ВМРО – ДПМНЕ гарантира 14.835 проекти за успешна Макеоднија. Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој изборната кампања за локалните избори ја почна од Охрид, рече дека од овие локални избори ќе зависат многу работи поврзани со иднината на Македонија.

– Гарантираме изградба за реалните буквално потреби на граѓаните. Ветуваме изградба и реконструкција на 2.000 улици низ цела држава. Градба или реконструкција на 100 градинки, 150 училишта. Инвестиции во животната средина и градба на нови 150 паркови. Инвестиции во 60 објекти на културата, 90 спортски сали за младите. Гасификација за понапредни општини и многу, многу други конкретни дела, рече Мицкоски.