Author: НОВА ТВ

Еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон денеска повика посериозно да се сфатат безбедносните закани што можат да произлезат од миграцијата од Авганистан. – Според мене, во однос на терористичката закана што произлегува од Авганистан, нивото на загриженост не е доволно високо. Со сигурност мора да го подигнеме, рече Јохансон. Таа ја даде изјавата во Луксембург по состанокот на Советот за внатрешни работи на ЕУ. Јохансон, исто така, ги повика земјите-членки на ЕУ да ги проверат и регистрираат сите што пристигнуваат од Авганистан. Во исто време, изрази загриженост за „огромниот ризик Ал Каеда повторно да се појави во Авганистан“.

Read More

Вкупно седум милитанти на Исламската држава се приведени во Авганистан поради подготовка на напади во провинцијата Хост, соопшти вечерва гувернерот на провинцијата Мохамад Наби Омари. – Талибанските борци приведоа седум борци на ИД кои планираа терористички напади во провинцијата Хост. За време на сослушувањето, тие дадоа важни признанија, изјави гувернерот, цитиран од катарската телевизија Ал Џезира. Во експлозија во џамија во југоисточната авганистанска провинција Хост минатата среда загина едно лице, а 14 беа повредени. Одговорноста за нападот ја презедоа екстремистите од ИД.

Read More

Најмалку две лица загинаа денеска при пукање во станбена зграда во која живеат постари граѓани во Мериленд, во близина на Вашингтон, а еден осомничен е во притвор, соопшти локалната полиција. Пукањето се случило утрово околу 9.15 часот, а полицијата првично соопшти дека трага по други жртви или осомничени и оти луѓето треба да се засолнат, но подоцна на Твитер објави дека еден осомничен е во притвор и оти нема закана за заедницата. Пред апсењето, едно училиште во близина било привремено затворено како мерка на претпазливост. Селото Геjтавеј ја опишува зградата на својата веб-страница како станбен комплекс лоциран на околу осум…

Read More

Канцеларијата на Обединетите нации за човекови права им ја честиташе на Марија Реси и Дмитриј Муратов Нобеловата награда за мир, наведувајќи дека тоа е „признание за важноста на работата на новинарите во најтешките околности“. – Со текот на годините, забележавме зголемување на бројот на напади врз новинари, а исто така и за време на пандемијата на Ковид-19, рече портпаролката на канцеларијата Равина Шамдасани на брифинг во Женева. – Мислам дека зборувам во име на Високата комесарка (Мишел Бачелет) кога велам дека им честитам на сите новинари кои ја работат својата работа за да не информираат и да ги засилат гласовите…

Read More

Полицијата уапси двајца фалсификатори од Камерун кои се обиделе да внесат скоро милион фалсификувани евра на скопскиот аеродром, пренесе МИА, повикувајќи се на извори од истрагата. Фалсификаторите во Скопје допатувале од Милано. Од МВР го потврдуваат апсењето на фалсификаторите односно дека Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал работи на случајот во координација со Јавното обвинителство, а детална информација најавуваат за утре.

Read More

Поранешниот советски лидер и добитник на Нобеловата награда за мир, Михаил Горбачов изјави дека годинашната награда, доделена на новинарите Марија Реса и Дмитриј Муратов, е „добра вест“ за светскиот печат. – Ова е добра, многу добра вест. Оваа награда ја крева важноста на печатот во современиот свет до големи височини, рече тој. Дмитриј Муратов, главен и одговорен уредник на водечкиот весник „Новаја газета“, рече дека повеќе би сакал наградата да ја добиеше главниот критичар на Кремљ, Алексеј Навални. По доделувањето на наградата, генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш повика на глобални напори за заштита на слободниот печат со честитки за…

Read More

Директорот на хрватската полиција Никола Милина денеска соопшти дека тројца полицајци кои учествувале во насилството врз мигранти на границата со БиХ, се отстранети од работното место и против нив се води дисциплинска постапка. Тој истакна дека работната група, формирана откако во медиумите беше објавена видео снимка, на која се гледа како маскирани лица со делови од полициска опрема ги тепаат мигрантите, открила дека станува збор за припадници на интервентна полиција. Нивното однесување е оценето како тешка повреда на службената должност, која сериозно го нарушува угледот на полицијата. Засега е утврдено дека станува збор за тројца полицајци кои „постапиле“ во работно…

Read More

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција денеска до Кривичниот суд во Скопје поднесе обвинение против поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски и уште шест лица за злоупотреба на службената положба и овластување при спроведување јавни набавки на софтвер. – Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска до Основниот кривичен суд – Скопје поднесе Обвинителен акт против седум лица кои се товарат за „Злоупотреба на службената положба и овластување“ при спроведување на четири постапки за јавна набавка за Систем за биометриска идентификација, Софтвер за определување на просечна брзина на возила во сообраќајот и…

Read More

СДСМ и Коалицијата вечерва карванот „Најдоброто за мојата општина“ го одржа меѓу граѓаните на Штип, Радовиш и Неготино. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев од Штип кажа дека дел од клучните проекти за градот се обнова на главната водоводна дистрибутивна мрежа, гасификација, и обиколница „Запад“. Тој кажа дека имаат проекти кои го унапредуваат квалитетот на живот и европските стандарди ги носат дома, во нашата држава, во нашите општини. Заев кажа дека гасификацијата на општините ќе придонесе за заштита на природата и поевтин енергенс за сите и најави дека во Штип следува изградба на секундарна гасификациска мрежа. – Изминатите четири години ги…

Read More

ДУИ изборната кампања ја продолжи со претставување на кандидатот за градоначалник на Желино Фатмир Изаири, листата на кандидати за советници на чело со Шевал Сулејмани и изборната програма за промена и развој во Желино. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети пред граѓаните го поддржа кандидатот Фатмир Изаири, а на тоа претходела неговата веќе докажана работа во времето кога тој беше на чело на оваа општина. – Со ова советничка листа на чело со Шевал, има момчиња и девојчиња кои ќе бидат од голема помош за Фатмир во донесувањето важни одлуки и проекти за општината. По Охридскиот договор, најважната и најприоритетна агенда…

Read More

Лидерот на германските конзервативци Армин Лашет денеска ја најави својата оставка од раководството на ЦДУ, по катастрофалните резултати на неговата партија ЦДУ на парламентарните избори во септември, на кои беше кандидат за канцелар. -Многу брзо ќе се справиме со прашањето за новиот тим на ЦДУ, рече тој во Берлин, ослабен под притисок на изборниот пораз. Помалку од една година откако го презеде раководството на партијата од Ангела Меркел, Лашет кажа дека ќе се обиде да одржи конгрес на ЦДУ на кој ќе се одлучува за иднината и реорганизацијата на лидерството. -Од повлекувањето на Ангела Меркел од претседателската функција, имаме постојана…

Read More

Кандидатот за градоначалник на Општина Куманово од ВМРО-ДПМНЕ, Тони Михајловски е позитивен на Ковид – 19. Ова тој сам го објави на социјалната мрежа „Фејсбук“. Тој вели дека и покрај тоа што се вакцинирал вакцинирал и ги почитувал мерките за заштита, сепак се заразил. – Мојот тим е на терен и работи за да ја донесеме долго очекуваната и заслужена промена во Куманово, напиша Михајловски на „Фејсбук“.

Read More