Author: НОВА ТВ

Папата Франциск ја отфрли оставката на Архиепископот од Хамбург кој ја понуди откако беше наведен во извештајот меѓу неколку високи претставници на Католичката црква во Германија кои не реагираа соодветно на сексуална злоупотреба. Ватикан соопшти дека внимателно ги разгледал документите поврзани со активностите на архиепископот Стефан Хесе, кој некогаш бил задолжен за екипирање на архиепископијата во Келн. „Иако Ватикан откри недостатоци во организацијата на својата канцеларија и лични грешки во процедурата, не откри дека имало намера да се прикрие злоупотребата“, се вели во соопштението на Ватикан објавено на веб -страницата на Германската бискупска конференција. „Главниот проблем, во поширокиот контекст на…

Read More

Британскиот премиер Борис Џoнсон направи промени во Владата на владејачката Конзервативна партија, кои денеска ги објави неговата канцеларија. Доминик Раб, досегашен министер за надворешни работи, сега ќе раководи со Министерството за правда, а исто така ќе биде и вицепремиер. За нов министер за надворешни работи е назначена Елизабет (Лиз) Трус, која досега беше министерка за меѓународна трговија. Таа е втора жена на чело на британското Министерство за надворешни работи, по Маргарет Бекет во периодот 2006-2007 година. Друг висок член на кабинетот, канцеларот на Војводството Ланкастер, Мајкл Гоув (кој ја надгледува целокупната работа на Владата), ќе го предводи Министерството за домување,…

Read More

Премиерот Зоран Заев и министерот за правда Бојан Маричиќ примија делегација на мисијата за следење на локалните избори на канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДИХР), предводена од шефицата на мисијата Тана де Зулуета. Заев и Маричиќ на средбата истакнаа дека сите подготовки за спроведување фер и демократски избори за градоначалници и за совети во општините во надлежност на Владата се спроведени во целост во согласност со препораките на ОБСЕ-ОДИХР, вклучувајќи и поголем дел од оние кои се однесуваа и на Изборниот законик. Тие на средбата соопштија дека со прифатените амандмани на Изборниот законик кои поминаа со…

Read More

Актуелниот лидер во Првата македонска фудбалска лига, Академија Пандев, ги продаде телевизиските права за своите натпревари од домашното првенство на регионалниот спортски канал „Спорт клуб“. Академија Пандев е првиот македонски фудбалски клуб, кој самостојно ги продаде ТВ-правата на регионална телевизиска куќа. – Договорот е веќе потпишан и важи за домашните куп и првенствени натпревари за наредните три сезони, почнувајќи од тековната 2021/22, 2022/23 и 2023/24 сезона, соопшти струмичкиот прволигаш По шест одиграни кола во македонското фудбалско првенство, Академија Пандев води на табелата со 13 бодови и ефект од четири победи, едно реми и еден пораз.

Read More

Моментално има 13.027 активни случаи на Ковид – 19. Од почетокот на пандемијата досега во земјава се заразиле 184.893 граѓани, 165.527 оздравеле, додека 6.339 ја изгубија битката со вирусот. Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 4.621 тестирање, а регистрирани се 617 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 314, Куманово – 47, Струмица – 29, Штип – 26, Кавадарци и Кичево – по 19, Охрид – 18, Велес, Свети Николе и Радовиш – по 14, Ресен – 13, Гостивар и Кочани – по 12, Тетово и Битола – по 10,…

Read More

Република Северна Македонија останува посветена на глобалната хуманитарна акција која има за цел да им помогне на граѓаните од Авганистан, кои во изминатиов период работеа на подобрување на човековите права, демократијата и мирот, соопштија од Владата откако во земјава на скопскиот аеродром пристигна група од 44 граѓани од Авганистан. Станува збор за граѓани вработени во организацијата „Тиркиз моунтејн“ (Тurquoise Мountаin). – Овие лица се активисти на оваа организација, но меѓу нив има и членови на нивните семејства. Организацијата „Тиркиз моунтејн“ е основана во 2006 година од принцот Чарлс со хумана мисија, која изминативе години имаше свои успешни активности во Авганистан.…

Read More

Порталот СДК.МК повикувајќи се на дипломатски извори информира дека САД ќе започнат со нов напор за деблокада на евроинтеграцискиот процес на Македонија, а партнер во тоа ќе биде Естонија. Имено, САД се загрижени и сметаат дека под итно треба да се тргне бугарската блокада за почеток на преговорите на Македонија со Европската унија (ЕУ), оти ги загрозува геостратешките интереси за безбедност на регионот и Југоисточна Европа. САД не се членка на ЕУ и затоа бараат начин деблокадата да се изведе со европска земја-партнер која ќе застане зад Македонија во Унијата, или како што велат дипломатите, „Некој што ќе вози, а…

Read More

Креирана е мрежа на жени дипломати од регионот на Западен Балкан. Заврши дводневната конференција за промоција на родовата еднаквост „Жените во надворешна политика“, што за прв пат ја организираше Министерството за надворешни работи, на иницијатива на заменик Министерката за надворешни работи, Фатмире Исаки, а под покровителство на Првата дама, Елизабета Ѓоргиевска, соопштија од МНР. Фокусот на панелите беше ставен на учеството на жените во надворешната политика и потребата од зголемување на нивното учество во процесите на донесување одлуки, а воедно беа разгледани и можностите за унапредување на нивната улога во општеството како активни и конструктивни политички чинители. Денеска главно се…

Read More

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини денеска одржа средба со Нарине Сахакјан, постојана претставничка на Програмата за развој на Обединетите ннации (УНДП). На состанокот, како што соопштуваат од министерството за животна средина и просторно планирање, се разговараше за продолжување на соработката меѓу Министерството и УНДП на повеќе полиња, меѓу кои зеленото опоравување на економијата од КОВИД кризата, зголемување на спремноста на земјата за справување со природни катастрофи и интервенции за подобрувањето на инфраструктурата за заштита од поплави, суши и други екстремни временски непогоди. – Тема на разговор беше и поддршката за остварување на амбициозната заложба на Република…

Read More

Тим од германски експерти кои треба да ги истражат причините и околностите за пожарот во модуларната ковид болница во Тетово денеска пристигна во државава, потврдија од Владата. Германскиот тим од Федералната криминалистичка служба, како што беше најавено претходно, е составен од четворица експерти и тоа од двајца крим техничари и форензичари за истражување пожари и двајца крим техничари и форензичари за ласерско мерење на простории и за фотографирање. Во пожарот што  избувна пред  една недела во модуларната болница во Тетово животот го загубија 14 лица.

Read More

Вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денеска одржа средба со претставничката на УНДП во државава Нарине Сахакјан. На средбата дискутирале за отпочнување на втората фаза од имплементација на проектот „Поддршка за  националната развојна стратегија 2021-2041“. -Битиќи и Сахакјан исто така разговараа за соработката меѓу Владата, УНДП и другите агенции на Организацијата на обединетите нации за потенцијален нов проект, финансиран од „Фондот за Целите за одржлив развој“ на ОН, со кои би се создале нови можности за зелено финансирање и би се забрзала транзицијата кон обновливи извори на енергија и зголемена енергетска ефикасност, информираат од…

Read More

Иран ги обнови комерцијалните летови кон Авганистан, кој е под контрола на талибанците од средината на август. Телевизијата Ал Алам пренесува дека авион на иранската компанија Махан Ер слетал на меѓународниот аеродром во Кабул, и оти ова е прв комерцијален лет што пристигнал во Авганистан откако талибанците ја презедоа контролата. Меѓу 19-те патници кои пристигнаа во Кабул од ирански Машад имаше ирански дипломатски претставници назначени да работат во Авганистан. Комерцијалните летови меѓу Иран и Авганистан беа прекинати на 16 август, еден ден откако талибанците ја презедоа контролата врз Кабул.

Read More