Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ
Кандидат на ВМРО – ДПМНЕ за градоначалник на општината Гази Баба е Бобан Стефковски. Него го претстави лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. – До мене овде е идниот градоначалник на Гази Баба Бобан Стефковски, а исто така и идниот градоначалник на Градот Скопје, ѓ-ѓата Данела Арсовска. Ќе кажат тие дел од своите планови, својата визија за општината Гази Баба, но и развојот на Градот Скопје, изјави Мицкоски.
Светската фудбалска федерација (ФИФА) објави податоци за трансферните трошоци ова лето. Од јуни до август 2021 година, клубовите направија 7.481 меѓународен трансфер – нешто помалку од минатата година (7.771). Сите транзиции чинат 3,72 милијарди долари, што е за 7,5% помалку од 2020 година (4,02 милијарди долари). Ова е нешто повеќе од 60% од рекордната сума потрошена во 2019 година (5,8 милијарди). Повеќето зделки летово беа склучени со учество на играчи чии договори со нивниот поранешен клуб истекоа (58,6%). Закупот и враќањето на фудбалерите од закуп изнесуваа 26,6% од сите трансакции, а целосните трансфери – само 14,8%. Играчите во возрасните групи…
Инвестирајте во младите, покажете им дека имаат можности дома, порача Коен Давидс, извршен директор на Светска банка на првиот ден од Меѓународниот економско-финансиски форум што се одржува во Скопје во организација на Министерството за финансии. – Треба да се создадат можности за младите, да се инвестира во нив бидејќи регионот се соочува со одлив на мозоци. Важно е да им се покаже на младите дека имаат повеќе можности тука, важно е тие да си го најдат своето место во општеството, рече Коен на третиот панел што се одржа попладнево, а на кој се дебатираше за доброто управување и општествената кохезија.…
Поголемо закрепнување на економијата од последиците на пандемијата со КОВИД-19 имаа оние земји каде што имаше поголема вакцинација и каде беа развиени системите за е-трговија, порачаа претставниците на ММФ и Светска банка на денешниот панел „Макроекономските политики и јавните финансии во време на постпандемискиот период“ на Меѓународниот eкономско – финансиски форум (СЕФФ) во Скопје и додадоа дека треба да се најдат попроникливи и покреативни интервенции во економијата. Алфред Камер, директор на европскиот сектор на ММФ посочи дека се уште треба да се одржи целната поддршка, но сега, како што кажа, политиките мора да се фокусираат на работниците и да им…
Земјоделците не се сами во својата борба за пласман, профит, модернизација, развој и унапредување на проивзводството, истакна министерот во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, вечерва во Битола. На манифестацијата „Избираме најуспешни во областа на земјоделството“, министерот Хоџа нагласи дека Владата е секогаш тука да креира мерки, да интервенира кога не оди, да помага кога сам не се може. -Да се биде земјоделец значи да се биде храбар, истраен, вреден, неуморен, посветен и трпелив. Да се биде земјоделец значи чест да ги имаш сите овие особини надградени со љубов кон професијата и грижа за природата. Да се биде…
Македонската одбојкарска репрезентација попладнево во Тампере загуби од Шпанија со 3:1 и го забележа четвртиот пораз во исто толку натпревари на 32. Европско првенство. Шпанците го добија првиот сет со 25:23, во вториот беше 21:25 за македонскиот состав, а клучен за исходот беше третиот сет 30:28, во кој Македонците не реализираа три сет-топки. Во четвртиот Шпанците беа убедливи со 25:15. Во поени резултатот е 101:91, во сервис ас 4:4, во блокови 13:4 за победничката селекција. Најефикасни во македонскиот национален тим беа капитенот Никола Ѓорѓиев со 26 и Александар Љафтов со 13 поени. Последниот меч на евро-шампионатот „црвено-жолтите“, кои се без…
Поради подготовки за настанот по повод Денот на независноста, во централното градско подрачје на град Скопје утре 7.9.2021 година (вторник), почнувајќи од 11:00 часот затворени за сообраќај ќе бидат: – ул. „11-ти Октомври“ и ул. „Димитрие Чупоски“ во правец на движење од ул. „Васил Главинов“ до ул. „Филип Втори Македонски“, додека спротивниот правец ќе биде отворен за сообраќај, а од 15:00 часот сообраќајот ќе биде затворен во двата правци. – Од 23.00 часот на 7.9.2021 година до 11:00 часот на 8.9.2021 година дополнително затворени за сообраќај ќе бидат ул. „Даме Груев“ на потегот од крстосницата со ул. „Македонија“ до крстосницата…
Обединетите нации денеска соопштија дека се „длабоко загрижени поради ужасните услови“ со кои се соочуваат мигрантите на границата меѓу Полска и Белорусија. Меѓутоа, полскиот премиер Матеуш Моравјецки рече дека белоруските безбедносни служби ги снабдувале со храна и пари мигрантите кои со недели се заглавени на границата, што ги охрабрило илегално да преминат во Полска, пренесува Бета. Полска, Литванија и Летонија, земји на Европската унија, го обвинуваат претседателот на Белорусија Александар Лукашенко дека илегално ги пренесува мигрантите од Ирак, Авганистан и Сирија на нивните територии, оценувајќи дека на тој начин се одмаздува на Унијата поради санкциите. Повеќето мигранти или беа протерани…
Целосната поддршка на Европската инвестициона банка (ЕИБ) за Северна Македонија е признание за досегашните проекти на земјата, но и охрабрување за сите идни, истакна премиерот Зоран Заев на денешната средба со делегацијата на ЕИБ, одржана заедно со вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи. Претставниците на ЕИБ денеска зедоа учество на меѓународната конференција „Економско заздравување и раст по Ковид” која е во организација на Министерството за финансии. Премиерот Заев на средбата ја истакна исклучителната соработка со ЕИБ во делот на поддршката на капиталните инвестициски инфраструктурни и други проекти кои се комплементарни на реформските политики…
Судијата Владимир Туфегџиќ до крајот на месецот ќе суди во Кривичниот суд. Потоа ќе стане дел од угледна адвокатска канцеларија. Судскиот совет на денешната седница ја констатираше оставката на судијата Владимир Туфегџиќ. Тој беше судија во Основниот кривичен суд Скопје. Судијата Туфегџиќ пред две недели на својот „Фејсбук“ профил објави дека поднел барање за престанок на вршење на судсиката функција. – Судиската функција ја доживувам како престижна статусна функција која претставува предизвик, да се реализира судија од кариера преку постојано едуцирање и напредок во кариерата. Доколку не се оствари напредувањето во кариерата, како основна цел, мотив и двигател во секоја…
Познати се деталите за трансферот на напаѓачот Антоан Гризман од Барселона во Атлетико, објави „Марка“. Триесетгодишниот напаѓач се пресели во мадридскиот клуб на бесплатна позајмица. Овој договор може да се продолжи за уште една година. Ако Гризман одигра минимум пола од натпреварите на Атлетико во 2022/23 година, тогаш „душекџиите“ ќе можат да го откупат за 40 милиони евра. Ова е максималната сума што Барса може да ја добие од Атлетико за Гризман, и ги вклучува сите бонуси што беа наведени во договорот помеѓу клубовите. Доколку Французинот одигра помалку од 50 отсо од натпреварите на Атлетико, тој бесплатно ќе се пресели…
САД, со помош на меѓународни партнери, евакуираа повеќе од 124.000 луѓе од Авганистан, од кои 6.000 Американци, соопшти денеска Стејт департментот. – Сакам да им се заблагодарам на нашите сојузници и партнери. Оваа операција беше глобален потфат во секоја смисла, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен. Тој додаде дека некои земји помогнале во воздушниот транспорт, додека други се согласиле привремено или трајно да прифатат бегалци од Авганистан. Повеќе од 20 земји учествуваа во акцијата за евакуација на американски државјани, дипломатски персонал од САД и други земји, и загрозени Авганистанци. – Работиме деноноќно за да се осигураме дека американските граѓани, ранливите авганистански цивили и другите можат безбедно да…