Кандидатот за градоначалник на Охрид на ВМРО – ДПМНЕ, Кирил Пецаков, на своите сограѓани им вети максимално вложување и борба против нови дивоградби и диивеење во урбанизмот. Тој најавува нови паркови.

– Не смее веќе зеленилото да се заменува со бетон. Нови паркови, нови велосипедски патеки, пристапни влезови, зелен и хуман град. Зголемување на зеленилото и зелените појаси и подигнување на еколошката свест. Сето тоа со: нов парк и проширување на зелената зона на потегот од споменикот на „Ден Долард“ до каналот Студенчишта, велосипедска патека Охрид-Свети Стефан, рече Пецаков.