Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ
Добро е што Европската Унија се обидува повторно да се фокусира на Западниот Балкан и при тоа го држи во фокусот на фокусот нашето прашање, вели претседателот Стево Пендаровски во интервју за МИА во однос на Самитот ЕУ- Западен Балкан во Брдо кај Крањ во Словенија. Во интервјуто дадено за МИА во Атина паралелно со одржувањето на Самитот во Словенија, шефот на државата коментира дали и колку се важни ваквите иницијативи за надминување на бугарската блокада и отворање на патот кон одржување на првата меѓувладина конференција. – Во овој случај не станува збор за некоја посебна иницијатива, станува збор за…
Премиерот Зоран Заев очекува до крајот на годинава да добиеме позитивна одлука и одржување на првата меѓувладина конфернеција, а во однос на бугарската блокада вели дека од македонската страна постои подготвеност за решавање на споровите. – Јас уште пред да заминеме овде за Словенија, дома кажав и вчера и завчера, дека ова е Самит на кој што Европската Унија треба уште еднаш да ги реафирмира преку усвоената декларација заложбите за проширувањето и за интеграциите на Западен Балкан во ЕУ. Секако посебно фокусот е кон Северна Македонија, затоа што ова билатерално прашање со Бугарија навистина е нешто коешто ги поврзува и…
Нашите партнери од Западен Балкан преземаат важни реформи и видлив е нивниот напредок, но сега Европската Унија е на ред да испорача. Неотворањето преговори со Северна Македонија и Албанија го загрозува нашиот кредибилитет и поддршка во регионот, изјави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, на заедничката прес-конференција со претседателот на Советот на ЕУ Шарл Мишел и премиерот на Словенија Јанез Јанша, по завршувањето на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брдо кај Крањ. – Важно е да се знае дека Европската комисија работи интензивно за да се пронајдат клучните прашања во билатералниот спор меѓу Северна Македонија и Бугарија, тоа…
Шведска нема да ја користи вакцината на „Модерна“ против Ковид-19 за луѓе родени во 1991 година и порано, по извештаите за можни ретки несакани ефекти како што е миокардитис, објави денеска Институтот за јавно здравје. Шведскиот институт соопшти дека податоците укажуваат на поголема инциденца на миокардитис (воспаление на срцевиот мускул) и перикардитис (воспаление на слузницата на срцето) кај младите луѓе кои биле вакцинирани. „Врската е особено јасна во случајот со вакцината на Модерна, особено по втората доза“, се вели во соопштението. Сепак, се додава дека ризикот од миокардитис и перикардитис е многу мал. Институтот сега за оваа возрасна група ја…
Чекорите и блокадите што ги презема бугарскиот преседател Румен Радев во името на Бугарија се навреда за македонските граѓани, изјави денеска премиерот Зоран Заев во Брдо кај Крањ, каде присуствува на Самитот ЕУ – Западен Балкан. Заев нагласи дека не е нова вест оти за нас е прифатливо во духот на европските добрососедски односи да ги интензивираме разговорите со Бугарија. – Ние велиме да, можеме и мораме. Двете страни, веднаш по изборите во Бугарија и во Северна Македонија, како што ни прилега со искрена политичка волја да преземеме одлучни чекори за решавање на отворените прашања. Но, исто така не е…
СДСМ и Коалицијата вечерва централниот карван „Најдоброто за мојата општина“ го одржа меѓу граѓаните на Петровец и Илинден, а на централниот настан го одржа во Аеродром. Вториот карван на СДСМ и Коалицијата беше во Гази Баба. Во овие четири години постојано инвестираме во издржани, реални младински политики за младите да останат овде и овде да ја градат својата иднина, а следните четири години ги посветуваме на младиот човек, порача претседателот на СДСМ Зоран Заев на трибина во Аеродром. Тој пред присутните најави нова мерка која ќе донесе дополнителна мотивација секој млад човек да тргне на работа. Станува збор за плаќање…
Апликацијата „Телеграм“ вчера доби повеќе од 70 милиони нови корисници благодарение на шестчасовната блокада на „Фејсбук“ и услугите за пораки како што се „ВатсАп“, „Инстаграм“ и „Месинџер“, изјави денеска нејзиниот основач Павел Дуров. „Фејсбук“ ја припишува блокадата на „погрешната промена на конфигурацијата“, што спречи 3,5 милијарди нивни корисници да пристапат до услугите „ВатсАп“, „Инстаграм“ и „Месинџер“. Проблемот предизвика глобален пад на системот што траеше повеќе од шест часа. – Дневната стапка на раст на Телеграм ги надмина сите очекувања. Ги пречекавме бегалците од други платформи, над 70 милиони од нив за еден ден, напиша Дуров на својот канал на „Телеграм“.…
ДУИ на денешниот митинг во општина Теарце ја продолжи предизборната кампања преку презентирање на кандидатот за градоначалник на оваа општина Нухи Незири, листата на кандидати за советници предводена од Бесник Османи и нивната програма за работа за четиригодишниот мандат Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во својот говор рече дека Нухи Незири ќе ја има целата поддршка од ДУИ кон победата и продолжувањето на развојот на Теарце. Тој, исто така, ја нагласи важноста на спроведување на проектите на зелената агенда за унапредување на животниот стандард на граѓаните и зачувување на природните ресурси што ги поседуваме. – Не двоумете се, како што…
Кандидатот за градоначалник на Прилеп Горан Сугарески од СДСМ во дебата на Телма истакна дека во однос на инфраструктурата, во програмата е предвидено уредување на влезовите во градот Прилеп. Еден од нив потсети тој е веќе реализиран уште кога беше министер за транспорт. Доплнително се предвидува еден кружен тек кај автобуската станица, уредување на булеварите и предвидувам еден силен проект, а тоа е семеен парк кој му недостига на Прилеп, рече Сугарески. – Мислам дека улиците во должина од 50 или сто метри кои не се асфалтираат треба веднаш во првата или втората година од мандатот да се решат за…
Владата на денешната 109-та редовна седница ја разгледа и усвои Стратегијата за градење отпорност и справување со хибридни закани и придружниот Акциски план. – Целта на оваа стратегија е создавање заедничка свест за природата на хибридните закани, мапирање на обврските и носителите, идентификување на начините за делување, како и креирање ресурси за градење национална отпорност со ангажирање на целокупното општество (whole – of – society approach), што подразбира и изградба на општество подготвено за рана детекција, за одговор и брзо заздравување, со учество на сите релевантни чинители во справувањето со хибридните закани, информираа од Влада.
Утврдени се текстовите на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за личното име, на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за патните исправи на државјаните на Република Северна Македонија, на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за пријавување на живеалиштето и престојувалиштето на граѓаните, на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за личната карта, на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за државјанството на Република Северна Македонија, и на Предлог-законот за дополнување на Законот за матичен број, коишто се во надлежност на Министерство за внатрешни работи, соопштија од Влада, по денешната 109-та редовна седница. Станува…
Американските сенатори со писмо го повикаа претседателот Џо Бајден да протера 300 руски дипломати од САД, доколку Москва не издаде повеќе визи за американските дипломати во Русија. Предлогот на лидерите на Комисијата за надворешни работи и разузнавање на Сенатот, демократите Боб Менендез и Марк Ворнер и републиканците Џим Риш и Марк Руби, може да биде вовед за поостра ескалација на актуелниот спор меѓу персоналот на амбасадите, во време на тензии меѓу Вашингтон и Москва. Русија во август и забрани на американската амбасада во Москва да задржува, вработува персонал од трета земја, освен чувари, принудувајќи ја мисијата да отпушти 182 вработени…