Еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон денеска повика посериозно да се сфатат безбедносните закани што можат да произлезат од миграцијата од Авганистан.

– Според мене, во однос на терористичката закана што произлегува од Авганистан, нивото на загриженост не е доволно високо. Со сигурност мора да го подигнеме, рече Јохансон.

Таа ја даде изјавата во Луксембург по состанокот на Советот за внатрешни работи на ЕУ. Јохансон, исто така, ги повика земјите-членки на ЕУ да ги проверат и регистрираат сите што пристигнуваат од Авганистан. Во исто време, изрази загриженост за „огромниот ризик Ал Каеда повторно да се појави во Авганистан“.