Author: Ivana

Агенција за управување со одземен имот: ДПМНЕ со денови ја лаже и манипулира јавноста, за да избегне одговорност за распродажбата на објектите со кои ја обезвредни АД Славија. Груба лага и манипулација се врши од страна на ВМРО ДПМНЕ со денови наназад, кои преку прес-конференции изнесуваат невистини. На денешната прес-конференција ВМРО ДПМНЕ изнесе лага дека на сметката на АД Славија во моментов има над 100 000 евра. Во сите изводи извадени од АД Славија, кои ви ги обезбедуваме во прилог, моментално има 1 167 315,00 мкд или 18 919 евра кои се користат за исплата на режиски трошоци и плати.…

Read More

Словенија денеска забрани масовни дочеци на Нова година на отворено, но им дозволи на угостителите да работат до раните утрински часови со задолжителни потврди за ковид и негативни тестови за сите, без разлика на ковид-статусот. Владата најави епидемиолошка рамка која ќе биде во сила за време на божиќните и новогодишните празници и која е многу поблага од лани кога речиси се беше затворено. За разлика од минатата година, во црквите ќе се одржат полноќните богослужби, но ќе можат да присуствуваат само вакцинирани лица, оние кои преживеале ковид-19 или имаат негативен тест. За време на божиќните и новогодишните празници, на 24, 25 и 31 декември, како и…

Read More

Министерството за здравство информира дека во Република Северна Македонија, денеска е детектиран првиот случај на сојот омикрон на вирусот SarsCoV2. Секвенционирањето е направено во приватната болница Жан Митрев во Скопје, кај  маж кој во земјава допатувал од Велика Британија. Станува збор за реинфекција, односно пациентот во јануари 2021 година ја имал прележано болеста и тогаш бил асимптоматски. По прележувањето на болеста, пациентот примил две дози од вакцината Фајзер. По втор пат позитивен тест на ковид- 19 имал од пред 2 дена, по што е потврдено дека е сојот омикрон. Во моментот пациентот има лесна клиничка слика и се лекува во изолација…

Read More

Со Стратегијата за родова еднаквост 2021-2026 ќе се воспостави сеопфатна рамка на активности за унапредување на родовата еднаквост и статусот на жените, рече министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска на јавната дебата на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите. Таа посочи дека целта на Стратегијата е да обезбеди  потполна родова еднаквост, зајакнување на положбата и статусот на жената во општеството, еднаков пристап до ресурси и еднакво учество во донесување на одлуки во сите сфери на општествено живеење. – Визијата за родова еднаквост значи еднаква видливост на жените и мажите. Еднаква плата за вршење на исти работни…

Read More

Премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев, во средата на 22 декември поднесе оставка од функцијата, поради блокирање на евроинтеграциите на земјата како и поради лошите резултати на партијата на локалните избори во октомври, пишува француското меѓународно радиот РФИ. Зоран Заев , наследувајќи го националистот и авторитарен Никола Груевски, , под насловот „Премиерот на Северна Македонија поднесе оставка поради блокирањето на европската интеграција“, јави дописникот на МИА. „Собранието на Северна Македонија ја одобри оставката на социјалдемократскиот премиер“, насловува од своја страна „Фигаро“. Неговата партија, СДСМ, според француските медиуми сепак, се очекува да состави нова коалиција и да формира влада. – Зоран…

Read More

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вечерва во студиото на ТВ21 се осврна на оставката на Зоран Заев и политичкото наследство кое тој го остава. Спасовски рече дека сѐ што направил премиерот во заминување е историски факт и дека му е чест што бил негов соработник во изминатите години. „Мора да признаеме сите, и тоа е историски факт за сето она што го направи Зоран Заев и како лидер на опозицијата во тој момент, и потоа како претседател на Владата. Направи многу храбри исчекори, се донесоа многу важни одлуки за иднината и за државата. Ми беше чест што бев соработник…

Read More

Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ е позитивен на коронавирусот, откако, како што претходно беше најавено, имал контакт со лице позитивно на Ковид. – Претседателот има благи симптоми и се чувствува добро. Согласно епидемиолошките мерки тој се наоѓа во самоизолација, од каде ќе ги извршува редовните претседателски обврски – соопштуваат од кабинетот на Ѓукановиќ.

Read More

Претседателот на државата Стево Пендаровски очекува предавањето на мандатот на новиот мандатар да се случи следниот вторник или среда. Тој вечерва изјави дека до него е стигнат дописот од Собранието за оставката на Заев, но рече дека му е потребен уште еден допис од партијата која има мнозинство за да може да го даде мандатот. –  Денеска попладне до мојот Кабинет стигна допис од спикерот Талат Џафери дека Заев поднел оставка и цела влада е во оставка. Откако јас го добивам известувањето почнуваат да течат тие десет дена во кои сум должен да го дадам мандатот. Од денес попладне почна…

Read More

Денеска во трговски центар во Скопје полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје го приведоа А.Е. (24) од Скопје поради основано сомнение за сторено кривично дело уцена. Имено, А.Е. побарал 3000 евра од 22-годишна девојка од Скопје за да не објави компромитирачки фотографии. Девојката го пријавила делото во СВР Скопје, по што веднаш се преземени соодветни мерки и активности и и се дадени кримтехнички обработени пари, кои таа му ги дала на А.Е. на претходно договорена средба во трговски центар во Скопје. Веднаш откако ги земал парите, А.Е. е лишен од слобода,а по документирање на случајот ќе…

Read More

Новата варијанта на коронавирусот омикрон е потврдена денеска во Србија, пренесува „Нова.рс“. Според овие информации, новиот сој на ковид-19 е потврден кај жена која пристигнала од јужноафриканската држава Боцвана. Таа при влез во државата била негативна, меѓутоа дополнителните тестирања покажале дека е позитивна на омикрон. – Пациентката беше во изолација. Земени се контролни примероци и еден од нив беше позитивен, објаснува професорката Тања Јовановиќ за српскиот портал „Нова“. Според Јовановиќ, место за паника нема бидејќи, како што вели, состојбата со пациентката е под контрола. По појавата на сојот омикрон првично во Јужна Африка, тој продолжи да се шири и во повеќе…

Read More

Тетовски полицајци денеска на градскиот плоштад приведоа 25 годишник кај кого се најдени 5000 парчиња пиротехника, поради сомнение за нелегална трговија.- Во 16.30 часот од страна на полициски службеници од Тетово при преземање мерки по план за откривање на лица кои продават пиротехнички средства, на плоштадот во Тетово е лишен од слобода Р.Ш. (25) од Тетово, кој бил затекнат при продажба на пиротехнички средства. Запленети се околу 5000 парчиња пиротехника и по документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово. Тетовската полицијa во два случаи во текот на вчерашниот ден заплени над 2000…

Read More

Заменик претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони Јован Деспотовски, денес остварија редовна квартална работна средба, со Асоцијацијата на странски компании со технолошки напредно производство, која е дел од Советот на странски инвеститори во рамките на Стопанската комора на Северна Македонија. На состанокот од страна на потпретседателите на комората Виктор Мизо, кој е и претседател на Асоцијацијата и Јелисавета Георгиева Јовевска беа презентирани прашања и теми кои ги интересираат членките на асоцијацијата, а кои се поврзани со нивното тековно работење, за мерките за…

Read More