Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ
Вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи денеска преку видеоконференциска врска присуствуваше и се обрати на настанот за презентација на периодичното издание на „OЕЦД Прегледот на конкурентноста во Југоисточна Европа 2021“ (OECD South East Europe Competitiveness Outlook 2021) во организација на Организацијата за економска соработка и развој – ОЕЦД. На отворањето на настанот се обратија и Карим Даху, задолжен за глобални прашања во OEЦД и Фрек Јанмат, раководител на одделот за операции во Делегацијата на Европската Унија во нашата земја. Како што соопшти Кабинетот на вицепремиерот, Битиќи посочи дека во ова, трето по ред издание на „ОЕЦД Прегледот на конкурентноста…
Засега нови рестриктивни мерки или некои препораки нема да има освен тоа што сега е како критериум за влез на настани, угостителски објекти и се бара најмалку една доза вакцина. Од средината на октомври ќе има мерка со која ќе може да функционираат само целосно вакцинирани граѓани, истакна министерот за здравство Венко Филипче во гостување на Канал 5 телевизија. Посочи дека станува збор за мерка која ја воведуваат сите земји во Западна Европа и за патување, за влез на граници, настани, угостителски објекти итн. – Тоа што сега следиме и според што се водиме се препораки на меѓународни тела, искуства…
Моментално во земјава има 12.207 активни случаи на Ковид – 19. Од почетокот на пандемијата досега се регистрирани 189.159 заразени граѓани. Од нив, 170.395 оздравеа, а 6.557 ја изгубија битката со вирусот. Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа од направени 3.858 тестирања, регистрирани се 525 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 268, Куманово – 40, Струмица – 27, Штип – 25, Битола – 23, Охрид –17, Велес и Свети Николе – по 16, Кавадарци – 15, Кичево – 14, Прилеп и Кочани – по 10, Крива Паланка – 9,…
Западен Балкан останува место на судир на геополитички интереси, што може да го дестабилизира целиот регион, предупреди црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ на 76-та сесија на Генералното собрание на ОН во Њујорк. Тој нагласи дека предизвиците и заканите за мултиетничката демократија на Балканот ниту денес не се помали. – Западен Балкан повторно е сцена на спротивставени геополитички интереси, што резултираше со забавување на интеграцијата на општествата од Западен Балкан во нивната природна европска средина, поткопување на довербата и одложување на усвојувањето на европските вредности. Таа конфузија не само што доведува до стагнација и натамошно заостанување во развојот на овој европски регион,…
Ние сме единствена земја во регионот која битката за корупцијата ја издигна на повисоко ниво, со подготвено законско решение и затоа доби поддршка од сите европски институции и во Брисел и во Виена каде што е седиштето на главната канцеларија на ОН за борба против корупција и Северна Македонија е лидер во регионот во спроведување на овие реформи. Во Охрид го усвоивме патоказот со сите министри од регионот за борба против корупцијата кои сега ќе започната да се имплементираат. Започнавме борба со криминалот на самите гранични премини за првпат само во нашата земја се поставуваат контејнери и системи за борба…
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека врските на Турција со САД не се добри и дека Вашингтон мора да ги „поправи“ работите околу тоа што Анкара купила руски одбранбени системи С-400, објави телевизијата Хабертурк. Врските меѓу НАТО сојузниците паднаа на најниско ниво претходно оваа година, кога Вашингтон воведе санкции против турската воена индустрија поради купување на руски одбранбени системи С-400. Како што наведуваат западните медиуми, Вашингтон ја исфрли Анкара од својата авионска програма Ф-35, каде што таа беше купувач и производител. – Не можам да кажам дека се одвива здрав процес во турско-американските односи. Купивме Ф-35, плативме 1,4…
Ќе треба време да се излезе од кризата меѓу Франција и САД, и тоа ќе бара акција, изјави денеска во Њујорк францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан. На состанокот со американскиот колега Ентони Бликен на маргините на Генералното собрание на ОН, францускиот министер рече дека првиот чекор е веќе направен за време на телефонскиот разговор меѓу францускиот и американскиот претседател Емануел Макрон и Џозеф Бајден. Ле Дриан додаде дека за надминување на кризата сепак ќе треба време и акција, се наведува во соопштението на француската дипломатија. Претседателите на Франција и на САД се согласија да се сретнат кон…
Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) го утврди терминот за дуелот на македонскиот првак Шкендија против хрватски Хајдук во рамки на 1. квалификациско коло во младинската Лига на шампиони (ЛШ). Како што соопшти тетовскиот клуб, младинците на Шкендија првиот натпревар ќе го играат на 30 септември на тренинг центарот на ФФМ со почеток од 14 часот, додека реваншот во Сплит е закажан за 20 октомври. Ова ќе биде трето учество на Шкендија во младинската ЛШ и обид да дојде до првата победа.
Италијанската Влада најави помош за граѓаните при плаќањето на сметките за гас и електрична енергија
Италијанската Влада денеска вети дека ќе им помогне на граѓаните да ги платат сметките за електрична енергија и гас до крајот на годината, приклучувајќи им се на европските земји кои се обидуваат да го намалат товарот од зголемувањето на цените на енергијата. – Некои сметки за гас нема да мора да се платат во последниот квартал од оваа година, изјави премиерот Марио Драги, а Владата ќе отпише и дел од сметките за електрична енергија за семејствата и малите претпријатија. Граѓаните со ниски примања ќе добијат повисоки суми за ваучери за трошоци за енергија, истакна Драги во својот говор на собирот…
Во посета на Општина Штип денеска беше амбасадорот на Италија во Република Северна Македонија, Андреа Силвестри, информираат од кабинетот на градоначалникот на Општина Штип, Сашко Николов. Во соопштението се наведува дека Николов и Силвестри заклучиле оти Штип како центар на истокот заслужува да се развива со брзо темпо и ги содржи сите потребни компоненти да стане град во кој младите тука ќе ја градат својата иднина. -Амбасадорот Силвестри го запознав со сите досегашни реализирани проекти, разговаравме и за економскиот развој помеѓу штипските компании и италијански компании и изучување на италијанскиот јазик во Штип со отварање на италијанско катче, вели Николов.…
Русија почна со подготовки за испраќање човек на Месечината и веќе се издвоени средства за овој проект, се наведува во документот објавен од „Роскосмос“. „Роскосмос“ објави тендер за проучување на проблематични прашања за организација на летови со екипаж до Месечината, а на крајот од тој процес треба да се направат списоци со барања кои вселенската технологија треба да ги задоволи за организација на такви мисии. Цели на истражувањето се: да се дадат предлози, препораки, барања за перспективни технологии, за елементи на ракетна и вселенска технологија, што обезбедува сигурна реализација на летови со луѓе до Месечината, работа на космонаути во орбитата…
Почетокот на крајот на пандемијата е на повидок, треба да поддржиме нови идеи и иницијативи, а при соочување со сложените и меѓузависни проблеми на новото време ни треба посилно и подлабоко партнерство и солидарност. Тоа се дел од пораките што ги упати претседателот Стево Пендаровски, во обраќањето на генералната дебата од 76. сесија на Генералното собрание на ООН во Њујорк. Пендаровски потенцираше дека Западен Балкан е соочен со сериозни предизвици во поглед на неговите аспирации за европска интеграција. – Ако сакаме стабилен и просперитетен Западен Балкан како важна алка во континенталната и трансконтинентална стабилност и безбедност, мора да разбереме дека…