Author: Ivana

Заради планирани закажани технички зафати во електродистрибутивната мрежа утре без струја ќе бидат делови од Град Скопје и неговата околина. Како што соопшти РЦУК, во период од 09:30 до 10:30 часот без струја ќе бидат домаќинствата на потегот од гробиштата во Бутел кон улиците „Гвадалахара“, „Јуриј Розентал“, „Плачковица“ во општина Шуто Оризари. Во период, пак, од 07:55 до 15:30 часот прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе имаат корисниците од Визбегово: ул. „Стар Качанички Пат“ (Хасан Приштина) од бензиска Макпетрол до Еуромак Азија, Дел од индустриската зона Визбегово, ул. „2“ Визбегово во реонот кај потрошувачите Стеком, Алпос, Дамекс, Суниленс, Елит…

Read More

Вулканот Семеру во Индонезија и денеска продолжи да исфрла големи количества пепел, неколку дена по силната ерупција во која загинаа 15 луѓе, додека потрагата по десетици исчезнати луѓе е отежната поради лошите временски услови. Највисоката планина на островот Јава силно еруптираше во саботата, исфрлајќи огромно количество пепел во небото над околните села. Бројот на загинати се искачи на 15, а 27 се водат како исчезнати, соопшти денеска индонезиската Агенција за управување со катастрофи. Вулканот повторно еруптираше во изутринава, потврди на Твитер индонезискиот Центар за вулканологија и геологија (ПВМБГ), предупредувајќи на континуирана сеизмичка активност. – Семеру е еден од најактивните вулкани…

Read More

Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средба со заменик помошникот државен секретар на Соединетите Американски Држави, Габриел Ескобар, на која, како што информираат, биле разменети мислења за севкупните билатерални односи помеѓу Република Северна Македонија и САД, како и за состојбите во регионот. На средбата, Пендаровски, како што информираат од неговиот кабинет, оценил дека двете држави во континуитет негуваат продуктивен политички дијалог и изразил уверување дека билатералните односи ќе продолжат да се развиваат со уште посилна динамика. Пендаровски, исто така, ја истакнал и важноста на силната и континуирана поддршка од САД во остварувањето на стратешките цели на нашата држава, од прогласувањето на…

Read More

Пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи денеска на својот фејсбук-профил објави дека се повлекува од координатор на пратеничката група на Алтернатива/ Алијанса за Албанците, и за тоа утре ќе го извести претседателот на Собранието Талат Џафери. -Врз основа на новите политички случувања и одлуката на Централното собрание на Алтернатива дека ние како политички субјект се приклучуваме кон извршната власт и парламентарното мнозинство, утре и официјално ќе го информирам претседателот на Собранието на Северна Македонија, дека се повлекувам од  функцијата координатор на пратеничката група Алтернатива/ Алијанса за Албанците, напиша Реџепи. Дејствувањето на пратениците на Алтернатива, вели тој, ќе се решава согласно новиот…

Read More

Во СДСМ ќе избираат лидер на избори, кај нас тоа ќе биде на Конгрес. На него, ќе ја разгледаме новата доктрина на партијата, информира пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки, во гостувањето на Дневникот на ТВ Сител. Според него, на Конгресот на 12-ти декември треба да се усвојат и стратешките документи и правци, но и идните насоки за дејствија на партијата за, како што вели, планираат да ја освојат власта на следните предвремени парламентарни избори. -Единствено Мицкоски ја најави кандидатурата. Според Статутот, секој кој ги исполнува условите, може да се пријави, дури и до самиот ден на изборите 12-ти декември, недела.…

Read More

„Либерално-демократската партија потврди дека не се занимава со секојдневните политички пазарења од кои се изморивме изминатиот период, туку сме насочени кон меѓународната политика и да направиме се што е возможно да се деблокираат сите прашања за почеток на преговорите на Северна Македонија со ЕУ“, потенцираше претседателот на партијата, Горан Милевски на денешната регионална конференција на АЛДЕ и ЛДП „Обновен наратив за забрзана интеграција на ЕУ“. -Најголеми поборници за влез на Северна Македонија во ЕУ се нашите партнери премиерот на Холандија Марк Руте кој пред неколку денови беше во државата, како и претседателот на Франција Емануел Макрон . Тие се дел…

Read More

Одлуката за замрзнување на цените на основните прехранбени продукти ја донесовме со цел да нема поголемо влијание во делот на трошоците што граѓаните ги имаат, особено во време на енергетска криза, имајќи предвид дека цените на електричната енергија можат да влијаат директно и индиректно во зголемување на цените и на производството и на трговијата, било тоа да е трговија на мало или на големо, изјави министерот за економија, Крешник Бектеши на денешната прес-конференција. Бектеши вели дека со донесувањето на одлуката основните прехранбени продукти, лебот, шеќерот, брашното – тип 400, сончогледово масло за јадење, трајното млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 проценти,…

Read More

Заменик помошникот на државниот секретар на САД за европски и евроазиски пршања и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, утре доаѓа во Северна Македонија на средби со претседателот Стево Пендаровски и други  функционери, соопшти Американската амбасада во Скопје. – Го поздравуваме пристигнувањето на специјалниот претставник за Западниот Балкан, Габриел Ескобар, во Скопје. За време на посетата, г.Ескобар ќе се сретне со претседателот Пендаровски и со други клучни функционери да разговараат за повеќе теми и заеднички приоритети за регионот, наведуваат од Амбасадата на САД во објавата на фејсбук. Се очекува на средбите во Скопје да стане збор за актуелните политички…

Read More

Ќе направам се да се изнајде решението со Бугарија, ако не се најде сега, не верувам дека ќе се најде во 2022 година. Меѓу 14 декември и 15 јануари е периодот кога може да се одржи Советот за општи работи. Тоа е можност да се исчекори напред и, конечно, по 16 и пол години да почнеме преговори. Во прашање се недели, рече Зоран Заев. Смета дека ова е значаен период што бара поголема одговорност и дека е потребно стабилно мнозинство и Влада што со влезот на Алтернатива е обезбедено. – Лично мислам дека треба да им е јасно и на Бугарија и на Европа, дека во најмала рака неизвесноста после мене е поприсутна затоа што ме знаат…

Read More

Република Словенија ќе и помага на Република Северна Македонија во развојот на бањски туризам. Ова било договорено на денешната средба меѓу министерот за економија Крешник Бектеши и словенечкиот вицепремиер и министер за економски развој и технологија Здравко Почивалшек. На средбата, меѓу другото, било истакнато дека Република Словенија безрезервно ја поддржува Република Северна Македонија за добивање на датум за преговори со ЕУ. – Денеска имавме можност да разговараме за продлабочување на нашата соработка, посебно во развој на туризмот, бањскиот туризам, за што Република Словенија има големо искуство. Нашата држава има голем капацитет за развој на бањски туризам и се договоривме да организираме средби меѓу нивните…

Read More

На покана на Алијансата на либерали и демократи за Европа (АЛДЕ), заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров денеска учествуваше на регионалната конференција „Обновен наратив за забрзана интеграција во ЕУ”, како говорник на панелот „Иднината на ЕУ: Во кој правец се движи Европа во 2021?”. Вицепремиерот Димитров се осврна на заложбите на Северна Македонија за интеграција во Европската Унија, вклучително и вложениот политички капитал на основа на европското ветување. – Ниту една европска земја одделно не е доволно силна за справување со современите предизвици, единствениот начин е европскиот проект за обединување на континентот што без овој регион…

Read More

Од Министерството за здравство информираа дека во последниве 24 часа се регистрирани 276 нови случаи на КОВИД-19 и тоа 130 во Скопје, 35 во Битола, 17 во Прилеп, 14 во Охрид, 13 во Куманово, 10 во Штип и девет во Кавадарци. Во Струмица се регистрирани 7 нови случаи од коронавирусот, шест во Крива Паланка, пет во Тетово, по четири во Свети Николе и Пробиштип, по три во Велес и Ресен, по два во Гевгелија,. Неготино и Богданци, додека по еден нов случај е регистриран во Гостивар, Кичево, Струга, Радовип, Делчево и Македонски Брод. Оттаму дополнуваат дека во текот на изминатите…

Read More