Author: Ivana
Времето денеска ќе биде сончево и студено со умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 2, а максималната од -1 до 6 степени. Во Скопје ќе биде сончево и студено со умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 3 степени. Според најавата на УХМР, денеска почнува период на стабилно, суво и ветровито време со умерен до засилен северен ветер. Минималните температури насекаде ќе бидат под нулата, а најстудено ќе биде во четврток и петок кога утринските температури на места ќе…
Српксиот тенисер Новак Ѓоковиќ денеска на Инстаграм детално објасни зошто не бил во изолација откако бил позитивен на тест за Ковид-19 во декември, и рече дека неговиот агент направил грешка кога ја пополнил неговата декларација за патување во Австралија. „Сакам да нагласам дека вложив сериозни напори за да ја осигурам безбедноста на сите и да ги почитувам обврските за тестирање“, напиша Ѓоковиќ на својот Инстаграм профил. Ѓоковиќ на Инстаграм профил напиша дека се обраќа поради „континуирани дезинформации за неговите активности и присуство на настани“. – Овие дезинформации мора да се коригираат, особено во интерес да се ублажат реакциите на јавноста…
Од направени 37.402 тестови во последните 24 часа во Србија регистрирани се 13.693 лица позитивни на ковид-19. Починати се 22 лица, додека на респираторна поддршка се 86 пациенти. Досега рекордот на нови случаи во еден ден беше оној од 6 јануари кога беа забележни 9.122 позитивни тестови.
Kомпанијата „Фајзер“ подготвува вакцина специјализирана само за сојот омикрон, а која ќе биде подготвена во март, изјави извршниот директор на компанијата, Алберт Бурла, додавајќи дека тие веќе започнале со производство на првите дози. – Оваа вакцина ќе биде подготвена во март, изјави Бурла за Си-ен-би-си. Според Бурла, вакцината исто така ќе дејствува и врз другите варијанти на вирусот. Сепак, Бурла изјавил и дека се уште не е јасно дали вакцината ќе биде неопходна и како ќе се користи, но дека тие ќе имаат подготвени дози доколку некоја земја побара да им бидат испорачани овие вакцини. – Се надеваме дека ќе постигнеме…
Агенциите на Обединети нации денеска побараа од донаторите 4,4 милијарди долари хуманитарна помош за Авганистан. Средствата се потребни за обезбедување иднина за земјата по преземањето на власта од страна на талибанците и повлекувањето на американските трупи. Милиони Авганистанци се во опасност од глад, бидејќи земјата е погодена од една од најлошите суши, што е пропратено со економска криза по враќањето на талибанците минатата година. Според ОН барањето за помош, кое изнесува речиси една четвртина од бруто домашниот производ (БДП) на Авганистан, е највисоко досега побарано за една земја и трипати поголема од сумата што ја добиле во 2021 година, кога…
Повеќе од половина жители на Европа се очекува да се заразат со Омикрон сојот на коронавирусот во следниве два месеца, соопшти Светската здравствена огранизација денеска додека милиони во Кина се соочуваат со нови затворања на двегодишнината од првиот смртен случај од ковид во светот. Високозаразниот сој се шири низ земјите со брзо темпо поради што владите преземаат новите мерки и повикуваат на земање засилувачка трета доза вакцина. Сега Европа е епицентар со алармантно високи бројки на новозаразени што придонесува да се зголеми бројката на хоспитализации и смртни случаи, соопшти СЗО, наведувајќи дека ако продолжи заразувањето со истото темпо вирусот ќе…
Состојбата на раскол, не е природна и одржлива и затоа од се срце сакаме да се најде решение со братски, стрплив дијалог. Уверен сум дека единствениот правилен пат по кој треба да се оди за да се добие трајно решение на овој проблем, е патот од Скопје до Белград, или од Белград до Скопје, како и да е, изјави српскиот патријарх Порфирије во врска со догогодишниот спор меѓу СПЦ и МПЦ-ОА и настојувањата прашањето да се реши преку Вселенската патријаршија. Во божиќното интервју за „Политика”, Порфирије оценува дека никој друг од страна не може да има поголемо разбирање за проблемот,…
Во невремето што ја зафати Хрватска уништена е една стара куќа, гранки и камења ги блокираа патиштата, а ветерот предизвика сообраќајна несреќа во која камион падна во бездна при што загина возачот. Возачот на камионот загинал при пад во бездна, на делница од патот Карлобаг-Сењ кај исклучувањето за Призна, кој се случил синоќа за време на забрана за сообраќај за сите категории возила поради ураганскиот ветер, соопшти денеска полицијата на жупанијата Лика-Сењ. Синоќа беше урната стара напуштена куќа во селото Кричина кај Брибир, а камења и друг материјал од куќата паднале на локален пат, по што релацијата Брибир-Грижане беше затворена за секаков…
Започна пријавувањето за 10-то издание на „Прв до врв“ Водно 2022, кое оваа година ќе се одржи на 15 мај. Како што соопштија организаторите, традиционално, на програмата на најмасовниот планински настан во регионот се трките во планинско трчање, планински велосипедизам, друмски велосипедизам, електрични велосипеди и тим-билдинг трката за компании. Пријавувањето за трките се одвива преку веб страната www.prvdovrv.mk. Настанот го организира здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“ од Скопје.
Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ, кој вчера го доби судскиот спор по жалбата за укинување на визата за Австралија, одржа тренинг на централниот терен на Австралија опен – „Род Лејвер Арена“. Новинарот Бен Ротенберг пренесува дека за време на тренингот на Србинот, биле исклучени камерите кои вообичаено секогаш пренесувале во живо. Во исто време, австралискиот канал „9News“ сепак доби снимка од тренингот направена со дрон. Во австралиските медиуми денес се појавија шпекулации дека Србинот се соочува со едногодишна затворска казна поради прикажување на лажни докази на суд. JUST IN: Novak Djokovic hitting on Rod Laver Arena #AusOpen @wwos @9NewsAUS pic.twitter.com/dglLUnjfmE…
На патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот превој Ѓавато од 08:20 часот е укината забраната за сообраќај за тешки товарни возила, соопшти АМСМ. Претходно во 7 часот беше укината и забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар. АМСМ во утринскиот извештај за состојба на патиштата наведува дека сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, а на повисоките места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат. Врнежи од снег со променлив интензитет има во Тетово, Ресен, Крушево и на планинските превои Буково и…
Бугарскиот премиер Кирил Петков и шефицата на неговиот кабинет Лена Бориславова се во карантин, јави БТА. Мерката е неопходна откако претседателот на Собранието Никола Минчев даде позитивен тест за Ковид-19 по вчера одржаниот Советодавниот совет за национална безбедност. – Како што се правилата за сите други, така ќе бидат и ќе се придржуваат до нив, соопшти владината прес-служба. Оттаму појаснуваат дека се уште е нејасно дали средбата со организациите на работодавачи во Советот на министри закажана за денеска попладне ќе биде откажана.