Author: Ivana

По ниеден начин не ги доведуваме во прашање идентитетот и јазикот на Република Северна Македонија, порача вечерва бугарскиот премиер Кирил Петков. Тој во одговор на прашање кој е неговиот став за македонскиот јазик и народ истакна дека Бугарија е првата држава која ја призна Северна Македонија како самостојна држава и оти се гордее со тоа. -Кога си самостојна држава ние по ниеден начин не го доведуваме во прашање идентитетот, јазикот во Република Северна Македонија. Тоа е ваше идентитетско право. Никој тоа не го оспорува, рече Петков во интервју за ТВ Сител. Постојат, како што рече, две прашања. -Прво, зошто за…

Read More

Шефот на македонската дипломатија Бујар Османи изјави дека е подготвен да предложи промени во работата на Заедничката историска комисија. – Подготвен сум да предложам да влеземе во разговор за евентуална промена на начинот на работа, а зошто не и структурата и составот на Заедничката историска комисија, рече Османи во интервју за БНТ на денот кога новата влада на Димитар Ковачевски стапи на должност и во пресрет на посетата на бугарскиот премиер Кирил Петков на Република Северна Македонија. Нагласи дека евентуална промена во структурата и пристапот на работата на комисијата нема да биде врзана за конкретни рокови за резултати. Османи истакна…

Read More

 Владата на денешната прва, конститутивна седница, со која претседаваше премиерот Димитар Ковачевски, ги определи вицепремиерите и нивните должности, како и претседателите и членовите на основните и на посебните владини комисии. -Ковачевски им го честиташе изборот на министрите за членови на Владата и им посака добро здравје и многу успех во работата во период во кој е потребна добра соработка и вложување на сето знаење, посветеност и умешност како предуслов за добра и успешна работа на Владата во целина во реализирањето на Програмата за работа која е креирана врз основа на приоритетите на граѓаните, соопшти по седницата владината прес-служба. Како што…

Read More

Претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен упати честитки до новоизбраниот премиер Димитар Ковачевски. Таа на Твитер напиша дека со нетрпение очекува да работи со новоизбраната Влада, како што наведува, за да ги поттикнеме реформите поврзани со ЕУ. Претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен упати честитки до новоизбраниот премиер Димитар Ковачевски. Таа на Твитер напиша дека со нетрпение очекува да работи со новоизбраната Влада, како што наведува, за да ги поттикнеме реформите поврзани со ЕУ.

Read More

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози. Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат во Крушево, Железнец и на планинскиот превој Пресека, информира АМСМ во вечерниот извештај за состојбата на патиштата. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Тоа посебно се однесува за…

Read More

Започнавме со работа, во тек е првата конститутивна седница на новата Влада, објави новиот премиер Димитар Ковачевски на неговиот ФБ профил. – На дневен ред решенија за енергетската криза, стартот на учебната година и одговор на пандемијата, објави Ковачевски. Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, денеска, на прием кај претседателот на државата Стево Пендаровски го претстави новиот владин состав, по изборот од страна на Собранието на Северна Македонија. Подвлекувајќи дека добивањето на мандат е обврска и чест која ја презеде со голема одговорност, премиерот Ковачевски изрази очекување за добра соработка со Претседателот на државата во интерес на…

Read More

Иднината на играчот од средниот ред на Барселона, Усман Дембеле се уште е неизвесна. Клубот бара јасен одговор од играчот за продолжување на договорот до натпреварот против Атлетик во Копа дел Реј закажан за 20 јануари. Дембеле мора да прифати намалување на платата доколку реши да го продолжи договорот. Моментално заработува околу 20 милиони евра годишно. Клубот не сака да излезе од „разумна“ финансиска рамка. Доколку Французинот одбие да го продолжи договорот, тогаш Барса ќе ги разгледа опциите за трансфер на играчот. Во тековното извлекување во Ла Лига, Дембеле има одиграно шест натпревари на кои забележа две асистенции.

Read More

Најмалку 12 лица загинаа во земјотресот со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала што денеска го погоди Авганистан. Жртвите загинале при уривање на покривите на нивните куќи во округот Кадиз во западната провинција Бадгис, информира регионалниот гувернер Мохамед Салех Пурдел. Земјотресот со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала го погоди Авганистан во 11:40 часот по Гринич. Епицентарот се наоѓал на 40 километри источно од Кала-е-Нау, главниот град на авганистанската провинција Багдис и 141 километри североисточно од Херат, на длабочина од 10 километри. 

Read More

ЕУ ги отстрани Австралија, Канада и Аргентина од препорачаната листа на земји од кои патниците, дури и невакцинирани, можат лесно да влезат на територијата на Унијата. Одлуката, договорена од амбасадорите на 27-те земји на ЕУ, е донесена поради растечкиот број на заразени со коронавирус во тие три земји поради варијантата Омикрон. Тие сега се во иста група како и повеќето земји во светот, за кои ЕУ препорачува ограничувања. Сепак, списокот е само препорака и многу земји на ЕУ имаат свои правила за патниците кои пристигнуваат од земји кои не се членки на ЕУ, кои редовно се ажурираат на веб-страницата reopen.europa.eu „Несуштинските…

Read More

Директорот на бугарската агенција за борба против корупцијата Сотир Цацаров поднесе оставка бидејќи новата бугарска центристичка влада бара законски измени за да започне борба против широко распространетата корупција, изјави денеска портпаролот на бугарскиот парламент. Бугарија е рангирана како најкорумпирана земја-членка на Европската Унија според Транспаренси Интернешнл. Коалициската влада предводена од премиерот Кирил Петков, кој ја презеде функцијата минатиот месец ветувајќи нулта толеранција за корупцијата, планира да ја ревидира агенцијата како прв чекор кон ставање крај на климата на неказнивост во таа балканска земја. Аналитичарите велат дека корупцијата на високо ниво е сериозна пречка за амбициите на Бугарија да привлече повеќе…

Read More

Фудбалерот на Пари Сен-Жермен, Лионел Меси ќе ги пропушти следните натпревари на репрезентацијата на Аргентина. Тој нема да биде повикан во националниот тим против Чиле и Колумбија во квалификациите за Светското првенство во 2022 година, објави „TyC Sports“. Фудбалерот неодамна заболе од коронавирус и сè уште не е во оптимална состојба. По договор со стручниот штаб тој ќе добие одмор. Репрезентацијата на Аргентина веќе го има обезбедено пласманот на Светското првенство годинава ќе се игра во Катар.

Read More

Премиерот Димитар Ковачевски утре ќе го пречека неговиот бугарски колега Кирил Петков кој ќе пристигне во еднодневна официјалната посета на нашата земја заедно со Кристиан Вигенин, заменик-претседател на Народното Собрание на Република Бугарија, и со бугарските министри за надворешни работи и за транспорт и врски, Теодора Генчовска и Николај Сабев. Според најавите од Владата, на аеродромот во Скопје владината делегација на Република Бугарија ќе ја пречека министерот за надворешни работи Бујар Османи по што се очекува да започне официјалниот дел на посетата со церемонијалниот пречек со високи државни и воени почести пред Владата на Република Северна Македонија. Бугарската делегација ќе…

Read More