Author: НОВА ТВ

Прекин на водоснабдувањето денеска од 15:50 часот имаат корисниците поврзани на старата водоводна мрежа во населбата Пинтија. ЈП „Водовод и Канализација“ – Скопје информира дека прекин на водоснабдувањето е поради реконструкција на водоводна мрежа ф-80 милиметри на булевар „Борис Трајковски“ бб.

Read More

Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, без струја утре ќе бидат дел од корисниците од општините Гази Баба и Сарај, додека прекин на водоснабдувањето утре ќе имаат дел од корисниците од општина Карпош. Во период од 07:45 до 15:30 часот без струја ќе бидат корисниците од улица „Палмиро Таљати“, улиците „Маџари“ и „Маџари“ 3, во Општина Гази Баба. Без струја од 09:00 до 13:00 ќе бидат дел од корисниците од село Шишево во општина Сарај. Прекин на водоснабдувањето утре од 09:00 часот ќе имаат корисниците на дел од улиците „Борка Талевски“ и „Атинска“ во општина Карпош. Корисниците ќе бидат без…

Read More

Вечерва овде од градот на конзулите, заедно со нашите кандидати за градоначалници, ја бараме вашата поддршка – на престојаните локални избори да направиме уште еден чекор напред, да го избереме најдоброто за секоја општина, порача вечерва претседателот на СДСМ Зоран Заев на промоцијата на кандидатите за градоначалници, во Битола. Заев истакна дека СДСМ преку Владата и институциите во овие четири години постави стандарди на одговорно и отчетно управување со државата. – Ја развиваме државата на меѓународен план, ги развиваме општините на домашен план, го унапредуваме квалитетот на живот, расте животниот стандард. Земјата заедно ја поставивме во вистинскиот правец. Патот е…

Read More

Кандидатот за градоначалник на Охрид на ВМРО – ДПМНЕ, Кирил Пецаков, на своите сограѓани им вети максимално вложување и борба против нови дивоградби и диивеење во урбанизмот. Тој најавува нови паркови. – Не смее веќе зеленилото да се заменува со бетон. Нови паркови, нови велосипедски патеки, пристапни влезови, зелен и хуман град. Зголемување на зеленилото и зелените појаси и подигнување на еколошката свест. Сето тоа со: нов парк и проширување на зелената зона на потегот од споменикот на „Ден Долард“ до каналот Студенчишта, велосипедска патека Охрид-Свети Стефан, рече Пецаков.

Read More

ВМРО – ДПМНЕ гарантира 14.835 проекти за успешна Макеоднија. Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој изборната кампања за локалните избори ја почна од Охрид, рече дека од овие локални избори ќе зависат многу работи поврзани со иднината на Македонија. – Гарантираме изградба за реалните буквално потреби на граѓаните. Ветуваме изградба и реконструкција на 2.000 улици низ цела држава. Градба или реконструкција на 100 градинки, 150 училишта. Инвестиции во животната средина и градба на нови 150 паркови. Инвестиции во 60 објекти на културата, 90 спортски сали за младите. Гасификација за понапредни општини и многу, многу други конкретни дела, рече Мицкоски.

Read More

Стартуваме во победничка Битола, ИЕ 5 каде што навистина ја имаме најдобрата понуда. Луѓе од доверба, луѓе кои работат посветено и не само тоа, луѓе кои исклучиво ќе служат на граѓаните. Овде во Битола победуваме со Христо, во Охрид со Константин, во Струга со Димче, во Ресен со Живко, во Демир Хисар со Стевче, во Крушево со Томе, во Долнени со Аднан, во Вевчани со Сашо, во Маврово и Ростуша со Медат, во Кривогаштани со Николче, во Дебрца со Игор. Во Кичево, Дебар, Центар Жупа и Пласница ја имаме најдобрите кандидати за советници во овие општини, рече потпретседателката на СДСМ,…

Read More

Во првата изборна единица СДСМ и Коалицијата ја имаат најдобрата понуда за градоначалници на Град Скопје – Петре, на Центар – Горан, на Карпош – Душко, на Аеродром – Александар, на Кисела Вода – Филип, на Сопиште – Сашо, за Македонски Брод – Живко, ја имаме и најдобрата понуда на листи за советници во Сарај, Чаир и Студеничани. Ова се нашите најдобри кандидати. Тие знаат како да ги развиваат општините и градот Скопје, рече заменик – претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска од Битола. –  Ние ја имаме најдобрата понуда, затоа што имаме јасен план и визија. За секое маало, за…

Read More

Битола ја замислувам како развиена и перспективна општина во која вреди да се живее, да се работи и создава, тука да се основа семејство, да се твори и спокојно да се старее, град полн со живот, чист и раздвижен, економски развиен, урбанистички современ, инфраструктурно обновен, истакна на вечерашната промоција во Битола кандидатот на СДСМ и Коалицијата за градоначалник на Битола Христо Кондовски. Тој нагласи дека ја има досега најдобрата локална изборна програма, која извира од реалните потреби на граѓаните и потребата за севкупен локален развој, не само на градот туку и на руралните области во општината. Кондовски пред граѓаните ја…

Read More

Утрово при пукање во Менхетен застрелани се пет лица, соопшти њујоршката полиција. Полицајците биле сведоци кога напаѓачот застрелал четири лица околу 4 часот изутрина. По ова, полицијата го застрелала осомниченото лице кој е префрлен во болница со полесни повреди. Станува збор за 30 – годишен маж кој отворил оган, а мотивот сè уште не е познат.

Read More

Американскиот претседател Џо Бајден денеска ја прими третата доза од вакцината против Ковид-19, со надеж дека со тоа ќе им даде силен пример на Американците да ја прифатат дополнителната доза, додека некои од нив допрва треба да ја примат дури и првата. Во САД, минатата недела беше одобрена третата доза на Фајзер / БиоНТек за сите лица над 65-годишна возраст, оние кои се повеќе изложени на вирусот поради природата на работата и лицата на возраст од 18 до 64 години со фактори на ризик за развивање на посериозна форма на болеста. Бајден (78) првата доза ја доби на 21 декември…

Read More

Во засилена полициска акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на територија на СВР Велес, биле санкционирани 32 возачи, информира МВР. Од нив 16 на територија на Велес, 10 на територија на Кавадарци, шест на територија на Неготино. -Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.

Read More