Author: Ivana
По редовната пауза, во Собранието попладнево продолжи расправата за новата влада, каде повторно во фокусот беа енергетската криза, економскиот развој, НАТО, но и преговорите со Европската Унија. Пратеникот Елми Азири од Алијанса за Албанците во своето излагање напомена дека граѓаните чекаат подобрувања од Владата, чекаат видливи резултати. Но, според него, овој владин состав многу тешко ќе може да донесе резултати, бидејќи не размислуваат за резултатите. -Ако ги земеме предвид, анализирајќи ја и владината програма, ќе видиме дека има десонанца или противречености меѓу тоа што се вели во програмата, и резултатите. Програмата наликува повеќе на семинарска работа, иако тие велат дека…
Италијанската полиција протестираше против одлуката на Министерството за внатрешни работи според која, полицијата треба да носи розови маски додека е на должност, пренесува „Ројтерс“ Полицијата смета дека розовата боја е штетна за репутацијата на службата. „Не ја разбираме причината зад купувањето на заштитни маски во боја која не прилега за нашата администрација“, се вели во писмото кое полициската унија го испратила до италијанското МВР. „Оваа набавка не остави со прашалници“, е забележано во писмото, каде дополнително е нагласено дека во двегодишната пандемија би требало да е лесно да се набават маски со соодветна боја. Во иднина, заштитните маски треба да…
Еколошки активисти и граѓани и денеска ги блокираат патиштата на неколку локации во Србија, барајќи забрана за ископ на литиум. Блокиран е меѓународниот автопат во Белград кај Сава центарот и мостот Газела. Блокади се најавени и во Лозница, во западна Србија, каде што е блокиран граничниот премин Трбушница со Босна и Херцеговина и на неколку други локации во Србија. Активистите и граѓаните кои се противат на експлоатацијата на литиумот сметаат дека производството на таа руда би ја загрозило животната средина. На блокади повикаа еколошките организации, а им се приклучија и некои опозициски партии, како иницијативата „Да не го давиме Белград“.…
„Верувам дека продолженото присуство на Новак Ѓоковиќ во Австралија може да доведе до зголемување на антиваксерските чувства во австралиското општество, што може да доведе до јавно незадоволство, како што беше забележано во протестите, што самите се извор за ширење на вирусот“, се наведува во ставот на австралсикиот министер за имиграција, Алекс Хоук, кој вчера одлучи по вторпат да му ја укине визата на српскиот тенисер. Хоук детално ја објасни мотивацијата за ваквата своја повторена одлука. „Господин Ѓоковиќ е личност со статус и влијание. Со оглед на неговото однесување по позитивниот тест за Ковид-19 и неговите јавни изјави, како и неговиот…
АД ЕСМ ги поздравува мерките кои ги преземаат Владата на Р. Северна Македонија и РКЕ за надминување на кризата со снабдување со електрична енергија и на кризата со снабдување со топлинска енергија. АД ЕСМ континуирано искажува подготвеност и соработка со институциите и во изминатиот период е ставен на располагање за свој дополнителен ангажман и вклученост во просеците за надминување на кризните состојби. Согласно Уредбата донесена на вчерашната седница на Владата во врска со кризата настаната во снабдувањето со топлинска енергија и дополнителните одлуки кои ќе следуваат, АД ЕСМ ќе го преземе раководењето со БЕГ до завршувањето на кризата со снабдување…
Врвен приоритет е изградбата на Коридорот 8, кој неоправдано доцни со децении. Поврзувањето исток-запад, со Албанија и Бугарија претставува стратегиска обврска и фокус на владата до 2024 година, истакна претседателот на СДСМ и мандатар на новата влада, Димитар Ковачевски во експозето во Собранието. Тој посочи дека продолжуваат со изградба на автопатот Кичево – Охрид и Скопје – Блаце и дека е во план отпочнување на целосна надградба на автопатот Тетово – Гостивар, како и уште четири автопатски делници. -Планирана е тековна реконструкција и изградба на локални патишта во должина од преку 1000 километри во 36 општини, нагласи Ковачевски. Тој во…
Пратеникот од СДСМ Дарко Каевски во обраќањето на денешната собраниска седница, порача дека новата Влада предводена од СДСМ и Димитар Ковачевски преку ефикасни и одговорни политики ќе обезбеди сигурна иднина за граѓаните, пред се за младите. „Еден од главниот фокус на Владата на СДСМ се и младите. Спроведовме многу мерки за млади, но младите секогаш заслужуваат повеќе и очекуваат подобро. Затоа во владината програма е предвидено државата да плаќа придонеси за секое ново вработено младо лице до 29 години. Компаниите во партнерски однос со државата да продолжат и да го зголемат капацитетот на вложување во знаење и вештини преку практична…
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал, во Мелбурн, рекол дека ниту еден играч не е поголем од Австралија опен. Шпанецот, ја коментирал ситуацијата во која се наоѓа освојувачот на девет трофеи на гренд-слемот во Мелбурн, јасно ставајќи до знаење дека не се согласува со светскиот број 1. „Морам да кажам една работа – јасно е дека Новак Ѓоковиќ е еден од најдобрите играчи во историјата на тенисот. Тука не постои сомнеж. Но не постои играч во историјата кој е поважен од натпреварувањето. Никој, ниту Роџер, ниту јас, ниту Новак, ниту Бјерн Борг, кој беше неверојатен во периодот кога играше. Австралија опен е…
Претседателот на СДСМ и мандатар за состав на новата влада Димитар Ковачевски во своето експозе пред пратениците во Собранието порача дека новата влада има јасен и остварлив план за соочување со економската и енергетската криза и надминување на негативните последици. – Главен предизвик во економијата останува соочувањето со ефектите од пандемијата и енергетската криза. Уште на почетокот на мандатот, Владата ќе направи интервентен план за поддршка на населението и стопанството за справување со последиците од енергетската криза. Ова ќе биде направено со цел ублажување на негативните ефекти врз цените и заштита на граѓаните од ценовни шокови, порача Ковачевски. Тој се осврна…
Поранешен вработен во администрацијата на 44-от претседател на САД Барак Обама – Сет Ендрју, се изјасни за виновен за измама со технички средства. Тој се соочува со 20 години затвор, соопшти американското Министерство за правда. – Сет Ендрју, поранешен советник во Белата куќа, денеска се изјасни за виновен за измислување шема за ограбување на училишта. Сега се соочува со федерален затвор за злоупотреба на положбата и ограбување на оние на кои им ветил дека ќе им помогне, се вели во синоќешното соопштение на обвинителот на округот Њујорк Демиен Вилијамс. Во 2005 година, Ендрју помогна да се формира мрежа на јавни…
Пожар во близина на хемиска фабрика во Пасаик, во американската држава Њу Џерси, синоќа се прошири на неколку згради и се заканува да стигне до складиште за хемикалии, соопштија официјални лица. Градоначалникот на Пасаик, Хектор Лора, во видеото објавено на Фејсбук им порача на жителите да се оддалечат од таа населба и да ги затворат прозорците. Тој рече дека пожарникарите се уште ја проценуваат ситуацијата и додаде дека засега нема информации за жртви. Шефот на пожарникарите на тоа место Патрик Трентакост изјави дека зградата била празна кога избувнал пожарот, пренесуваат американски медиуми. – Имало хлор во дел од зградата и…
Тонга, островска држава во Пацификот, денеска издаде предупредување за цунами по ерупција на подводен вулкан. Видео објавено на социјалните мрежи покажува големи бранови кои ги погодуваат крајбрежните области. Метеоролошката служба на таа земја соопшти дека е издадено предупредување за цунами за целиот архипелаг Тонга. Денешната ерупција е последната во серијата ерупции на вулканот Хунга-Тонга Хунга Хаапаи.