Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ
Пратеникот на ГЕРБ-СДС, Тома Биков за Бугарското национално радио изјави дека не мисли дека лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, ќе се кандидира за претседател на Бугарија на претстојните претседателски избори на 14 ноември. – ГЕРБ би номинирал кандидат врз основа на концепт. Профилот на кандидат за претседател на ГЕРБ треба да биде профил на личност способна да биде центар на политичкиот дијалог, што треба да започне да ја враќа улогата на претседателството како простор во кој најтешките политички противници можат да седнат на иста маса и да постигнат согласност за главните прашања, вели Биков. Според него, кандидатот на ГЕРБ за…
Авион Л-410 се урна во близина на Иркутск, Сибир, во кој имало 14 патници и двајца членови на екипажот. Има преживеани, објави Службата за итни случаи. Како што јавуваат медиумите, четири лица преживеале, едно е во критична состојба, додека 11 се заробени во кабината. Хеликоптер Ми-8 е испратен на местото на настанот. Авионот Л-410 е двомоторен, што се користи за регионални летови.
Најголема заинтересираност има за Град Скопје, пријавени дури 12 кандидати за градоначалници. Државната изборна комисија објави список за кандидати за градоначалници, ден по истекот на рокот до кога можеа да се пријават во ДИК. Во списокот се впишани вкупно 297 кандидати за градоначалници на 80 општини и Град Скопје. Најмногу пријавено кандидати за градоначалници има за Град Скопје, дури 12. За скопските градски и приградски општини, за Центар се пријавени седум кандидати за градоначалници, за Аеродром пет, за Бутел два, за Карпош шест, Кисела Вода шест, Гази Баба четири, Ѓорче Петров шест, Чаир пет, Арачиново три, Сарај четири, Шуто Оризар…
Британскиот министер за здравство Саџид Џавид денеска рече дека не очекува нови затворања во борбата против Ковид-19 и ја отфрли можноста за користење сертификати за вакцинација како услов за учество на луѓето во масовни настани. – Не очекувам повеќе затворање. Мислам дека секој министер за здравство во светот би бил неодговорен ако исклучи се, но едноставно не гледам како би можеле да стигнеме до друго затворање, изјави Џавид за Би -Би -Си. Запрашан за сертификатите за вакцинација за учество во масовни настани, Џавид одговори дека се уште не станува збор за тоа. – Она што можам да кажам е дека…
По отстранувањето на синоќешните блокади „Тиквеш“ денеска продолжи со откуп на грозје од оние кооперанти кои согласно утврдената динамика беше планирано и беа повикани да го предадат грозјето во текот на вчерашниот ден, информираат од компанијата. – „Тиквеш“ е единствената винарница во земјава која и оваа година дефинираше највисока цена, ја почитуваше договорената цена за откуп на вранецот од 13 денари за килограм и од 11 денари за смедеревката и се обврза да откупи најголема количина грозје досега, велат од компанијата. Истовремено, додаваат, „Тиквеш“ беше и првата винарница која на најтранспарентен начин ги објави цените и условите по кои ќе…
Неколку десетици граѓани денеска излегоа на протест во главниот град на Косово, против одлуката на Владата за задолжително вакцинирање против Ковид-19. Организаторите на протестот најавија дека владината одлука за сертификати за примени вакцини ќе ја дадат на Уставен суд, затоа што сметаат дека таа е нелегитимна и ги загрозува човековите права и слободи. – Премиерот го однесе во мрак населението и не сака никого да слуша. Не се почитуваат нашите права и според Уставот ова е кршење на нашите права. Затоа, нема да дозволиме насилно да бидеме боцкани, а нема да дозволиме ниту нашите деца да ги вакцинираат, изјави Арианит…
Оптимизам за текот на грчката економија и зголемен раст до крајот на годинава, убеденост дека Владата ќе го исцрпи четиригодишниот мандат, уверување дека земјата нема одново да оди во целосен карантин, но и решеност земјата да ги чува границите од евентуален нов мигрантски бран, изрази грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на прес конференцијата во Солун во рамките на Меѓународниот саем, јави дописничката на МИА од Атина. На традиционалната прес конференција, што траеше два и пол часа, Мицотакис одговори на 46 прашања поврзани со актуелни теми за земјата, како што се економијата, пандемијата и вакцинацијата, отворањето на училиштата, можни предвремени…
Пилотот на Мекларен, Даниел Рикардо е победник на трката од Формула 1 шампионатот возена попладнево за Големата награда на Италија. Вториот беше неговиот клупски партнер Ландо Норис, додека трет е пилотот на Мерцедес, Валтери Ботас. Бодови во Монца освоија и Шарл Леклер, Серхио Перез, Карлос Сајнц, Ленс Строл, Фернандо Алонсо, Џорџ Расел и Естебан Окон (од 4. до 10. место редоследно). Лидерите во шампионатот Макс Верстапен од Ред Бул и Луис Хамилтон од Мерцедес излетаа од патеката откако се судрија еден со друг и не беа во можност да ја завршат трката. Несреќата се случи на вториот свиок. Верстапен и…
Моментално има 13.412 активни случаи на Ковид – 19. Од почетокот на пандемијата досега во земјава се заразиле 183.523 граѓани, 163.852 оздравеле, додека 6.259 ја изгубија битката со вирусот. Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 4.553 тестирања, а регистрирани се 464 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 225, Куманово – 42, Струмица – 35, Штип – 27, Велес – 24, Охрид – 21, Прилеп – 15, Тетово – 10, Свети Николе – 8, Кичево – 7, Ресен – 6, Кавадарци, Кочани и Кратово – по 5, Гостивар, Битола, Дебар…
Шефот на државата, Стево Пендаровски за утре закажа седница на Советот за безбедност. Ќе се разговара за лицата од Авганистан кои се евакуирани во Македонија. Во Кабинетот на Претседателот утре напладне ќе се одржи 13-тата седница на Советот за безбедност на Република Северна Македонија на која ќе се разговара за лицата од Авганистан прифатени на нашата територија, и за поставеноста на системот за управување со кризи. Покрај членовите на Советот за безбедност, на покана на претседателот Пендаровски на седницата ќе присуствуваат директорот на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски, директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу, директорот на Центарот за…
Белорусија планира да купи оружје од Русија за милијарда долари, меѓу кое потенцијални резерви на ракетниот систем С-400. Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека ќе бидат набавени околу 10 авиони и неколку десетици хеликоптери. На неодамнешната средба на Лукашенко со рускиот претседател Владимир Путин во Кремљ беше посветено големо внимание на прашањата за одбраната и безбедноста.
Германската канцеларка Ангела Меркел денеска побара од своите сограѓани да ја искористат неделната кампања за вакцинација против Ковид-19, во рамки на која жителите ќе можат да добијат бесплатна доза вакцина на местата каде се вршат богослужби, во спортски објекти, како и во јавниот превоз. Стравувајќи дека стапката на вакцинација во земјата, која моментално е околу 62 проценти, нема да биде доволна за да се спречи зимскиот бран на инфекција со Ковид, особено поради доминантната Делта варијанта, Владата одлучи да ја поттикне вакцинацијата за сите оние кои досега се двоумеа. – Никогаш досега не било полесно да се вакцинира и никогаш…