При засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната спроведена денеска на подрачјето на СВР Велес во периодот од 08 до 20 часот спроведена, санционирани се 34 возачи, соопшти МВР.

Од нив пет возила се движеле со брзина над 50 километри на час поголема од дозволената. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

– Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се додава во соопштението на МВР.