Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ
УХМР прогнозира дека од утре следува сончево и топло време. Времето денеска ќе биде претежно облачно, при што во југозападните делови на земјата ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб ветер претежно од северен правец. Максималните температури ќе се движат во интервал од 20 до 29 степени. УВ индексот ќе изнесува 5. Во Скопје и околината времето ќе биде претежно облачно со дневна температура до 26 степени. Од утре следува период на сончево и топло време, информира УХМР.
На парадата на гордоста маршираа граѓани од различна возраст низ улиците на Атина. Парадата заврши пред грчкиот Парламент. Под слоганот „Ова е тоа што нѐ обединува“, попладнево во центарот на Атина се одржа традиционалната парада на гордоста на која учествуваа илјадници граѓани, јави дописничката на МИА од Атина. Учесниците велат дека и покрај пандемијата, оваа година парадата беше една од помасовните. Граѓани на различна возраст, маршираа низ улиците во Атина, а парадата традиционално заврши пред грчкиот Парламент. Овој пат, поради мерките за заштита од Ковид-19, по завршувањето не се одржа концерт, како што беше случај претходно. „Не за булингот, да…
Кусо пред почетокот на говорот на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во рамките на Меѓународниот саем во Солун, во центарот на градот се случија инциденти меѓу демонстрантите и полицијата на протестот против вакцината и задолжителната вакцинација, јави дописничката на МИА од Атина. Попладнево во Солун, се одржаа шест различни протести, на различни локации, организирани од синдикатите, од левичарско – анархистички организации, но и од антиваксерите, а ангажирани се над 5.000 полицајци. Протестите завршија мирно, со исклучок на оној против вакцината и задолжителната вакцинација. Демонстрантите ја нападнаа полицијата со камења, предмети и молотови коктели, по што полицијата интервенираше со солзавец, шок бомби…
При засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната спроведена денеска на подрачјето на СВР Велес во периодот од 08 до 20 часот спроведена, санционирани се 34 возачи, соопшти МВР. Од нив пет возила се движеле со брзина над 50 километри на час поголема од дозволената. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. – Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се додава во соопштението на МВР.
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг им оддаде почит на жртвите од нападите на 11 септември во САД, велејќи дека Алијансата ќе продолжи да се спротивставува на заканата од глобалниот тероризам, јави ДПА. – Борбата против тероризмот ќе продолжи и НАТО ќе продолжи да ја игра својата улога, вети Столтенберг на церемонијата во седиштето на НАТО во Брисел, нагласувајќи дека ова е единственото место каде Европа и Северна Америка секојдневно работат за нивната заедничка безбедност. На 20-годишнината од нападите на 11 септември 2001 година во САД, знамињата на сојузниците беа спуштени на половина копје во чест на речиси 3.000 луѓе…
Сепаратистите од Каталонија го одржаа првиот масовен собир во Барселона од почетокот на пандемијата на коронавирус, сакајќи да покажат единство и покрај поделбите во нивните редови пред преговорите со шпанската влада. Илјадници демонстранти кои го поддржуваат отцепувањето на Каталонија од Шпанија, маршираа со знамиња и транспаренти во центарот на Барселона, пренесува Бета. Луѓето носеа маски на собирот, кој беше одржан откако регионалните власти ги олеснија мерките за бројот на луѓе што можеа да присуствуваат. Датумот не е прецизиран, но преговорите меѓу централната шпанска и регионалната каталонска влада треба да се одржат наскоро, со цел надминување на политичката криза што трае…
Засилена акциска контрола на полицијата. Денеска полиција пишала 138 казни само на автопатот Куманово – Скопје – Велес. Се казнувале возачи кои со своите возила управувале повеќе од дозволената брзина. – 27 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а седум возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина, се наведува во соопштението на МВР. Од полицијата информираат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и за побезбедни патишта.
Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром забележа пораз и на вториот контролен натпревар во Солун, откако вечерва загуби од Арис со 85-71. Македонскиот состав замина на полувреме со минимална предност од 44-43, но клучна за конечниот резултат се покажа серијата од 18 – 0 на Арис на почетокот од трета четвртина. Најефикасен во редовите на МЗТ беше Рикиќ со 20 поени. МЗТ Скопје вчера забележа пораз од Ираклис.
Гори нискостеблеста шума, трња и габер. Пожарот покрај пругата Скопје-Велес, кај село Сл’п, кој започна вчера во 13 часот и интаму е активен, информира Центарот за управување со кризи, додавајќи дека огнот зафаќа површина од околу 200 хектати и дека горат нискостеблеста шума, трња и габер. Моментално на терен се екипа од Шумското стопансрво „Бабуна“ со 10 вработени и шест пожарникари од велешката противпожарна единица со две возила. Како што соопштуваат од ЦУК, не постои можност за проширување на пожарот кон село Карабуњиште и село Сл’п. – Пожарот во 13 часот во горниот фронт е ставен под контрола, додека во…
Европа мора да биде силна во воена смисла, изјави денеска полскиот премиер Матеуш Моравиецки на заедничката прес-конференција со германската канцеларка Ангела Меркел. – Јас сум за тоа Европа да биде силна од воена гледна точка, така што би имале способност да одвратиме, рече тој. – Само економски силна и општествено одговорна Европа може да биде силен играч на меѓународната сцена, додаде полскиот премиер, пренесе ТАСС.
Рекламен простор од 30 секунди за време на финалето во американска НФЛ лига, популарниот Супербол, е откупен за рекордни 6.5 милиони долари, соопшти американската телевизиска мрежа Ен-Би-Си. Шефот на маркетинг на Ен-Би-Си, Ден Ловингер, изјави на прес-конференција дека рекламното покривање на 52. Супербол, што ќе се одржи на 13 февруари идната година, е речиси распродаден, а преостанатите неколку термини се чуваат за „посебни клиенти“. Во текот на 50. издание на Суперболот, за 30 секунди рекламирање беа платени 5,5 милиони долари, што беше незначителен пад во однос на една година претходно кога беше потребно да се издвојат 5.6 милиони долари.
Поради уличен дефект на цевка Ф-200 милиметри на булевар „Јане Сандански“ број 107 во Општина Аеродром, прекин во водоснабдувањето имаат корисниците на три згради на овој булевар и тоа броевите 113А, 107 (први влез) и 111, додека останатите згради ќе имаат намален притисок. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје водоснабдувањето е прекинато во 17 часот и ќе трае до санирање на дефектот.