Author: Ivana
Директорот на Зоолошката градина во Скопје, Ѓорѓи Галетановски – Чомбе си поднесе оставка од работното место. – Во изминатите три и пол години успеавме рекордно да ја зголемиме посетеноста, да ги изработиме сите проекти кои ги ветивме, донесовме многу нови животни за првпат во нашата држава, а децата добија омилено место за секојдневни прошетки. Зоолошка градина Скопје стана најпосетена институција во државата, го отворивме и најзелениот Дино Парк со најмногу диносауруси на Балканот со преку 400 дрва и садници. Успеавме да средиме делови од градината кои со години не биле санирани, ги исчистивме езерата после 13 години, ја отворивме Бејби…
Американскиот синџир за брза храна МекДоналдс до 2025 година ќе отвори речиси 200 нови ресторани и 12 илјади нови работни места во Италија, најави за италијанските медиуми извршниот директор на италијанската подружница Дарио Барони. – Групацијата ја рангира Италија меѓу светските пазари со најголем потенцијал, истакна Барони, според извештајот на Affari & Finanza-La Repubblica, објавен денеска. Целта е бројот на ресторани во Италија во следните четири години да се зголеми на 800 од сегашните 630 објекти и да се зголеми бројот на вработени од сегашните 25 илјади на околу 40 илјади. Продажбата на брза храна на глобално ниво е тешко…
Од петокот до денеска во Грција се закажани над 28.000 термини за вакцинација на деца од пет до 11 години, соопшти портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому на денешниот редовен брифинг со новинарите, а паралелно, уште еднаш повтори дека не се разгледува можноста за воведување нови мерки во земјата, јави дописничката на МИА од Атина. Вакцинацијата на децата ќе започне во среда, денеска се очекува во Грција да пристигнат специјалните вакцини на Фајзер, кои се помала доза од вообичаената и се наменети за конкретната група од пет до 11 години, а пријавувањето започна во петокот. За процесот на имунизација во…
Европската комисија најави дека ќе одвои дополнителни 30 милиони евра за натамошно јакнење на ЕУ поддршката за народот и демократијата во Белорусија. Средствата ќе ја надополнат и прошират постоечката поддршка на ЕУ во Белорусија со цел зајакнување на отпорноста и капацитетот на белорускиот народ да промовира демократски промени во земјата. – ЕУ е со народот на Белорусија во нивната борба за слобода и демократија. Ќе ја зајакнеме нашата поддршка со нови 30 милиони евра за младите луѓе, независните медиуми, малите и средни претпријатија во егзил и културните актери – кои режимот н а Лукашенко продолжува да ги репресира, изјави претседателката…
Во седиштето на УЕФА во Нион попладнево со жрепка беа извлечени паровите од осминафиналето во Лигата на шампиони (ЛШ). Жрепката одлучи актуелниот шампион Челзи да ја продолжи одбраната на титулата против Лил, додека во втората француско – англиска пресметка ќе се сретнат ПСЖ и Манчестер јунајтед. Реал Мадрид за противник ја доби Бенфика, додека Баерн Минхен ќе игра против Атлетико Мадрид: Лига на шампиони, осминафинале: Бенфика – Реал Мадрид Виљареал – Манчестер сити Атлетико Мадрид – Баерн Минхен Салцбург – Ливерпул Интер – Ајакс Спортинг – Јувентус Лил – Челзи ПСЖ – Манчестер јунајтед Првите средби ќе се играат на…
Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници бр.12/2021 за долгови доспеани до 31.08.2021 и неплатени до 30.11.2021 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини. На Листата на должници бр.12/2021 објавени се 1.767 должници – правни лица (помалку за 38 од претходната листа) и 3.022 физички лица (помалку за 66 од претходната листа). Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.12/2021 изнесува 8.763.401.816 денари, помалку за 177.980.272 денари од претходната листа. Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 8.744.503.318 денари, повеќе за 29.623.004 денари од претходната листа, додека…
Белорускиот претседател Александар Лукашенко смета дека сојузот меѓу Белорусија и Русија ќе биде помоќен, попромислен и понапреден од Европската унија. Во интервју за турската РТВ ТРТ, Лукашенко изјави дека сојузот меѓу Белорусија и Русија ќе биде постабилен. Тој објасни дека Минск и Москва ќе ги имаат предвид сите грешки на Европската унија, за да не ги повторат, и дека ќе користат позитивни искуства. – Второ, ние излеговме од иста држава – Советскиот Сојуз и знаеме што да зачуваме од советското минато, а што нема да ни користи, додаде белорускиот претседател. Лукашенко посочи дека процесот на интеграција на двете земји ќе…
Денеска ќе се одржи вонредна седница на 47. Народно собрание на која треба да се избере новата редовна влада на Бугарија. Седницата ја свика претседателот на Собранието Никола Минчев по барање на пратеницит. На дневен ред се три точки – избор на премиер, усвојување структура на Советот на министри и избор на нова влада. Вонредната собраниска седница и избрзаната процедура за избор на новата влада се одржаа откако бугарскиот претседател Румен Радев му го врачи мандатот на кандидатот за премиер од „Продолжуваме со промената“ Кирил Петков, а тој веднаш ја врати папката со имињата на идните министри. „Продолжуваме со промената”,…
Полскиот министер за правда Збигњев Жобро изјави дека се залага за суспендирање на придонесот за членство во Европска Унија доколку Европска комисија одбие да ја финансира Варшава поради тековниот спор за судските реформи. Жобро е член на партијата Солидарна Полска и го обвинува Брисел дека се обидува да ја смени власта во Полска под изговор за зачувување на владеењето на правото. – ЕК поставува невозможни услови, бидејќи нејзината вистинска цел не е да го постигне наводното владеење на правото, туку да ја смени власта во Полска, истакна Жобро, додавајќи дека тоа е порака до Полјаците дека нема да добијат пари…
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (12.12.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје изречени се вкупно 207 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 40 санкции, 41 мерка за возење без возачка дозвола, 14 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила. Изречени се 10 мерки за непрописно престигнување и обиколување, девет за некористење сигурносен појас, пет за возач почетник. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да…
Очекувам посветеност, одговорност, отворен пристап и прогресивно политичко дејствување, во интерес на сите граѓани на Северна Македонија и во интерес на социјалдемократското семејство, напиша на фејсбук премиерот и доскорешниот лидер на СДСМ, Зоран Заев честитајќи му ја победата на Димитар Ковачевски. -Членовите на СДСМ го избраа новиот претседател на партијата, на демократски внатрепартиски избори. Му честитам на Димитар Ковачевски и му посакувам успех. Им честитам на сите членови на СДСМ кои гласаа на внатрепартиските избори и со тоа покажаа висока демократска свест и однесување. СДСМ – Социјалдемократски сојуз на Македонија денес гласаше достоинствено и европски, за стабилна македонска иднина, напиша…
Земјотрес со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала е почуствуван изутринава во 06 часот и 48 минути во јужните делови на територијата на Северна Македонија. Епицентарот бил на 138 километри јужно од Скопје во соседна Грција, со локална Рихтерова магнитуда од 3,1 степен, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.