Author: Ivana

Повеќе од 78 отсто од возрасните луѓе во Европската унија се вакцинирани против коронавирус во изминатата година, изјави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. – Пред точно една година, во Европа почна вакцинирањето против Ковид-19. Изминавме долг пат. Повеќе од 78 отсто од возрасните во ЕУ веќе се вакцинирани, рече шефицата на ЕК во видео обраќање. Според неа, вакцинацијата, вклучително и засилувачката доза на вакцината, останува најдобриот начин за справување со пандемијата на коронавирусот. – Зголемената брзина на ширење на коронавирусот, особено на варијантата Омикрон, ја прави вакцинацијата уште поважна … Имаме доволно дози за да може секој да се вакцинира и да добие дополнителна доза на вакцина, рече Фон дер…

Read More

Со појавата на новиот сој на коронавирус, Омикрон голем број авиокомпании се принудени да откажат илјадници летови дневно. Токму поради оваа причина, група туристи од Србија остана „заробена“ во Занзибар. – Во Занзибар беа заробени неколку стотини српски туристи и тие пристигнаа таму или преку агенции или самостојно. Оние кои пристигнаа со Флај Дубаи, кои откажаа голем број летови, сега имаат голем проблем, бидејќи се работи за нискобуџетна, евтина компанија и работат по различни правила. Имено, големите авиокомпании имаат обврска да ви го заменат билетот во случај на непредвидена ситуација, но нискобуџетните компании ја немаат таа обврска. Тоа значи дека…

Read More

Откако на Божиќ вооружен маж со оружје се обидел да упадне во замокот Виндзор каде кралицата Елизабета Втора. го прославуваше Божиќ со своето семејство, излезе шокантно видео објавено непосредно пред да се открие нападот. It’s been revealed a 19-year-old intruder who was arrested in the grounds of Windsor Castle was armed with a crossbow – and it’s claimed he intended to assassinate the Queen. https://t.co/TWh1KQycs4 @MKarstunen #7NEWS pic.twitter.com/ADMQh9WWut — 7NEWS Sydney (@7NewsSydney) December 27, 2021 Човекот на видеото, маскиран, држи самострел и се заканува дека „ќе ја убие кралицата поради одмазда за масакрот во Амритсар во 1919 година“. Додека зборуваше,…

Read More

Голема израелска болница денеска почна да им дава четврта доза од вакцината против ковид-19 на 150 медицински работници, како дел од студијата чија цел е да се процени дали е неопходно да се даде втор засилувач низ целата земја. Медицинскиот центар Шеба во близина на Тел Авив објави дека нивното испитување ќе „фрли светлина“ на ефективноста на четвртата доза и ќе им помогне на носителите на одлуки да ја одредат здравствената политика во Израел и во странство, пренесува Ројтерс. Експертска комисија од израелското Министерство за здравство препорача да им се понуди четврта доза од вакцината „Фајзер/Бионтек“ на Израелците постари од…

Read More

Членовите на  комисијата од македонска страна се добро обучени фалсификатори на историјата кои иако ги знаат фактите, не сакаат да се усогласат со нив, смета членот на бугарската комисија за историски прашања, профсорот Кирил Топалов.  Тој во интервјуто за БГНЕС го коментира и ставот на претседателот на МАНУ, Љупчо Коцарев, за што вели дека е провокација како за Бугарија, така и за Грција. – Неодамна претседателот на нивната академија на науките, Љупчо Коцарев, излезе со шокантна изјава, која всушност политички ги испровоцира и Бугарија и Грција. Тој рече дека во Македонија е создадена македонската азбука и македонскиот јазик, дека Климент и…

Read More

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска во Сјеница изјави дека опозицијата знае дека ќе ги загуби изборите во април и затоа шират приказни дека некој ќе ги украде изборите иако на гласачките места ќе имаат повеќе луѓе од неговата СНС. Претседателот ова го кажа одговарајќи на прашањето на „Пинк“ за коментар на најавата на Партијата за слобода и правда на Драган Ѓилас дека 38,6 отсто од граѓаните веруваат во победа на опозицијата на изборите во Белград, а 36,8 отсто во победа на власта. „Тие постојано велат дека победуваат, а ние постојано велиме дека губиме, но тоа нема врска со вистинските…

Read More

Министерството за труд и социјална политика известува дека од денес 27.12.2021 год. (понеделник) започнува етапната исплата на декемвриските пензии. Пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот КОВИД-19. Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата: За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 27.12.2021 година (понеделник); За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 28.12.2021 година (вторник); За пензии со висина…

Read More

Аргир во Љубљана, Блажевска, Илиевски и Мартиновски во Управниот одбор, a Мукаетов, Јосифовски, Костов, Гечев и Анѓушев во Клубот 100 Секогаш сум тврдел дека зградите се ништо без личностите. И секогаш сум тврдел дека институциите ги чинат луѓето, а не објектите. На крајот на оваа 2021 година, сакам да истакнам десетина личности, кои, се надевам, ќе остават значаен белег во 2022 година. По шестгодишното успешно управување со НЛБ Банка АД Скопје, м-р Антонио Аргир, нашиот потпретседател преминува со работа во Љубљана, како извршен помошник на Управниот одбор  на НЛБ Д.Д., одговорен за управубање со НЛБ Групацијата. Неговата улога на новата позиција е…

Read More

Австралиската држава Нов Јужен Велс денеска пријави повеќе од  6.000 новозаразени со Ковид-19 и го потврди првиот смртен случај од новиот сој на вирусот – Омикрон. Нов Јужен Велс, најнаселената држава во Австралија, денеска пријави 6.324 нови инфекции, што е за 70 помалку од највисокиот број регистриран претходниот ден. Во болниците од Ковид се лекуваат 524 лица, од кои 55 на интензивна нега. Новите мерки во таа австралиска држава стапија на сила денеска, вклучувајќи ограничувања за едно лице на два метри квадратни во баровите и рестораните и задолжителна проверка на вакцинираните лица и нивните кодови во угостителскиот сектор. Државата Викторија…

Read More

Брод со најмалку девет лица, кој отплови од островската држава Тринидад и Тобаго кон Венецуела, исчезна во морето и започната е потрага, соопштија спасувачките служби. Голем број бродови прават тајни премини меѓу двете земји, кои се оддалечени стотици километри, превезуваат илегални мигранти кои сакаат да стигнат до Тринидад и Тобаго, бегајќи од кризата во Венецуела, каде тешката економска ситуација дополнително се влоши со економските санкции. Други, пак, одат таму од Венецуела за да купат поевтини производи и намирници. Исчезнатиот брод тргнал во петокот и требало да пристигне во Гуири, североисточна Венецуела, во саботата. Роднина на еден од патниците во саботата…

Read More

Некои луѓе заразени со Омикрон доживуваат гадење и повраќање, изјави Тим Спектор, професор по генетска епидемиологија на Кралскиот колеџ во Лондон и ко-основач на ЗОЕ. Според него, овие симптоми ги пријавиле луѓе кои биле целосно вакцинирани, како и некои кои имале бустер вакцина. Претходните истражувања во ЗОЕ открија дека еден од симптомите на инфекција со Омикрон е губење на апетитот. Сличностите помеѓу Омикрон и симптомите на настинка се појавија поради извештаите дека новиот вид на вирус е позаразен, но значително помалку смртоносен од претходните варијанти. Во варијантата на коронавирусот Омикрон, забележани се класичните симптоми на СОВИД-19 како треска, главоболка, губење…

Read More

Омикрон сојот на корона вирусот стигна и во Косово. Таму се потврдени девет случаи на заболени со новиот сој на корона вирусот, соопшти денеска Институтот за јавно здравје од Приштина. Од Институтот наведуваат дека се тестирани 22 примероци од кои девет биле позитивни, пренесува Газета експерс. Во соопштението од Институтот се прецизира дека омикрон сојот е потврден кај две лица кои дошле од СAД, кај две кои допатувале од Лондон и кај едно лице кое во Косово пристигнало од Франција. Омикрон сојот е откриен кај уште четири лица од Косовска Митровица кои негирале дека патувале или дека биле во контакт…

Read More