Владата на денешната 109-та редовна седница ја разгледа и усвои Стратегијата за градење отпорност и справување со хибридни закани и придружниот Акциски план.

– Целта на оваа стратегија е создавање заедничка свест за природата на хибридните закани, мапирање на обврските и носителите, идентификување на начините за делување, како и креирање ресурси за градење национална отпорност со ангажирање на целокупното општество (whole – of – society approach), што подразбира и изградба на општество подготвено за рана детекција, за одговор и брзо заздравување, со учество на сите релевантни чинители во справувањето со хибридните закани, информираа од Влада.