Од направени 37.402 тестови во последните 24 часа во Србија регистрирани се 13.693 лица позитивни на ковид-19. Починати се 22 лица, додека на респираторна поддршка се 86 пациенти.

Досега рекордот на нови случаи во еден ден беше оној од 6 јануари кога беа забележни 9.122 позитивни тестови.