Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ
Одлуката за поднесените оставки премиерот Зоран Заев ќе ја донесе врз основа на утврдената причина за избувнувањето на пожарот во модуларната болница во Тетово, на што работат истражните органи. Премиерот апелира на брза и темелна истрага. Тој најавува одговорност на форензички факти, а не на политички пресметки. Премиерот Зоран Заев сепак денеска нема да донесе одлука за понудената оставка на министерот за здравство, Венко Филипче. Тој во писмено обраќање до јавноста потврди дека ги добил понудените оставки на четворицата функционери од ресорот здравство. Заев ќе почека што ќе покаже истрагата за изгорената модуларна болница во Тетово, па дури тогаш евентуално…
ЕБОР ќе продолжи да работи со државните железници, приватните инвеститори и клиентите и владите во регионот. Железниците на Западен Балкан се на добар пат да се приспособат на железничката мрежа на ЕУ и паневропските коридори, а приоритет за регионот останува отворањето на пазарот, управувањето и интероперабилноста, изјави потпретседателот на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) Јирген Ригтеринк. Во интервју за Еурактив и агенцијата Бета во пресрет на Железничкиот самит за Западен Балкан, кој ќе се одржи во Белград во понеделник со учество на министри од регионот, Ригтеринк рече дека ЕБОР ќе продолжи да работи со државните железници, приватните инвеститори…
Премиерот Зоран Заев денеска ќе го обелодени неговиот став откако вчера во обраќање од Владата министерот за здравство Венко Филипче кажа дека до премиерот понудил писмена оставка. – Ќе соопштам мој став денеска, одговорил премиерот Заев на СМС порака на Сител. Филипче оставката ја понуди два дена по пожарот во модуларната ковид болница во Тетово во која загинаа 14 лица.
Корисниците од населбата 11 Октомври од 12:00 часот имаат прекинато водоснабдување поради уличен дефект на цевка со пречник од 100 милиметри на улицата „Спиро Гулапчев“ 1. Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, корисниците ќе бидат без вода се до завршување на санацијата на дефектот.
Во присуство на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, под строги здравствени протоколи поради пандемијата, но и под силно полициско обезбедување поради најавените протести, по пауза од една година во Солун денеска започнува 85-от Меѓународен саем, јави дописничката на МИА од Атина. Викендов, Солун е во центарот на вниманието на грчката јавност, со оглед на тоа што вечерва е свеченото отворање со говорот на Мицотакис, а паралелно закажани се и шест различни протести. Над 5.000 полицајци ќе бидат ангажирани за безбедноста во градот, со оглед на тоа дека протестите се на различни локации и организирани од синдикатите, од левичарско – анархистички организации,…
Нападите на Ал Каеда врз САД на 11 септември 2001 година не успеаја да ги поделат оние кои веруваат во слобода и демократија, рече британскиот премиер Борис Џoнсон во видео порака по повод 20 – годишнината од нападот. – Иако терористите наметнаа товар на тага и страдање, а заканата продолжува и денес, сега по 20 години можеме да кажеме дека не успеаја да ја разнишаат нашата верба во слободата и демократијата. Терористите не успеаја да ги разделат нашите народи, ниту да нe натераат да ги напуштиме нашите вредности или да живееме во вечен страв, нагласи Џонсон во видеото. Видео пораката…
Министерството за внатрешни работи вчера спроведе зајакната акциска контрола на територијата на државава за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што се санкционирани 259 возачи. Од нив, како што информира МВР, 20 се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возила се движеле со дури над 70 километри. Притоа, 108 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 151 надвор од населено место. Од МВР најавуваат дека и во следните денови ќе продолжат засилените акциски контроли и апелираат сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и…
Навивачката група „Бласти“ објави дека денеска во 13.30 часот ќе се организира протестен марш во чест на жртвите кои го загубија животот во модуларната ковид болница во Тетово. Маршот ќе биде мирен и ќе започне од плоштадот Илирија во центарот на Тетово, а ќе заврши пред болницата. Вечерта на 8 септември по избувнување на пожарот во модуларната болница животот го изгубија 14 лица, а 12 беа повредени.
Најмалку две лица загинаа, а деветмина се повредени откако торнадо го погоди италијанскиот остров Пантелерија, помеѓу сицилијанскиот и тунискиот брег. Како што јавуваат италијанските медиуми, меѓу загинатите има пожарникар кој не бил на должност и 86-годишен маж. Двајцата биле во своите автомобили кога торнадото го зафатил крајбрежниот пат. Четири лица од повредените се во критична состојба. Некои ќе бидат пренесени во сицилијанскиот град Палермо. Од невремето има урнати кровови и превртени автомобили. Иако торнадата обично не се поврзуваат со Европа, секоја година се случуваат неколку стотици. За многу од нив нема информации бидејќи се јавуваат во некои оддалечени рурални области.…
На Бит Пазар вчера во 17:20 часот од полициски службеници од СВР Скопје е лишен од слобода Б.А. (27) од Скопје. Откако сопреле патничко моторно возило „ауди А7“ со скопски регистарски ознаки, пријавениот излегол од возилото и се дал во бегство, но бил фатен и при преглед кај него е пронајден пиштол „ЦЗ 9мм“, две рамки со по седум куршуми кал.9мм без дозвола за поседување, мобилен телефон и други предмети, соопшти Министерството за внатрешни работи. По документирање на случајот, како што се посочува, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, стои во соопштението.
Третата најнаселена австралиска држава, Квинсленд предупреди дека може да нареди итно затворање (локдаун) поради зголемувањето на бројот на случаи заразени со Ковид-19. Државата Квинсленд, во која живеат повеќе од пет милиони луѓе, објави дека е регистрирано рекордно дневно зголемување на бројот на заразени, пет нови инфекции во последните 24 часа, откако едно семејство од Бризбејн, главниот град на државата, е позитивно на коронавирусот. Властите соопштија дека следните денови ќе бидат критични и останува да се види дали затворањето е оправдано. – Ако видиме ширење на заразата, можеби ќе треба да преземеме многу брза акција. Но, во моментов тоа е кај…
Американците денеска ја одбележуваат 20-годишнината од нападите на 11 септември во година во која војниците хаотично заминаа од Авганистан, и временски период во кој се променија многу работи во светот откако почна глобалната војна против тероризмот. Целата приказна за тоа како се случија нападите останува тајна. Минатата недела Бајден нареди објавување на доверливи документи од истрагата на ФБИ во текот на следните шест месеци. На Менхетен има нови зданија. Пред неполни две недели, последните американски војници заминаа од аеродромот во Кабул, со што заврши таканаречената „Forever War“, но остана националната расправија за тоа, која за претседателот Џо Бајден е политичка…