Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ахмети од Теарце: Ние никогаш не го разочаравме електоратот

0
By НОВА ТВ on October 5, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, October 5, 2021 22:41

ДУИ на денешниот митинг во општина Теарце ја продолжи предизборната кампања преку презентирање на кандидатот за градоначалник на оваа општина Нухи Незири, листата на кандидати за советници предводена од Бесник Османи и нивната програма за работа за четиригодишниот мандат

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во својот говор рече дека Нухи Незири ќе ја има целата поддршка од ДУИ кон победата и продолжувањето на развојот на Теарце. Тој, исто така, ја нагласи важноста на спроведување на проектите на зелената агенда за унапредување на животниот стандард на граѓаните и зачувување на природните ресурси што ги поседуваме.

– Не двоумете се, како што рече и Нухи, да ги убедите оние што не се во нашите редови, бидејќи ние што сме тука сме сите заедно, но има и други. Имате за што да зборувате, имате што да им кажете на луѓето за тоа што сме го направиле и што ќе го направиме. Ние никогаш не го разочаравме електоратот и најголемиот оценител дека не го разочаравме електоратот, не ги разочаравме граѓаните се победите 18 години по ред без пораз во сите изборни циклуси. Веќе 18 години инвестирав во развојот на кадрите бидејќи кога се има кадар работите ќе одат на подобро. Ви кажувам како брат, јас бев различен во 2002, 2004, 2006 и 2008 година, денес сум поинаков бидејќи се чувствувам навистина горд лидер затоа што нашите кадри не не срамат, туку не прават горди, на меѓународни конференции. Затоа на 17 октомври се гласа за кадри,  за континуитет, исто така, се гласа за иднината, рече Ахмети.

Груби нагласи дека секоја работа што ја започнува ДУИ се завршува во целост, во 100% од нив, набројувајќи ги достигнувањата што го носат печатот на ДУИ и изрази максимална поддршка од целата извршна власт за кандидатурата на Нухи Незири и неговите проекти од програмата.

– Нухиу ја претстави својата програма пред вас и ќе ја презентира во следните 12 дена до 17 октомври кога заедно со вашите семејства, заедно со вашите најблиски, заедно во секоја населба од општина Теарце ќе го заокружите бројот 13 за Демократската Унија за Интеграција и Нухи Незири. Но Нухи Незири не е сам, не ја има само поддршката на општина Теарце, на огранокот во Теарце, на носителот на листата, туку и на сите нас во извршната власт кои со добиена насока од Али Ахмети мора да застанеме зад секое ветување на Нухи Незири за општина Теарце, рече Груби.

Кандидатот за градоначалник на Теарце, Нухи Незири ги наведе целите и проектите на неговата работна програма кои се негов приоритет откако ќе ја добие довербата од граѓаните да ја води општина Теарце.

– Честопати ме прашуваа зошто одлучив да се кандидирам за градоначалник. Со убедување велам дека функцијата Градоначалник не ја гледам како функција, туку како служба. Не ја гледам како привилегија, туку како должност и обврска. Тоа го гледам како заедничка работа и посветеност за општиот интерес. Мојата куќа е во Теарце, секогаш со отворени врати за сите жители кои имаат какви било проблеми за решавање. Мојот телефон е отворен за секого. Дури и во новата улога во општината, ќе ме обврзете не само да продолжам да бидам отворен, туку и да бидам поангажиран во решавањето на проблемите со кои ќе се соочите, рече Незири.

Носителот на листата на советници на ДУИ за општина Теарце, Бесник Османи им се заблагодари на граѓаните на Теарце за дадената поддршка и неговото именување го оцени како одговорност за работа со посветеност и транспарентност.

– Се обврзувам дека заедно со градоначалникот ќе бидеме неразделен бином за реализација на барањата и потребите на секој граѓанин кој гравитира и живее во општина Теарце, без оглед на локацијата или политичката ориентираност. Од денес ние без двоумење мора да бараме глас и поддршка за Демократската Унија за Интеграција. Мора да го побараме овој глас бидејќи сме докажале дека имаме капацитет, знаење и храброст да ги водиме процесите напред и во вистинска насока, рече Османи.

ДУИ утре ќе ја продолжи предизборната кампања во Боговиње.

ДУИ избори кампања
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
shortcut
ФОКУС
August 1, 2026

Илинден 1903 – АСНОМ 1944

ВЕСТИ August 1, 2026

Илинден или Ден на Св. Илија – голем македонски национален и православен празник, кој се одбележува на 2 август. Илинден има посебно значење за историјата на македонскиот…

Девет мртви – четири деца: Русија пак го нападна Кијив

August 1, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

July 29, 2026

Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

July 29, 2026
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.