Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ
Најголем дел од учесниците на локалните избори, политички партии и независни кандидати го чекаат последниот ден да ги поднесат своите кандидатури за локалните избори на 17 октомври. Кандидатурите се поднесуваат до Општинските изборни комисии (ОИК) до денеска на полноќ. ОИК ќе имаат свои тимови кои ќе дежураат до завршувањегто на рокот за да овозможат кандидатурите да бидат поднесени. Општинските изборни комисии ќе ги разгледуваат канндидатурите и доколку ги исполуваат условите ги прифаќаат или има даваат соодветен рок на подносителите да ги исправат недоследностите. Откако ќе бидат прифатени, односно најдоцна до 18 септември, ОИК ги доставува листите до ДИК за да…
Времето денеска ќе биде променливо облачно и потопло, со услови за појава на краткотраен дожд во западните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималните температури ќе се движат од 21 до 31 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно и потопло со дневна температура до 29 степени. Утре ќе преовладува претежно облачно време, а од понеделник и во следните денови стабилно, сончево и потопло.
Моралната одговорност е категорија во која човек од страна не може да ја сугерира, тоа е лично чувство. Ако ме прашувате лично, кога јас би бил во таква ситуација, тие што ме познаваат го знаат одговорот. Јас не би чекал ниту секунда. Би поднел оставка од морални причини, вели претседателот на државата, Стево Пендаровски во интервју за „360 степени“ на ТВ Алсат. – Тоа е чувство кое го имаш во себе, имаш некој праг по кој велиш ‘после ова јас не можам да бидам, раководител, директор, министер, претседател…’ и тука не може на никого да му сугерирате, тоа е лично…
По оставката на министерот за здравство Венко Филипче од владејачката партија СДСМ, каде тој е потпретседател, изразуваат почит кон неговата одлука. Филипче информираше дека оставката писмено ја доставил до премиерот Зоран Заев, кој се нема произнесено дали ќе ја прифати оставката. – Како партија изразуваме почит кон одлуката на министерот Венко Филипче за понудената оставка и ги почитуваме одлуките и на заменикот – министер за здравство и директорите на болницата во Тетово. Одлуката на министерот за здравство Филипче, поттикната од чувството на морална одговорност, ја отсликува неговата посветена, чесна работа како одговорен министер, со строго почитување на етичките правила и…
Кривичен совет на гостиварскиот суд му го укина притворот од 30 дена на Кичеец кој му беше одреден поради предизвикување на сообраќајна несреќа. Зоран Милевски – Кичеец кој доби 30 дневен притвор денеска излезе од скопскиот истражен затвор во Шутка. Тој е транспортиран во затворот во Струга кој е од отворен тип за да ја доиздржи тригодишна казна за случајот „Рекет“. Трансферот на Кичеец од Скопје до Гостивар следи откако кривичен совет на гостиварскиот суд по негова жалба го укина 30 дневниот притвор, кој траеше само три дена. Претходно притворот му беше одреден поради тешката сообраќајна несреќа која се случи…
Бразилските фудбалери имаат шанса да играат на претстојните натпревари од шампионатот на Англија, пренесува „The Telegraph“. Како што е наведено, официјални претставници и шефови на фудбалски федерации преговараат за укинување на забраната, иако Бразилската фудбалска конфедерација (ЦБФ) сè уште не се откажала од нејзиното барање. Претходно, ФИФА, на барање на ЦБФ, им забрани на осум играчи од Ливерпул, Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Челзи, Евертон и Лидс да играат за клубови следните пет дена. Ова се должи на фактот дека клубовите во англиската Премиер лига одбија да ги пуштат бразилските играчи во бразилската репрезентација. Доколку се прекрши забраната, англиските клубови се…
Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи присуствува на „Southeast Europe Energy Forum 2021“ во организација на Американско- грчката стопанска комора и Грчката асоцијација за енергетска економија. Изградбата на интерконекторот со Грција ќе ни даде можност да се позиционираме како регионален центар за снабдување со гас на земјите во регионот на Југоисточна Европа, истакна заменик-претседателот на Владата на Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи за време на неговото учество на панел дискусија на енергетскиот форум за Југоисточна Европа, што денеска се одржа во Солун, јави дописничката на МИА од Атина. На маргините на…
Се уште гори големиот шумски пожар над железничката станица „Рајко Жинзифов“ во близина на Велес. Гори нискостеблеста дабова шума, трње, и трева. Пожарот се шири на потегот кон селото С’лп, но засега, како што информираат за МИА од Територијалната противпожарна единица Велес, нема опасност да се прошири во селото. Екипа од ТППЕ Велес веднаш отишла на терен и се уште работат на гаснење на пожарот. Интервенираат осум пожарникари со две протвпожарни возила. Од ТППЕ Велес за МИА посочија дека пожарот кај нив бил пријавен во 13 часот и 10 минути.
Албанската опозиција го повикува обвинителството да не подлегне на политички игри. Тие коишто пред само 24 часа рекоа дека е време за предизвици, а не за оставки, по објавувањето на првите индиции за трагични грешки во изградбата на модуларната болница во Тетово, даваат оставки, реагираат од Алијанса за Алабанците по оставката на четирите функционери во министерството за здравство. Оттаму велат дека оставките се задоцнети за да се оправда, како што велат, нефункционалната влада која мора да поднесе оставка. – Во минатото видовме случаи што завршија со оставка и во следниот мандат со повторно назначување на истите функционери во други оддели,…
Опозициската партија ВМРО – ДПМНЕ по оставката на министерот за здравство, Венко Филипче, соопшти дека тоа не е доволна. Опозицијата бара оставка и од премиерот Зоран Заев, за како што велат, да се гарантира независна истрага за случајот со изгорената модуларна болница во Тетово. – Само со на Заев ќе гарантира независна и објективна истрага. 15 животи згаснаа во институција за чија безбедност е должна и одговорна државата. Заев да не се крие позади оставката на Филипче, се вели во соопштението на ВМРО – ДПМНЕ.
Повредените од пожарот во модуларната болница во Тетово се во стабилна состојба и немаат сериозни повреди, вели координаторот на ковид центарот во Тетово, д – р Гзим Нуредини во изјава за Телевизијата 24. Тој вели дека меѓу починатите лица двајца се цивили, а другите 12 биле хоспитализирани пациенти позитивни на Ковид – 19. – Ковид центарот беше снабден со неопходниот кадар како лекари, специјалисти, технички персонал, медицински сестри, така што немавме никакви проблеми. Што се однесува до посетите од страна на роднините, кај нас има пациенти коишто се роднини на некои од медицинските сестри или други вработени. Можеби и тоа…
Во изминатите 24 часа министерството за здравство евидентира 31 починат пациент како последица од Ковид – 19. 18 – годишна трудница од Гевгелија почина поради компликации од Ковид – 19. Таа била во седмиот месец од бременоста и имала коморбидитети, тешко срцево заболување и страдала од редок генетски синдром. Директорот на болницата во Гевгелија, Димитар Крџев во изјава за СДК рече дека целото нејзино семејство било позитивно на вирусот, а во болницата пристигнале со силно развиени симптоми. Трудницата била задржана 24 часа во болницата, а бидјеќи немало подобрување на нејзината здравствена состојба била пренесена на скопските клиники, каде што по…