Author: Ivana

Министерството за економија на Косово вели дека, на политичко ниво, кај косовската страна постои готовност да ѝ се продадат три милиони тони јаглен на Северна Македонија, објави попладнево „Газета експрес“. Како што јави дописникот на МИА од Приштина, во писмениот одговор до порталот се вели дека барањето за купување јаглен било изнесено при последната посета на Косово на делегација на македонското Министерство за економија, предводена од министерот Крешник Бектеши. – Северна Македонија побара да обезбеди резерви на јаглен за нејзините потреби… Министерството за економија на Република Косово прифати да отвори дебата/консултации околу модалитетите на потенцијалниот договор. Од политичкото ниво е…

Read More

Се обезбедуваат средства за реализација на проектот за изградба на патната инфраструктура од Коридорот 8. Министерот за финансии Фатмир Бесими и директорот на Канцеларијата на ЕБОР во Скопје, Анди Аранитаси, денеска го потпишаа договорот за гаранција на Република Северна Македонија наменет за финансирање на патниот дел од Коридорот 8 (прва фаза) со што се обезбедуваат 110 милиони евра за изградба на делницата Букојчани – Кичево. Како што соопшти Министерството за финансии, дополнително беше потпишан и договор за заем од страна на директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми и директорот на канцеларијата на ЕБОР во Скопје, Анди Аранитаси.…

Read More

Министерството за правда информира дека оваа година нема да проследи предлог за новогодишни групни помилувања на осудени лица односно дека листата целосно се поништува. Како што информира во соопштение до медиумите, оваа одлука ја донело по консултација со Управата за извршување на санкциите. -Ова се прави со цел да се даде време најнапред да се допрецизираат критериумите и законски да се зајакнат филтрите во однос на тоа како се составуваат листите со предлози на лица кој треба да бидат помилувани, се наведува во соопштението на Мнистерството за правда. Се додава и дека во Министерството постои работна група која  работи на…

Read More

Ја направивме најдобрата иницијатива, која ќе го смени ликот на Балканот, од чие име не се срамиме и која ќе донесе многу добро за граѓаните, изјави денеска во Тирана српскиот претседател Александар Вучиќ по Самитот на Отворен Балкан, јави дописникот на МИА од Белград. На прес-конференцијата заедно со премиерите на Северна Македонија и Албанија, Зоран Заев и Еди Рама, Вучиќ посочи дека е важно за учесниците да продолжат да работат на сите прашања, а со тоа и да се укинат даноците, а можеби и еден ден да се создаде царинска унија, да се избришат границите меѓу нас, како и да…

Read More

Српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерите Зоран Заев и Еди Рама одговарајќи на прашање за влијанието на различните брзини на евроинтегративните процеси врз иницијативата Отврен Балкан, порачаа дека трите држави заеднички се подржуваат на евроинтегративниот пат, а со Отврен Балкан, кој не е замена на ЕУ, работат нешто што го правиме самите за себе, јави дописникот на МИА од Белград. -Отворен Балкан не е замена за ЕУ, туку природна реакција на наште држави заради некомпетентноста и неуспесите на ЕУ. Отворен Балкан е Европа, тој е европезација на регионот и многу повеќе ќе можеме да направиме со наши сопствени сили и…

Read More

После искреното добредојде од колегите од Албанија, ја започнуваме работната вечера на „Отворен Балкан“, заедно со претседателот Вучиќ и со нашиот домаќин, премиерот Рама. Утре продолжуваме со работната агенда, на којашто ќе потпишеме повеќе договори за реални придобивки и добробит на нашите народи, напиша премиерот Зоран Заев во објава на Фејсбук, во пресрет на утрешниот седми состанок во рамки на иницијативата „Отворен Бакан“. Во македонската делегација, што ја предводи Заев, се новиот лидер на СДСМ и заменик министер за финансии Димитар Ковачевски и заменик министерот за земјоделство Трајан Димковски, како и голем број стопанственици. – Од првата средба во Скопје…

Read More

Заменик министерот за финасии и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски, вечерва на неговиот фејсбук профил изрази задоволство што може непосредно да се запознае со иницијативата „Отворен Балкан” и да даде свој придонес. -Чест ми што вечерва првпат учествувам на официјален работен настан на иницијативата „Отворен Балкан”. Оваа иницијатива е многу значајна за регионалниот развој на економијата и олеснување на движењето на луѓето, услугите и стоките во регионот. Драго ми е што можам да дадам личен придонес и одблиску да се запознаам за целиот процес, пишува Ковачевски на фејсбук профилот на кој е објавена и фотографија од заедничката средба во Елбасан…

Read More

Министерството за образование и наука со низа активности одбележа едно столетие од раѓањето на една од најважните личности за македонскиот јазик, нашиот голем книжевник, деец, поет и академик Блаже Конески. Сите овие активности се во насока на зголемување на афирмацијата на неговото име и дела, но и поттикнување на нашите и светските лингвисти, студенти, научници да дадат свој придонес во негувањето и унапредувањето на македонскиот јазик, кој како и сите други јазици е жива материја во која треба да се вложува, рече министерката за образование и наука Мила Царовска во обраќањето на завршната манифестација „2021 – Година во чест на…

Read More

Микробиологот д-р Никола Пановски смета дека сојот омикрон најверојатно е веќе влезен во земјава. -Сепак не треба да се ризикува, за да не дојде до експлозија во болниците и поставување на модуларни болници. Треба да се преземат мерки. На пример Грција од вчера воведе задолжителен ПЦР-тест за сите патници. Јас да сум некој фактор во државата, веднаш после нив би вовел и ПЦР тестови за сите граѓани што влегуваат. Прва мерка да ни биде наменета за границите и аеродромите и таа да важи 15 дена за почеток, а после тоа да се анализира. Нема бегање од сојот, ако велат дека…

Read More

Интерконекторот за природен гас со Грција ќе почне да се гради на почетокот на следната година, информира министерот за економија Крешник Бектеши. Тој на својот фејсбук профил истакна дека проектот „Интерконектор за пренос на природен гас Грција – Северна Македонија, делот на Северна Македонија“, ќе биде во износ од 28,9 милиони евра. -Собранието денеска го изгласа Закон за гаранција на Република Северна Македонија за обврските по договорот за финансирање на проектот „Интерконектор за пренос на природен гас Грција – Северна Македонија, делот на Северна Македонија“, кој ќе се склучи меѓу Европската инвестициона банка (ЕИБ) и АД за вршење на енергетски…

Read More

Генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејесус денеска го повика светот да се обедини и да донесе тешки одлуки потребни за да се стави крај на пандемијата на Ковид-19 следната година. – 2022 мора да биде година кога ќе ставиме крај на пандемијата, изјави генералниот директор на СЗО. Како што се приближуваат прославите на крајот на годината, Гебрејесус призна дека „сите сакаме да поминуваме време со пријателите и семејството. Сите сакаме да се вратиме во нормала“. – Но, за да се вратиме во нормала, треба да се заштитиме сега бидејќи случаите на Омикрон, кој многу брзо се шири, се зголемуваат, истакна тој. Откако за првпат беше регистриран во Јужна Африка во ноември, Омикрон е…

Read More

Најмалку 375 лица загинаа по налетот на тајфунот на Филипините, најсилниот годинава во оваа азиска земја, соопштија локалните власти. Најмалку 56 лица сè уште се водат како исчезнати, а 500 се повредени. Населението во неколку провинции во централниот дел на земјата се соочува со сериозни проблеми, бидејќи нема струја, а телефонските линии се во прекин. Полицијата соопшти дека бројот на жртвите може да се зголеми бидејќи комуникацијата е невозможна во неколку градови и села, иако во тек е голема операција за чистење. Тајфунот Раи во петокот ги погоди Филипините, при што ветерот достигна брзина од 195 километри на час, а во саботата се оддалечи кон Јужното Кинеско Море. Многу луѓе загинаа при паѓање на…

Read More