Author: Ivana

Единствениот начин за постигнување договор меѓу Белград и Приштина е дијалогот, изјави американскиот специјален пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар за Н1. Според него, САД го поддржуваат спроведувањето на постигнатите договори, но и „забрзаниот пристап кон конечен договор“. – Дијалогот е механизам преку кој треба да разговараат за разликите. Него го води ЕУ…Ние не сме дел од дијалогот, но целосно го поддржуваме, истакна Ескобар. Тој нагласи дека Србија има многу повеќе воени вежби со НАТО отколку со Русија и Кина. – Нашата надеж за Србија е дека ќе го следи својот европски пат. Да се ​​затворат поглавјата, за да напредуваат…

Read More

На предлог на Министерството за здравство, Владата вечерва ја донесе Стратегијата за здравство 2021 – 2030 година со Акциски план.Како што соопшти владината прес-служба, низ транспарентен и инклузивен процес при нејзината подготовка земена е предвид агендата на ЕУ за ефективни, ефикасни и достапни здравствени системи при што, меѓу другото, идентификувани се три клучни прашања. Првото е поддршка за зајакнување на ефективноста на здравствените системи, што опфаќа успешност на здравствениот систем, квалитет и безбедност на здравствената заштита и интегрирањето на здравствената заштита на сите нивоа и зголемување на достапноста до здравствената заштита со фокус врз здравствената работна сила. – Заложбите за…

Read More

Македонски државјанин е уапсен на граничниот премин Морина на албанско – косовската граница, откако кај него се пронајдени непријавени 39 илјади евра и опрема за производство на криптомонети. – Службите на граничната полиција и царината на преминот Морина, како резултат на засилените контроли, со цел спречување и сузбивање на незаконитоста, врз основа на анализа на ризик, при влез во Република Албанија, на втората линија, извршија детална контрола на возило управувано од Б.Б.(33) државјанин на Северна Македонија. При контролата, откриени се и запленети 39.000 евра кои лицето претходно не ги пријавило, како и уред за кој постои сомневање дека се користи…

Read More

Најдобриот светски тенисер, Србинот Новак Ѓоковиќ се наоѓа на списокот репрезентативци за настап на претстојниот АТП куп во Сиднеј, закажан од 1. до 9 јануари, објавија денеска австралиските организатори. Освојувачот на 20 гренд-слем титули претходно го доведе во прашање својот настап на првиот календарски Гренд слем турнир Австралија опен, одбивајќи да одговори дали е вакциниран против коронавирус, што е услов за влез во австралиската сојузна држава Викторија. АТП купот не наметна обврска за задолжително вакцинирање, но секој патник за влез во Австралија мора да покаже потврда за вакцинирање или да мине 14 денови во карантин. Невакцинираните тенисери во тој случај мораат да…

Read More

Унгарскиот заменик министер за правда Пал Волнер денеска поднесе оставка откако Обвинителството објави дека е осомничен за примање мито и други дела. Веднаш штом Обвинителството побара да му се одземе пратеничкиот имунитет на Волнер, тој објави дека ги напушта сите политички функции, иако негираше дека е виновен. Претходно денеска, Обвинителството соопшти дека Волнер, член на владејачката партија Фидес, бил под истрага за примање мито од претседателот на унгарската Комора на правосудни службеници, во износ од два до пет милиони унгарски форинти (помеѓу 5.450 и 13.650 американски долари). Волнер, кој беше државен секретар на Министерството за правда од 2019 година, е…

Read More

Полска оd 1 март ќе воведе задолжителна вакцинација за наставниците, медицинските работници, полицијата, армијата, пожарникарите и за лица кои работат како обезбедување. Министерот за здравство Адам Њељски изјави дека по 1 март задолжителната вакцинација ќе биде услов за извршување на работата во наведените сектори. Тој посочи дека Полска, поради континуираното високо ниво на дневни нови инфекции со коронавирус, ги следи Германија и Австрија во барањата за задолжителна вакцинација за овие три професионални групи. Како што најави, од 15 декември бројот на гости во хотелите, рестораните, театрите и црквите ќе се намали на 30 отсто од сегашните 50 отсто, додека дискотеките…

Read More

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 2.744 тестирања, а регистрирани се 375 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 180, Прилеп – 30, Битола – 28, Кавадарци – 26, Куманово – 13, Велес – 12, Радовиш – 11, Делчево – 9, Кочани и Валандово – по 8, Крива Паланка и Ресен  – по 7, Охрид – 5, Тетово и Македонски Брод  – по 4, Гостивар, Штип, Кичево, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 3, Струмица и Гевгелија – по 2, Струга, Неготино, Крушево и Пехчево – по 1.…

Read More

Тековните проблеми со кои се соочуваат специјалистите стоматолози во своето работење, со акцентот на нивното барање за ревидирање на цените на здравствените услуги и потребата од нивно зголемување, биле разговарани на денешната средба меѓу претставници на Македонското здружение на стоматолози специјалисти и претставници на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија, предводени од директорот на Фондот, Стево Крстевски. Претставниците на состанокот, се вели во соопштението од ФЗОРСМ, договориле да формираат заедничка работна група која интензивно и во континуитет ќе работи на ревидирање на цените на здравствените услуги на специјалистите стоматолози, а се со цел овозможување и обезбедување на поквалитетни…

Read More

Предизвикал тешка сообраќајна незгода и не укажал помош, поведена истрага против еден скопјанец, соопштија попладнево од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. Од ЈО информираат дека јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донел Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот согласно член 300 став 2 во врска со член 297 став 1, како и Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода од член 301 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. – На 4 декември, осомничениот…

Read More

 Почна откупот на тутунот од годинашната реколта. Денеска се отворени 20 од 173 откупни пункта во државата. Пунктови отворија Прилепскиот тутунски комбинат, „Сокотаб“ од Битола и „Алијанса“ од Кавадарци. Годинава се склучени договори за околу 22.200 тони тутун. Тутунарите очекуваат добра цена бидејќи велат дека тутунот е квалитетен. – Донесов околу 500 до 600 килограми тутун за процена. Тутунот е квалитетен и очекувам добра цена за разлика од лани, изјави тутунарот Методија Ѓорѓиоски. За претседателот на тутунското здружение „Мице Козар“ од Прилеп, Злате Дамески, реално е тутунарите да очекуваат добра цена поради квалитетот и апелираат да носат тутун од сите…

Read More

Град Скопје од денеска ја става во функција електронската адреса за комуникација со граѓаните 24@skopje.gov.mk како чекор кон транспарентно управување за Скопје 24 часа во служба на граѓаните. Од Град Скопје информираат дека на оваа електронска адреса граѓаните ќе можат да пријавуваат проблеми, а градската администрација ќе биде задолжена да одговори на барањата на граѓаните. – Во моментов се вршат последните подготовки за ставање во функција и на Канцеларија за комуникација со граѓаните која ќе биде отворена 24 часа за нивните потреби, а целиот процес ќе се одвива етапно во следните три недели, посочуваат од прес-службата на Град Скопје. Оттаму…

Read More

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 1.299 тестирања, а регистрирани се 101 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 59, Кавадарци – 10, Битола – 8, Прилеп – 7, Штип – 3, Тетово, Гостивар, Велес, Кочани и Неготино – по 2, Кичево, Ресен, Валандово и Македонски Брод – по 1. Регистрирани сe 393 оздравени пациенти од: Скопје – 123, Битола и Охрид – по 37, Кавадарци – 20, Велес и Крива Паланка – по 19, Прилеп – 15, Кочани – 13, Тетово и Куманово – по  12, Штип  и…

Read More