Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Битиќи: Интерконекторот со Грција можност да станеме регионален центар за снабдување со гас во Југоисточна Европа

0
By НОВА ТВ on September 10, 2021 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, September 10, 2021 20:33

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи присуствува на „Southeast Europe Energy Forum 2021“ во организација на Американско- грчката стопанска комора и Грчката асоцијација за енергетска економија.

Изградбата на интерконекторот со Грција ќе ни даде можност да се позиционираме како регионален центар за снабдување со гас на земјите во регионот на Југоисточна Европа, истакна заменик-претседателот на Владата на Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи за време на неговото учество на панел дискусија на енергетскиот форум за Југоисточна Европа, што денеска се одржа во Солун, јави дописничката на МИА од Атина.

На маргините на „Southeast Europe Energy Forum 2021“ организиран од Американско- грчката стопанска комора и Грчката асоцијација за енергетска економија, националните преносни компании за гас во Северна Македонија и Грција НЕР и ДЕСФА потпишаа договор за соработка за развој и изградба на интерконекторот за природен гас меѓу двете земји, а Битиќи истакна дека „овој договор ги дефинирани условите за соработка и временската рамка за изградбата“.

-Тоа е еден од нашите клучни проекти. Изградбата на овој интерконектор ќе отвори можности за двете земји, но не само за нив. Ќе ни даде можност да се позиционираме како регионален центар за снабдување со гас на земјите во регионот на Југоисточна Европа и очигледно, за нашата национална економија ќе значи диверзифицирани eизвори на енергија и поттикнување на конкурентноста, рече Битиќи и додаде дека се планираат интерконектори и со другите соседни земји, како што се Косово, Србија и Албанија.

Истакна дека на овој начин се покажува дека „инвестирањето во побезбедно, конкурентно, поевтино и поеколошко снабдување со енергија ќе значи инвестирање во нашата иднина“.

-Како земја свесна за ова, ние сме целосно посветени и убедени дека целите поставени во ревидираните национални придонеси, што неодамна беа усвоени, ќе бидат целосно исполнети како што беше планирано во сите сектори, додаде вицепремиерот.

За време на неговото излагање се осврна и на другиот проект со Грција, односно потпишаниот договор за соработка за изградба на гасниот терминал во Александруполи, каде Северна Македонија ќе поседува 10 отсто од акциите на терминалот и дека со 25 проценти, учествуваме во изградбата на гасната централа во близина на грчкиот град.

-Докажавме дека е можно да се соработува, дека не постои непремостлива пречка и дека преку дијалог, меѓусебно почитување, разбирање и соработка секој предизвик може да се реши, а овие стратешки проекти кои се важни за целиот регион и се поддржани од нашите партнери ЕУ и НАТО, се доказ за тоа, истакна Битиќи.

Рече дека веќе постои согласност во првиот квартал на 2022 година да биде воспоставен нафтоводот помеѓу Солун и Скопје со кој управува „Хеленик Петролеум“, што е „дополнителен заеднички напор кој го покажува визионерскиот пристап на Северна Македонија и Република Грција каде геополитичките позиции се користат мудро за зголемување на конкурентноста и економската благосостојба на граѓаните во двете земји“.

Говорејќи за енергетските политики во Северна Македонија истакна дека новиот закон за енергетика е целосно усогласен со ЕУ регулативите, како и со Енергетската заедница, и овозможува реализација на новата Стратегија за развој на енергетиката до 2040 година и Националниот план за клима и енергија, кој се чека на усвојување.

Посочи дека за овие активности „Енергетската заедница ги пофали нашите напори и посветеност“, бидејќи, како што рече, сме првата земја на Западен Балкан што го стори сето тоа.

Објасни дека Владата го усвои Интервентниот план за инвестиции, со кој во еден среднорочен период, до 2027 година е предвидена реализација на инвестиции во вредност од 8,2 милијарди евра.

-Во вкупните инвестиции, најголем обем, зафаќаат токму проекти од енергетиката, предвидени на ниво од 3,1 милијарди евра, со што го докажуваме нашиот фокус за транзиција кон зелена енергија, а понатаму следуваат 2,7 милијарди евра за патна и железничка инфраструктура, уште еден доказ дека сме посветени на градење на врски со соседите и овозможување на услови за поголема конкурентност и на Северна Македонија, но и на целиот регион на Западен Балкан, објасни вицепремиерот.

битиќи Солун форум
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 8, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

ВЕСТИ July 8, 2026

Постојат сериозни изгледи до 2028 година уште една земја од Западен Балкан да стане членка…

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

July 7, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.