Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ
МВР вчера продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје изречени се вкупно 149 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 52, 14 санкции за возење без возачка дозвола, 18 за управување под дејство на алкохол, шест мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, две санкции за користење на мобилен телефон и три санкции на минување на затворен сигнал – црвено светло. – Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме…
Меѓународната асоцијација за промоција на прифатлива и правична вакцинација во светот „Gavi Vaccine Alliance“, оцени дека појавата на новиот сој на коронавирусот – омикрон е показател за недостатокот на вакцини во многу делови од светот. Сè додека голем дел од светската популација е невакцинирана, вирусот може да мутира, продолжувајќи ја пандемијата, изјави вчера во Женева првиот човек на „ГАВИ“, Сет Беркли. -Ќе можеме да спречиме појава на варијанти само ако ги заштитиме сите во светот, не само богатите, додаде тој. Омикрон првпат беше откриен овој месец во Јужна Африка, каде стапката на целосно вакцинирани возрасни е помала од 36 проценти.…
Дополнителната, засилувачка доза од вакцината против коронавирусот веројатно ќе биде потребна секоја година, е мислењето на претседателот на Светската медицинска асоцијација, Франк Улрих Монтгомери, кое го истакна во интервју за весниците на германската медиумска група „Функе“. -Засилувачката доза на вакцината го зајакнува имунолошкиот систем. Но, не знаеме точно колку долго ќе трае пандемијата. Можеби вакцината треба да се дава секоја година, рече докторот. Монтгомери го поддржа воведувањето зелени сертификати за вакцинација со рок на важност што ќе истече во одреден момент доколку граѓанинот навреме не изврши ревакцинација. Првите вакцини против коронавирусот беа направени лани во декември во Германија, а граѓаните…
Вашингтонци ги наполнија трговските центри и молови вчера во текот на „Black friday“ и вечерта. Престолнината синоќа пулсираше во шопинг возбуда. Во екслузивните бутици на „Macy’s“ и во „Forever 21“ имаше турканици и редици. Сиот народ дојде да бара добри зделки, додека рестораните во новоизградениот кеј во округот Александрија, на новиот кеј на „Д варф“ од страната на Ди-си, и во Џорџтаун останаа полупразни. Најголемиот трговски центар во САД, пак, „Mall of America“, лоциран во сојузната држава Минесота, јави дека притокот на купувачи од сабајлето до затворање синоќа бил околу 100.000 луѓе, два пати повеќе од лани. Националната федерација на ритејлери прогнозира од 8.5 до 10.5…
Длабоко ме погоди веста за ненадејното и засекогаш заминување во вечноста на нашиот драг и долгогодишен соработник, почитуван новинар, политички аналитичар, и над сѐ, наш стар и омилен пријател, Тодор Пендаров, наведува претседателот на Собранието Талат Џафери изразувајќи сочувство за смртта на долгогодишниот новинар Пендаров, кој почина синоќа во Скопје. – Изразувам искрено сочувство од свое лично име, од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија и од име на собраниската служба, убеден дека споменот за неговиот лик, неговата позитивност и силна волја за живот ќе живее вечно низ ходниците на собраниската зграда. Неговата професионалност и богатото искуство…
Во исчекување на окрупнување на парламентарното мнозинство, во владејачката СДСМ почна постапката за кандидирање за претседател на партијата, откако социјалдемократите во петокот ја утврдија оставката на претседателот на партијата Зоран Заев и беа распишани внатрепартиски избори по пат на непосредно гласање, што ќе се одржат на 12 декември. ДУИ, пак, со став дека ги поддржува внатрепартиските избори на СДСМ но смета оти Заев треба да почека со оставката од премиерската функција и е против предвремени избори. Заменик-министерот за финансии и член на Извршниот одбор на СДСМ Димитар Ковачевски вчера изјави дека ќе се кандидира за лидер на партијата. – Во…
ДНК-профилите за идентификацијата на жртвите во автобуската несреќа во Бугарија, заедно со записници за испитување на осум сведоци, како и целокупната документација за автобусот од компанијата „Беса транс“ и Министерството за транспорт, вчера беа предадени на бугарските обвинители од страна на Јавното обвинителство за Република Северна Македонија. Државниот јавен обвините, Љубимир Јовески, на вчерашната прес-конфернеција со бугарските обвинители во Скопје, рече дека се обезбедуваат и други докази, а се продолжува и со сослушување на други лица кои може да дадат сознанија за расчистување на трагичниот настан. Јовески посочи дека во ОЈО Скопје е отворен предмет за „Беса транс“ и податоците…
Финансиска стимулација за матичните лекари ако над 70 отсто од нивните пациенти се вакцинираат, се предвидува со една од новите мерки која во вторник ќе и биде предложена на Владата, а која вчера ја најави министерот за здравство Венко Филипче. Тој посочи дека утре состанок ќе одржи Комисијата за заразни болести. – Истражувавме и изминативе два-три дена и ќе предложиме една нова мерка до Владата, а тоа е посебна стимулација за матичните лекари. Односно, матичните лекари да бидат финансиски стимулирани кога ќе надминат 70 проценти на вакцинација од вкупниот број на прикрепени пациенти да бидат наградени со 30 денари по пациент…
За православните христијански верници кои се водат според јулијанскиот календар денеска почнува шестнеделниот божикен пост. Постот ќе трае 40 дена, односно до Божик, 7 јануари, денот на раѓањето на Исус Христос. Бидејќи датумот на Божик не се менува, постот секоја година почнува на 28 ноември, а завршува на Бадник, 6 јануари. Христијанскиот пост е воведен по примерот на Исус Христос, кој 40 дена поминал во пустина во пост и молитва. Постот претставува духовна и телесна подготовка на човекот за влез во тајната на претстојниот празник. Божикниот пост е втор по должина на траење, веднаш по велигденскиот. Во однос на „строгоста“…
Времето ќе биде променливо облачно, попладне и до крајот на денот со врнежи од дожд кои особено во западните делови ќе бидат пообилни и поројни (над 20 л/м2 за 12 часа). На повисоките планини на северозапад врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува умерен до засилен, а повремено и силен ветер од јужен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Утринската температура ќе се движи од 3 до 8 степени, а дневната од 13 до 18 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно, а попладне и до крајот на денот ќе има врнежи од дожд. Утринската температура ќе…
На автопатот Велес – Скопје – Куманово при зајакната акциска контрола денеска се санкционирани 78 возачи кои возеле со брзина поголема од дозволената, информираат од Министерството за внатрешни работи. Од нив, 22 возилa се движелe со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Од МВР посочуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел заеднички придонес за побезбедни патишта.
Како последица на Ковид-19, денеска почина новинарот Тодор Пендаров. Тој во својата кариера долги години беше дописник за Радио Скопје од Љубљана на што беше особено горд во своите ТВ настапи и споделуваше искуства од напредната и организирана Словенија. Пендаров беше политички аналитичар и редовно гостуваше во ТВ дебати. Пендаров работеше и како советник за односи со јавност во Собранието уште во времето на Љубиша Ѓорѓиевски, а потоа продолжи и кај Трајко Вељановски и Талат Џафери.