Италијанската полиција протестираше против одлуката на Министерството за внатрешни работи според која, полицијата треба да носи розови маски додека е на должност, пренесува „Ројтерс

Полицијата смета дека розовата боја е штетна за репутацијата на службата.

„Не ја разбираме причината зад купувањето на заштитни маски во боја која не прилега за нашата администрација“, се вели во писмото кое полициската унија го испратила до италијанското МВР.

„Оваа набавка не остави со прашалници“, е забележано во писмото, каде дополнително е нагласено дека во двегодишната пандемија би требало да е лесно да се набават маски со соодветна боја.

Во иднина, заштитните маски треба да бидат црни, бели или сини, заклучиле од полицијата.

Италијанското МВР засега нема изнесено став за протестот и барањата на полицијата.