Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почнува Меѓународниот саем во Солун со говор на Мицотакис и низа протести

0
By НОВА ТВ on September 11, 2021 РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, September 11, 2021 11:47

Во присуство на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, под строги здравствени протоколи поради пандемијата, но и под силно полициско обезбедување поради најавените протести, по пауза од една година во Солун денеска започнува 85-от Меѓународен саем, јави дописничката на МИА од Атина.

Викендов, Солун е во центарот на вниманието на грчката јавност, со оглед на тоа што вечерва е свеченото отворање со говорот на Мицотакис, а паралелно закажани се и шест различни протести.

Над 5.000 полицајци ќе бидат ангажирани за безбедноста во градот, со оглед на тоа дека протестите се на различни локации и организирани од синдикатите, од левичарско – анархистички организации, но и од антиваксерите.

Меѓународниот саем во Солун се одржува традиционално секоја година во септември и е домаќин на странски изложувачи, учество на земји од целиот свет, странски и домашни политичари и слично, а официјалното отворање е со говор на премиерот на Грција, кој ја соопштува владината програма и следните планови.

Политичкиот дел започнува вечерва со говор на Кирјакос Мицотакис, а утре грчкиот премиер ќе ја одржи и традиционалната прес-конференција.

Се очекува Мицотакис да соопшти даночни олеснувања, мерки за справување со зголемените цени, но и мотивација за младите да се вакцинираат.

Саемот ќе трае до 19 септември, на маргините ќе се одржи и „Thessaloniki Helexpo Forum 2021“ со низа форуми, средби, меѓу кои и конференција посветена на Западен Балкан, а следниот викенд говор и прес-конференција ќе одржи лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас.

Оваа година централната тема на саемот е „Грција: минато- сегашност- иднина“, посветена на 200-годишнината од грчката револуција, а ќе учествуваат над 900 изложувачи од 15 земји (Кипар, Виетнам, Ерменија, Луксембург, Полска, Португалија, Бангладеш, Индонезија, Романија, Италија, Русија, Србија, Малта, Бугарија и Германија).

Меѓународниот саем лани беше откажан поради пандемијата, но се одржа политичко – економски форум „Thessaloniki Helexpo Forum“.

Организаторите, 85-от саем го најавија како прв Covid Free саем во Европа, работи под специјални здравствени протоколи и дозволен е влез само за вакцинирани или лица кои прележале Ковид-19.

Грција Мицотакис протести Саем
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.