Author: НОВА ТВ

Вицепремиерот за борба против корупција и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски денеска имаше работен состанок со главниот државен ревизор, Максим Ацевски. На состанокот, како што соопштија од кабинетот на Николовски, се потенцирала важноста на соарботката со Државниот завод за ревизија во борбата против корупцијата и криминалот. – Соработката со Државниот завод за ревизија е од исклучитечно значање во целокупната борба против корупцијата и криминалот и тоа не значи намалување на независноста на ДЗР туку употребување на професионализмот и инворфмациите за наврмеено постапување по ревизорските наоди од страна на надлежните институции. Професионалниот капацитет на оваа институција е важен…

Read More

Бугарија очекува ефективни дејствија од институциите на Европската Унија за валоризирање на вредностите на демократијата и почитувањето на човековите права во Република Северна Македонија. Ова го изјави претседателот на Бугарија Румен Радев денеска за време на средбата со еврокомесарот за соседство и проширување Оливер Вархеји, соопшти прес-службата на бугарскиот претседател. Радев на средбата со Вархеји истакнал дека декларациите и ветувањата во дијалогот со Република Северна Македонија повеќе не функционираат и Бугарија очекува јасни правно обврзувачки одлуки што ќе доведат до одржливи и неповратни резултати, јави дописникот на МИА од Софија. Според Радев, ова ќе го забрза процесот на европска интеграција…

Read More

Манастирот „Пресвета Богородица Пречиста“ во близина на Кичево денеска, на празникот Рождество на Пресвета Богородица-Мала Богородица, беше посетен од голем број на верници од речиси сите градови во земјава. Можеа да се забележат автомобили и автобуси со регистарски ознаки од Охрид, Битола, Прилеп, Скопје и други градови во земјава. И покрај препораките за заштита од Ковид-19, во двата дена манастирот го посетија над 15.000 верници, помал дел од нив ноќеваа во манастирските конаци. – Убавото време беше дополнителна причина што во двата дена манастирот „Света Пречиста Богородица“ го посетија повеќе илјади граѓани од сите градови во земјава. Имаше голем број…

Read More

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва во ТВ дуелот со премиерот Зоран Заев на Канал 5 телевизија, во врска со понудата за локални избори на СДСМ-ДУИ, истакна дека таа коалиција од власта и нивната понуда која се состои од транзициски кадри, ќе биде поразена од коалицијата против корупцијата на ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса и Алтернатива, заедно со народот ќе покаже разлика и како се работи и се сака државата, рече Мицкоски. – Две третини од граѓаните во определени општини, вклучително и градот Скопје се незадоволни од актуелните градоначалници на СДСМ и во најголемиот дел тие истите градоначалници се повторени, јас би рекол…

Read More

Украина и неколку земји-членки на НАТО, вклучувајќи ги и САД, денеска почнаа заеднички воени вежби на запад во поранешната советска република, во контекст на постојани тензии со соседна Русија. Околу 6.000 војници од 12 земји учествуваат на годишните маневри организирани од Киев и Вашингтон, што ќе траат до 1 октомври, соопшти американската амбасада во Украина. Вежбите треба да ја зајакнат „компатибилноста на војниците и седиштето на украинските и американските вооружени сили и партнерите во НАТО“, рече украинскиот генерал Владислав Клотчков. Вежбите почнаа десетина дена по почетокот на руско-белоруските воени маневри во кои учествуваат 200.000 војници.

Read More

Вие сте истиот Мицкоски кој на 27 април беше пред Собранието, додека внатре за малку не загинаа пратеници. Толпата која вие ја предводевте се обиде да го убие вашиот коалиционен партнер Зијадин Села, а денес кажувате дека вашата коалиција е многу природна и дека не е брак од интерес, кажа премиерот Зоран Заев на дуелот со Христијан Мицкоски на Канал 5. – Јас бев напред и ги штитев тие позади мене. Вие бевте предводник на толпата и потоа протестиравте во одбрана на кукавиците и криминалците што сакаа да одземат животи. Вие бевте советник на Груевски и бевте пред Собранието на…

Read More

Згрижените во домовите за стари лица, здравствените работници и лицата над 60-годишна возраст во Грција ќе добијат и трета доза од вакцината, соопштија попладнево на редовната прес конференција за имунизацијата во земјата, претседателката на Комисијата за вакцинација Мариа Теодориду и генералниот секретар во Министерството за здравство на Грција Мариос Темистоклеус, јави дописничката на МИА од Атина. Третата доза, нема да биде задолжителна, ќе биде со мРНА вакцина, шест до осум месеци по втората доза. Претседателката на Комисијата за вакцинација Мариа Теодориду објасни дека намалувањето на антителата во комбинација со мутациите, биле главните причини, Комисијата да препорача и трета доза за…

Read More

Заев и Мицкоски ги повикаа граѓаните да се вакцинираат. Лидерите на најголемите политички партии во земајва, на СДСМ Зоран Заев и на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски во дуелот на Канал 5 дебатираа и за состојбите со Ковид – 19, како и мерките за спречување на ширењето на вирусот. Лидерот на опозициската партија, Мицкоски, посочи дека на светско ниво земјава е прва на листата на починати пациенти од Ковид – 19, на 100.000 жители, а со тоа, лидерот на ВМРО – ДПМНЕ владата ја оцени како најнеспособна во Европа. – Пред некој ден имавме повеќе од 40 починати и на…

Read More

Аплицирани се повеќе од 5,95 милијарди дози на вакцини против Ковид во 184 земји, но процесот на вакцинација продолжува со нерамномерно темпо низ целиот свет, јави Блумберг кои се повикуваат на сопствени анализи. – Вкупно, дадени се повеќе од 5,95 милијарди дози. Тоа е доволно за целосно вакцинирање на 38,7 проценти од светската популација. Просечната стапка на вакцинација во моментов е 33,1 милиони дози дневно. Ако тој тренд продолжи, ќе бидат потребни уште шест месеци за вакцинација на 75 проценти од населението, наведува агенцијата. Во земјите и регионите со високи примања, вакцинацијата е 20 пати побрза отколку во регионите со…

Read More

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска се сретна со вршителот на должноста директор за Западен Балкан во Генералниот Директорат за соседство и преговори за проширување на Унијата, Микела Матуела. Османи и Мутуела, како што информират од МНР, направија преглед на постигнатиот напредок во поглед на имплементација на агендата поврзана со ЕУ, а се осврнаа и на актуелниот статус на нашето европско досие. Од МНР соопштуваат дека на состанокот е разговарано и за текот на подготовките, клучните теми и очекуваните резултати во врска со октомврискиот Самит ЕУ-Западен Балкан, во рамките на словенечкото претседателство со ЕУ, при што беше оценето дека…

Read More

Шпанската и италијанската полиција денеска соопштија дека уапсиле 106 лица поради припадност кон криминална група која перела пари за мафијашки групи и заработила милиони евра преку интернет измами. Повеќето од осомничените членови се италијански државјани и повеќето од апсењата се извршени на островот Тенерифе, дел од Канарските Острови, се вели во соопштението на Европол. Според италијанската полиција, осомничените ги измамиле своите жртви, кои исто така се претежно Италијанци, да испратат големи суми на сметки на шпанските банки контролирани од групата. Парите потоа биле перени преку набавки на криптовалути или реинвестирани во други криминални активности како проституција, дрога или трговија со…

Read More

Светската здравствена организација препорача двојно зголемување на акцизите за алкохол во Европа како средство за спречување на речиси 5.000 смртни случаи од рак секоја година. Зголемувањето на акцизите за алкохолни пијалоци е „една од најдобрите мерки“ за спречување на „потенцијално висок удар“ на ракот, соопшти европската канцеларија на СЗО, додавајќи дека најголема корист ќе имаат земјите како Русија и Велика Британија. Агенцијата на ОН наведе дека нејзините модел-проекции покажале дека „приближно 10.700 нови случаи на рак и 4.850 смртни случаи поврзани со алкохол може да се избегнат годишно во европскиот регион со двојно зголемување на акцизите за алкохолни пијалоци“. Ова…

Read More