Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ
Албанскиот премиер Еди Рама, во првата реакција од Тирана, по Самитот ЕУ- Западен Балкан одржан во Брдо кај Крањ, во Словенија, рече дека вo EУ зборот проширување се користи сe помалку. -Мислам дека станува се појасно дека проширувањето и членството на Западен Балкан е сe помалку реторика на Европската унија. Проширувањето е збор кој се помалку се користи со страст и волја со која се користеше пред неколку години и нема сомнение дека на процесот на проширување ќе му треба повеќе време, затоа ЕУ треба да го вклучи Западен Балкан во заеднички дела, рече Рама на седмиот тирански форум за…
Зелените, кои се дел од владејачката коалиција заедно со Австриската народна партија, ја доведоа во прашање способноста на канцеларот Себастијан Курц да ја извршува функцијата шеф на владата во момент на истрага од обвинителството, објави Дојче веле. Обвинувањата за корупција упатени до австрискиот канцелар Себастијан Курц доведоа до сериозни поделби во владејачката коалиција, која ја вклучува конзервативната Австриска народна партија на Курц и Зелените. – Не можеме да преминеме на агендата. Во овие услови способноста на федералниот канцелар е доведена во прашање, изјави лидерот на Зелените, вицеканцеларот Вернер Коглер. Претходно, австриското обвинителство за борба против корупција (WKStA) потврди дека води…
Грчкиот Парламент со широко мнозинство го ратификуваше Договорот за одбранбена соработка со Франција
Со широко мнозинство и 191 глас „за“, грчкиот Парламент вечерва го ратификуваше Договорот за воспоставување стратешко партнерство за одбранбена и безбедносна соработка меѓу Франција и Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Договорот го поддржаа пратениците од владејачката Нова демократија и од опозициските Движење на промена и Грчко решение. Против беа 109 пратеници од СИРИЗА, Комунистичката партија и МЕРА25. Договорот за стратешко партнерство за одбранбена и безбедносна соработка, што пред десетина дена беше потпишан во Париз, меѓу другото ја вклучува и намерата на Грција за набавка на три модерни француски фрегати „Belharra“.
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски вечерва изјави дека како регулаторно тело ги презеле сите мерки за заштита на електроенергетскиот систем и дека постапката за одземање на лиценцата на „У повер“ е почната откако е добиен допис од МЕПСО за злоупотреба на балансираната енергија за комерцијални цели. – Преземавме мерки за да го заштитиме електроенергетскиот систем. Кон таков чекор се одлучивме откако МЕПСО ни испрати допис и алармираше за „У пауер“. Во август и половина на септември биле користени овие резерви за комерцијални потреби, истакна Бислимоски на гостувањето во централниот дневник на телевизија „Сител“. Посочи дека доколку се…
Советот за човекови права на Обединетите нации денеска се согласи да назначи специјален известувач за Авганистан, а неговата задача ќе биде да ги испита кршењата на човековите права од страна на талибанците и другите актери во конфликтот во оваа азиска земја. Британските медиуми јавија дека за резолуцијата гласаа 28 земји, пет беа против, меѓу кои Кина, Пакистан и Русија, а 14 беа воздржани. Специјалниот известувач за Авганистан ќе почне со работа во март и ќе биде поддржан од експерти на ОН за правни анализи, форензика и женски права, се наведува во резолуцијата на ОН. Високиот комесар на ОН за човекови…
Ден пред натпреварот против Лихтенштајн во рамки на мундијалските квалификации, селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски и играчот за врска Стефан Спировски ги изнесоа своите очекувања од дуелот во Вадуц. – Уверен сум дека фаворитската улога од која не бегаме ќе ја оправдаме и на утрешниот натпревар. Ќе бидам задоволен со победа, ама за да дојдеме до неа ќе ни биде потребна максимална концентрација, изјави селекторот Милевски. Од своја страна, Спировски во име на соиграчите најави максимална пожртвуваност за остварување на зацртаната цел и освојување на важни три бодови во трката за пласман на Мундијалот идната година во Катар.…
Претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли, преку Твитер побара последици за одлуката на полскиот Уставен суд да не го почитува приматот на ЕУ законите. Сасоли на социјалната мрежа напиша “денешната одлука во Полска не смее да остане без последици. Приматот на ЕУ законите мора да биде неспорен. Неговото прекршување значи предизвик за темелните принципи на нашата Унија. Ја повикуваме Европската комисија да ги преземе потребните чекори“. Today’s verdict in Poland cannot remain without consequences. The primacy of EU law must be undisputed. Violating it means challenging one of the founding principles of our Union. We call on the @EU_Commission to…
Студентски саем на книгата ќе се одржи во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје од 13 до 15 октомври. На саемот, како што најавуваат од НУБ „Св. Климент Охридски“, ќе може да се набават учебници/прирачници и друга стручна литература по саемски цени. По специјални цени ќе може да се набават и книги од книжевните класици како и современи белетристички дела од светски и домашни автори, а ќе се врши и зачленување на нови корисници.
СДСМ и Коалицијата вечерва централниот карван „Најдоброто за мојата општина“ го одржа меѓу граѓаните на Свети Николе и Пробиштип, а вториот карван го одржа во Ресен. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев од Пробиштип порача дека во изминатите четири години и на централно и на локално ниво СДСМ покажа што значи вистинска грижа за сите, заштита на достоинството на работниците, вреднување на работничкиот труд… Заев истакна дека СДСМ сите овие години е посветена на трајно искоренување на сиромаштијата. Тој кажа и дека изминатите четири години државата се развиваше и трга по вистинскиот евроатлантски пат, а меѓу европските вредности е и поголема…
ЕУ и Западен Балкан секогаш ќе бидат посилни заедно. Иако овој Самит не е исклучиво посветен само на проширувањето на ЕУ, сепак го отвора патот да се продолжи со разговорите кои ќе обезбедат спроведување на одлуките за проширување донесени во март минатата година. Се надевам дека во декември 2021 година ќе имаме вин-вин процес и исход, а не пораз-пораз. Сите ние тука имаме одговорност да го направиме ова. Ваквиот став го изнесе премиерот Зоран Заев на втората тематска сесија на Самитот на ЕУ за Западен Балкан во Брдо-Крањ во Република Словенија, посветен на проширувањето на ЕУ. Заев нагласи дека е многу…
Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров денеска објави дека официјална Москва предлага воспоставување нов формат на Кавказ, јави агенцијата Анадолија. Новиот формат ќе се состои од три кавкаски држави (Ерменија, Азербејџан и Грузија) и нивните три „големи соседи“ – Русија, Турција и Иран. Шефот на руската дипломатија, на прес-конференција по состанокот со својот ирански колега Хосеин Амирабдолахијан во Москва, рече дека форматот ќе се занимава со безбедносни прашања, деблокирање на економските и сообраќајните врски. Според него, позитивен став кон иницијативата изразиле Иран, Турција и Азербејџан. – Работиме со колеги од Ерменија. Се надеваме дека Грузија, и покрај сите…
Канцеларот на Австрија, Себастијан Курц и неговите најблиски соработници се осомничени дека со пари на даночните обврзници плаќале медиуми да објавуваат позитивни вести за Курц и за неговата партија Австриска народна партија (ОВП), соопшти денеска австриската Канцеларијата на државниот обвинител за економски прашања и корупција (ВКСТА). Според истражителите постои сомнение дека на агенциите за испитување на јавното мислење им се исплаќале средства од новото Министерство за финансии за „исклучиво партиски мотивирани, понекогаш наместени анкети“ во интерес на Курц. Покрај тоа, јавните пари биле исплаќани за рекламирање во еден медиум. Австрискиот весник „Дер Стандард“ претходно објави дека вредноста на договорот за…