активности на карванот „Најдоброто за мојата општина“ ги продолжи меѓу граѓаните на Крива Паланка, Кратово, Ранковце, како и во скопската општина Аеродром, каде ги промовираше кандидатите за градоначалници. Главниот митинг се одржа во Крива Паланка. Секој ден врне, нека врне, есента со дожд ја личи и во недела ќе врнат гласови, ама за бројот 12 бидејќи сме на пет дена до локалните избори,  а вие знаете дека до пред само четири години имавте паша, а градот беше негов пашалак, затоа му покажавте црвен картон, па со Борјанчо Мицевски постигнавме напредок, што со посветенот и…

Read More

ДУИ предизборната кампања ја продолжи во Струга, каде го презентираше кандидатот за градоначалник на оваа општина Рамиз Мерко, листата на кандидати за советници предводена од Арбреша Влаши, како и изборната програма за Струга. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети изрази максимална поддршка за кандидатурата на Мерко. – Овој е мандат што се совпаѓа и е дел од Поглавјето што ја регулира животната средина, што истота се совпаѓа со нашата агенда, Зелената агенда за почиста средина и поквалитетен живот. Почитувани, овој е мандат во кој ќе го реализираме Коридорот 8 што ги поврзува Скопје, Драч и Приштина. Кои се тие што ќе…

Read More

Актуелниот лидер во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) Шкупи, идниот месец, ќе одигра пријателски натпревар против турскиот гигант Бешикташ на гостински терен. Шкупи гостувањето во Истанбул на 11 ноември и дуелот против 21-иот турски шампион го најави вечерва со пригодно видео на социјалните мрежи. По девет одиграни натпревари во ПМФЛ, Шкупи води на табелата со 20 бодови, два повеќе од второпласираната Ренова, додека Бешикташ по осмото коло во турската Суперлига е третопласиран со 17 бодови, два помалку од лидерот Фенербахче.

Read More