Искрено сочувство до семејството на Давид Сасоли, напиша на својот фејсбук профил Европратеникот Илхан Ќучук и постојан известувач на ЕП за Северна Македонија.
– Како претседател на #ЕП и политичар остави многу силна и значајна страница во историјата на Европскиот парламент. Тој ја носеше Европа во срцето, секогаш посветен на градење посилна унија, беше политичар на прогресот и слободата, посветувајќи го својот живот на европската кауза. Почивај во мир, напиша Ќучук.