Претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли почина на 65-годишна возраст. Тој почина утрово во болница во североисточната италијанска општина Авијано, потврди неговиот портпарол за ДПА.

Инаку, како што соопшти неговиот портпарол Роберто Куиљо, Сасоли во понеделникот беше хоспитализиран во Италија поради лошата состојба на имунолошкиот систем.

Тој во соопштението наведе дека Сасоли се наоѓа в болница од 26 декември минатата година и дека поради тоа откажани се сите негови активности.

– Хоспитализацијата беше неопходна поради сериозни компликации по дисфункција на имунолошкиот систем, се вели во соопштението.

Сасоли (65) во септември минатата година имаше тешка форма на пневмонија и уште тогаш беше хоспитализиран. Тој се врати во Италија да се опорави, но неговата состојба повторно се влоши.