Кандидат на ВМРО – ДПМНЕ за градоначалник на општината Гази Баба е Бобан Стефковски. Него го претстави лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

– До мене овде е идниот градоначалник на Гази Баба Бобан Стефковски, а исто така и идниот градоначалник на Градот Скопје, ѓ-ѓата Данела Арсовска. Ќе кажат тие дел од своите планови, својата визија за општината Гази Баба, но и развојот на Градот Скопје, изјави Мицкоски.