Ќе треба време да се излезе од кризата меѓу Франција и САД, и тоа ќе бара акција, изјави денеска во Њујорк францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан.

На состанокот со американскиот колега Ентони Бликен на маргините на Генералното собрание на ОН, францускиот министер рече дека првиот чекор е веќе направен за време на телефонскиот разговор меѓу францускиот и американскиот претседател Емануел Макрон и Џозеф Бајден.

Ле Дриан додаде дека за надминување на кризата сепак ќе треба време и акција, се наведува во соопштението на француската дипломатија.

Претседателите на Франција и на САД се согласија да се сретнат кон крајот на октомври поради спор со подморници, а Франција следната недела ќе го врати својот амбасадор во Вашингтон.