Author: Ivana

Пратеникот од ДУИ Изет Меџити за „Слободен печат“ потврдил дека нема да гласа за новата влада на Димитар Ковачевски.  Тој не сакаше дополнително да образложи зошто не е присутен на собраниската седница за избор на владата, ниту зошто не ѝ дава поддршка. Меџити вели дека досега доста зборувал и дека на јавноста и се познати неговите ставови. Претходно Меџити се спротивстави на изборот на експремиерот Зоран Заев и неговиот лидер Али Ахмети во владата на Заев дека за министри се предложени Артан Груби и Бујар Османи, но тогаш по разговор со лидерот на ДУИ ја гласаше владата на Заев. Во Владата…

Read More

Со возило на Брза помош од приватна клиника, Грк се обидел да пренесе нешто помалку од 320 килограми суров канабис, но бил откриен и уапсен во грчкиот град Игуменица. Како што соопштија од грчката полиција, при претресот на амбулантно возило во сопственост на приватна болница, биле пронајдени 13 торби во кои имало вкупно 129 пакувања канабис со вкупна тежина од 319 килограми и 200 грама. Кај возачот било пронајдено и одземено мало количество кокаин, 900 евра и три мобилни телефони. Полицијата го конфискувала и возилото на брза помош, а уапсениот ќе одговара за поседување, пренесување и трговија со дрога.

Read More

Утре во посета на Република Северна Македонија ќе биде министерката за Европа при Министерството за надворешни работи на Германија, Ана Лирман, информираа владините прес-служби. „Владината делегација предводена од Претседателот на Владата на Република Северна Македонија ќе оствари средба со германската министерка за Европа Лирман, по што следуваат две билатерални средби со заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања и министерот за надворешни работи“, се додава во соопштението. Фокус на разговор ќе бидат билатералните односи меѓу двете земји, економско-политички прашања како и европската перспектива.

Read More

За хуманитарни цели компанијата „Mozzart“ собира по 5.000 денари за секој даден гол на Македонската репрезентација на европското првенство во ракомет. Од двата досега одиграни натпревари на репрезентацијата собрани се 245.000 илјади денари за постигнати 49 гола.  Со оваа традиционална акција, како што соопшти компанијата „Mozzart“, се обидува да се извлече најдоброто од спортистите, но и да се помогне онаму каде е најмногу потребно. Филип Кузмановски, еден од најдобрите стрелци на нашата репрезентација, испрати порака за поддршка пред заминувањето за Унгарија. -Мило ми е што сум вклучен во овој хуманитарен настан на „Mozzart“. Пред една година имавме успешна донација, а средствата завршија за…

Read More

Едно лице физички нападнало вработена во Инфективното одделение во Охрид, информираше полицијата. Директорот на охридската болница, доктор Горан Балевски за „Слободен печат“ го опиша инцидентот и кажа дека утринава во амбулантата на инфективното одделение, пациент што чекал на ред почнал да дави една од двете лекарки на смена. Докторката, инфектолог, имала 62 години. Инцидентот го спречиле некои присутни членови на семејството на пациентот, па лекарката била навремено оттргната од рацете на лутиот пациент. -Ова е срамота. Нема што не се изнагледавме во пандемијата. Во амбулантата дневно има и по 60 прегледи со само две лекарки и денеска една од нив…

Read More

„Глобалните трендови и предизвици поврзани со идентитетите, културното наследство, животната средина, креативните заедници, туризмот и одржливиот локален/регионален развој“ ќе биде во фокусот на дискусиите на десеттата Меѓународна научна конференција „Охрид-Водици 2022“ што од утре ќе се одржува во Охрид. На собирот, организиран од Центарот за напредни истражувања, заедно со Социјалната организација за поддршка на проучувањето на културното наследство од Баку (МИРАС), Универзитетот „Ајдин Аднан Мендерес“ од Турција, московското списание „Руски политички науки“ и Журналот за глобални процеси од Мајами, најавено е учество на над седумдесет учесници, научни работници, експерти од единаесет земји. Отворањето на конференцијата е предвидено за утре во…

Read More

Пратеничката на СДСМ Марија Георгиевска при реплика на опозицијата во врска со кредибилитет и легитимитет на новата Влада од собраниската говорница истакна дека во демократиите во светот неретко е власта на Владата да ја има една политичка опција, а опозицијата да ги добила локалните избори и никој не слушнал дека некој го оспорува легитимитетот. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ пред некое време најави дека ќе се обиде да формира ефикасна политичка Влада, која ќе биде способна да ги решава предизвиците и тоа ќе го направи доколку биде сигурен дека тоа ќе биде влада со сериозен кредибилитет и Влада со силни институции. Одговорете…

Read More

Поранешниот израелски премиер Бенјамин Нетанјаху преговара за признавање на вината на судењето за корупција, изјави денеска лице вклучено во преговорите. Како што се наведува од судот, договорот би може да биде постигнат веќе следнава недела, што може да значи дека Нетанјаху нема да може да се занимава со политиката и дека ќе се отвори патот за нов лидер на неговата конзервативна партија Ликуд. Секој договор, исто така, ќе го ослободи Нетанјаху од срамното и долго судење што може да го оцрни неговото политичко наследство. На Нетанјаху му се суди за измама, злоупотреба на службената положба во три случаи, вклучувајќи и…

Read More

Очекувано, новата влада во претставувањето на програмата докажува дека нема ниту политички капацитет ниту изборен легитимитет да ја води државата, реагираат од Движењето Беса. „Во време на политички, економски, социјални и образовни предизвици, наместо да понуди решенија за суштински проблеми, новиот премиер ја разоткрива идејата за декриминализација на канабисот и празната политичка реторика која не гарантира сигурна иднина на земјата.Сите забелешки што периодов ги даде Движењето Беса се докажани како точни, затоа најдобро решение за излез од кризата што ја предизвикува ова владата се предвремените парламентарни избори“, додаваат од таму. Според нив, извртувањето на политичката волја, пазарењето со купопродажбата на…

Read More

Промените на Уставот треба да ја зајакнат независноста и ефикасноста на судството, а меѓународната заедница и Брисел го гледаат како „клучен чекор“ во процесот на европска интеграција. Франција, Германија, Италија, Обединетото Кралство, Соединетите Американски Држави и ЕУ го поздравуваат националниот референдум за уставните измени во Србија како клучен чекор во зајакнувањето на независноста на судството и подобрувањето на транспарентноста и ефикасноста на институциите за владеење на правото во земјата, пишуваат медиумите во регионот. Во новинарските написи се анализира дека владејачките партии и највисоките владини претставници – од претседателот и премиерот до министрите, ги повикаа граѓаните да го ратификуваат Законот за…

Read More

Собранието денеска напладне ја продолжи расправата за избор на новата влада. Пратеничката Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ на седницата обвини дека мандатарот Димитар Ковачевски не учестувал на избори, не ја побарал довербата и нема глас од ниту еден граѓанин и затоа, како што рече, го нема народниот легитимитет. Таа посочи дека најголем дел од министрите остануваат и се продолжение на „хибриден режим“ кој беше проазен на локалните избори пред неколку месеци. -Во состојба на дури четири кризи, економска, здравствена, енергетска и топлинска, кога имаме вакви кризи мандатарот говори за економска состојба и раст на БДП. Како да треба да заборавиме дека имаме…

Read More

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, застана во одбрана на своите избраници и покрај двата пораза на стартот на Европското првенство. Лазаров верува во младите и очекува нивниот квалитет допрва да дојде до израз. – Уште од моето доаѓање на селекторската функција знам која ни е целта. Поразот од Црна Гора боли, но сакам да истакнам дека она за што се подготвувавме не ни успеа поради многу фактори. Не барам алиби, но ова не е иста репрезентација без Дејан Манасков, без Кирил Лазаров, без Стојанче Стоилов, без Николче Митревски кој дополнително ни се приклучи, без Марковски, Ојлески, невакцинираните итн.…

Read More