Author: Ivana
Искрено сочувство до семејството на Давид Сасоли, напиша на својот фејсбук профил Европратеникот Илхан Ќучук и постојан известувач на ЕП за Северна Македонија. – Како претседател на #ЕП и политичар остави многу силна и значајна страница во историјата на Европскиот парламент. Тој ја носеше Европа во срцето, секогаш посветен на градење посилна унија, беше политичар на прогресот и слободата, посветувајќи го својот живот на европската кауза. Почивај во мир, напиша Ќучук.
Согласно анализите на Институтот за јавно здравје, во период од една седмица за 51 процент е зголемен бројот на позитивни од тестирани на SARS-CoV-2. Регистрирани се заболени лица од сите возрасни групи, соопшти денеска Министерството за здравство. Најзастапени се возрасните групи на лица на возраст од 30-39(27 проценти), 20-29(24 проценти) и 40-49(17 проценти). Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9(2 процента). Најголемо зголемување на заболени е кај возрасната група од 20-29 години како и кај возрасната група од 30-39 години. Во период од една недела, односно од 3 до 9 јануари, пријавени се 946 реинфекции, со зголемување од…
Со -5 степени Маврови Анови изутринава е со најниска температура во државава, по што следат со -4 Попова Шапка, -2 Крушево и со -1 Куманово и Дебар. Нула степени се регистрирани во Битола, Прилеп, Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Штип, Виница и Демир Капија, еден во Струмица, Охрид и Претор, два во Крива Паланка и Берово, три во Гевгелија и Дојран. Најмногу снег има во Крушево, каде снежната покривка е 16 сантиметри, во Пожарене 15, 12 во Ѓуриште, седум во Скопје-Зајчев рид, пет Скопје – Петровец, четири Битола, три Дебар, два Тополчани, а еден сантиметар снег има во Куманово. Во изминатите 24…
Во рамки на подготовките за претстојното Европско првенство, македонските репрезентативци утрово ќе го одработат последниот тренинг пред заминување во Дебрецин. Во текот на подготовките согласно протоколарниот режим на тестирање одреден од Европската Ракометна Федерација, беа извршени ковид ПЦР тестирања во три наврати. Според резултатите од вчерашните ПЦР тестирања направени во овластена лабораторија за сите членови на таборот на Ракометната федерација на Македонија, кај 5 (пет) претставници кои денес требаше да заминат на Европското ракометно првенство 2022, детектиран е вирусот SARS-CoV- 2 (Covid-19), соопшти синоќа Ракометната федерација на Македонија. Македонската експедиција денес во 14:10 часот треба да замине за Дебрецин –…
Земјотрес со јачина од 3 степени по Рихтер со епицентр на 17 километри од Битола утрово беше почуствува во Македонија. Истиот бил со длабочина од два километри. Во текот на ноќта имало уште два, во близина на Битола, едниот со јачина од 3.1, а вториот со 2.8 по Рихтер.
Мандатарот и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски денеска до Собранието треба да ги поднесе новиот состав на Владата, како и владината програма, откако по синоќешните седници на Извршниот и Централниот одбор на СДСМ ги објави имињата на членовите на владиниот кабинет. За вицепремеир за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси е предложена Славица Грковска, поранешна пратеничка на СДСМ, за вицепремир задолжен за економски прашања коориднација на еконсмките ресори и инвестиции – актуелниот Фатмир Битиќи, за вицепремир за европски прашања е предложен Бојан Маричиќ, досегашен министер за правда. За министер за одбрана е предложена Славјанка Петровска, пратеничка…
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи претежно од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 4, а максималната ќе достигне од 3 до 6 степени. Како што соопштија од УХМР, во Скопје времето ќе биде облачно со повремен локален снег во делови од регионот. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 4 степени. Од среда следува период на стабилно, суво и ветровито време со умерен до засилен северен ветер. Минималните температури насекаде…
Претседателот Стево Пендаровски, денеска, ќе го прими претседателот на Република Албанија, Илир Мета, кој е во посета на Република Северна Македонија. Како што соопштија од Кабинетот на претседателот, средбата ќе се одржи во кабинетот на шефот на државата. Претседателот Мета е во работна посета на земјава на покана од Институтот за духовно и културно наследство на Албанците. Како што соопштија од оваа јавна национална установа, Мета во Скопје во просториите на Институтот, денеска, треба да одржи предавање на тема „Албанците во новиот милениум – предизвици и перспективи“. Албанскиот претседател заедно со делегацијата на Одделението за наследство на Гонџа Бојаџиу –…
Со новите КОВИД-случаи во вчерашната статистика, бројот на активни заразени лица во земјава надмина десет илјади (10 383), а вкупниот број инфицирани од почетокот на епидемијата кај нас достигна 234 277. По Скопје, каде што во моментов потврден вирус имаат 6212 луѓе, со највисоки бројки следуваат Битола со 876 и Прилеп со 535. Од новодијагностицираните 813, во главниот град се 549, а следни со најмногу нови заразени се Битола – 49 и Куманово – 40. Движењето „Поддршка за онлајн-настава“ вчера побара второто полугодие од учебната 2021/2022 да почне со онлајн-настава поради нагорната линија на позитивни лица и затоа што, како…
Претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли почина на 65-годишна возраст. Тој почина утрово во болница во североисточната италијанска општина Авијано, потврди неговиот портпарол за ДПА. Инаку, како што соопшти неговиот портпарол Роберто Куиљо, Сасоли во понеделникот беше хоспитализиран во Италија поради лошата состојба на имунолошкиот систем. Тој во соопштението наведе дека Сасоли се наоѓа в болница од 26 декември минатата година и дека поради тоа откажани се сите негови активности. – Хоспитализацијата беше неопходна поради сериозни компликации по дисфункција на имунолошкиот систем, се вели во соопштението. Сасоли (65) во септември минатата година имаше тешка форма на пневмонија и уште тогаш…
Новак Ѓоковиќ продолжил да тренира набргу откако денеска беше пуштен од имиграцискиот притвор во Мелбурн, што уследи по одлуката на федералниот суд да му се врати визата за влез во Австралија, изјави неговиот брат Ѓорѓе на прес-конференцијата во Белград. – Новак е слободен и пред малку тренираше на тениски терен. Тој дојде во Австралија за да игра тенис и да се обиде уште еднаш да го освои Австралија опен“, кажа Ѓорѓе Ѓоковиќ. Ѓоковиќ се огласи на Твитер за првпат откако во средата беше притворен по поништувањето на визата. – И покрај сè што се случи, сакам да останам и да…
Девет деца загинале во експлозија во источен Авганистан, во близина на границата со Пакистан, а четири се ранети, соопшти денеска канцеларијата на локалниот гувернер. Во соопштението се наведува дека експлозијата се случила во областа Лалопар, во источната провинција Нагархар, кога количка, со која се продавала храна, удрила во стара минофрлачка граната. Американските медиуми наведуваат дека засега нема други детали за несреќата. Провинцијата Нагархар е седиште на ривалите на талибанците, таканаречената Исламска држава, која изврши неколку напади врз нив откако тие ја презедоа власта во Авганистан во средината на август минатата година. Исламската држава, додаваат американските меидуми, во Авганистан оперира од…