Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

На „Black friday“ во „Mall of America“ дојдоа 100.000 купувачи, двојно повеќе од лани

0
By НОВА ТВ on November 28, 2021 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, November 28, 2021 09:09

Вашингтонци ги наполнија трговските центри и молови вчера во текот на „Black friday“ и вечерта. Престолнината синоќа пулсираше во шопинг возбуда. Во екслузивните бутици на „Macy’s“ и во „Forever 21“ имаше турканици и редици. Сиот народ дојде да бара добри зделки, додека рестораните во новоизградениот кеј во округот Александрија, на новиот кеј на „Д варф“ од страната на Ди-си, и во Џорџтаун останаа полупразни.  

Најголемиот трговски центар во САД, пак, „Mall of America“, лоциран во сојузната држава Минесота, јави дека притокот на купувачи од сабајлето до затворање синоќа бил околу 100.000 луѓе, два пати повеќе од лани.  

Националната федерација на ритејлери прогнозира од 8.5 до 10.5 отсто зголемени продажби за време на сезоната на празници во споредба со лани. 

Иако некои трговски ланци известија за намалена посетеност, тоа може да се компенизира со активноста на купувачите на интернет. Поради пандемијата, некои продавници беа затворени на Денот на благодарноста, но објавија дека ќе имаат добри попусти на интернет.  

Во изминатите години, сѐ повеќе Американци избираат да одат на шопинг од дома, поудобно и порелаксирано од пред своите компјутери и смартфони. Онлајн продажбте се очекува да пораснат за 10 отсто во споредба со лани. Да потсетиме дека продажбите под ова мото продложуваат викендов и во понеделник, за кога се најавени попусти на електронски уреди, компјутери, телефони и телевизори, познато и како „сајбер мандеј“. 

Од друга срана, аналитичката фирма „Alianz Research“, прогнозира дека детските играчки, облеката, белата техника и телевизорите оваа сезона ќе бидат поскапи за пет до 17 отсто споредбено со лани.  

Историски, петокот после Денот на благодарноста започнал да се нарекува „црн“ во 1950-те години, така полицијата од Филаделфија го опишувала хаосот што бил предизвикан следниот ден. Тогаш, колони автомобили со купувачи и посетители пристигале во центарт на градот на шопинг и да го гледаат фудбалскиот натпревар меѓу армијата и морнарицата што се оддржувал во сабота.  

Притоа, се создавале такви сообраќајни метежи што полицајците од Филаделфија немало шанса да добијат сло боден ден и дежурале во неколку смени, зафатени со контрола на толпите и метежот, така, тој ден за нив станал „црн петок“. Оттогаш, терминот се одомаќил за опишување на иницијативата на ритејлерите да привлечат масовно купувачи со намалени цени, а на почетокот на празничната сезона.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Земјотрес во Италија почувствуван во неколку европски земји

March 10, 2026

Австралија им даде азил на пет ирански фудбалерки

March 10, 2026

Партијата на Орбан поднесе предлог закон за задржување на конфискуваните украински пари и злато

March 9, 2026

Белгија: Експлозија пред синагога

March 9, 2026

Трамп: САД официјално ја признаа актуелната влада на Венецуела за легитимна

March 8, 2026
ФОКУС
March 10, 2026Updated:March 10, 2026

„Магичната флејта на Вулфи“ од Тина Иванова – в сабота во Филхармонија премиерно и на концерт за деца 

ВЕСТИ March 10, 2026

В сабота на На 14 март со почеток во 12 часот, Македонската филхармонија ќе одржи…

Првиот нафтен ценовен шок – дизелот скокна за 14,50 денари, а бензинот за 5

March 9, 2026

Сведоштво: Прскалките кои предизвикаа пожар биле купени од Бит Пазар

March 9, 2026

Техеран: Новиот врховен лидер на Иран му испртати порака на Израел напишана на ракета

March 9, 2026
ТИКЕР

Земјотрес во Италија почувствуван во неколку европски земји

March 10, 2026

Австралија им даде азил на пет ирански фудбалерки

March 10, 2026

Партијата на Орбан поднесе предлог закон за задржување на конфискуваните украински пари и злато

March 9, 2026

Белгија: Експлозија пред синагога

March 9, 2026

Трамп: САД официјално ја признаа актуелната влада на Венецуела за легитимна

March 8, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.