Author: Ivana

Тимот на Фондот за иновации и технолошки развој првпат одржа консултативна средба со странските донатори за планираните активности во новата годишна програма на Фондот за 2022 година. – Земајќи го превид перформансот на Северна Македонија по однос на Глобалниот иновациски индекс и Европското иновациско рангирање, како и врз основа на наодите и препораките од ОЕЦД поврзани со јавните политики за конкурентност, иновации и поддршка на развојот на микро, малите и средните претпријатија, ФИТР го креираше новиот пристап за поддршка на иновативната дејност за следната година, соопшти ФИТР. Пред претставниците од Светска банка, Делегација на ЕУ, Амбасада на Швајцарија, Германското друштво…

Read More

Согласно Законот за празници на Република Северна Македонија, 8 декември 2021 година (среда) – „Св. Климент Охридски“ е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија, информираа од Министерството за труд и социјална политика. Министерството им го честита празникот „Св. Климент Охридски“ на сите граѓани.

Read More

За првпат во јавното здравство, во нашата држава, се инсталираат два апарати за магнетна резонанца со јачина од 3 Tesla, објави на својот фејсбук профил министерот за здравство, Венко Филипче. Тој потенцираше дека на овие апарати ќе се прават најсовремени снимки со што ќе се овозможи најпрецизна дијагноза за многу болести кај наши пациенти. – Еден од модулите за дијагноза ги нема ниту во центрите во регионот. Во ЈЗУ Универзитетски Институт за радиологија во Скопје традиционално се дијагностицираат најкомплексните состојби во медицината кај нас. Со новите апарати капацитетот на Инстиутот ќе се зголеми за 50%, а пациентите повеќе нема да…

Read More

Русија подготвува офанзива врз Украина која би вклучувала до 175.000 војници и тоа веќе следната година, јави „Вашингтон пост“. Москва се подготвува да почне офанзива со „100 баталјони составени од тактички групи со проценета сила од 175.000 луѓе“, а во офанзивата ќе бидат вклучени и тенкови, артилерија и друга опрема, изјавил за весникот неименуван висок американски функционер. Пентагон одбил да ги коментира информациите, но изразил голема загриженост поради „агресивните планови на Русија против Украина“, пренесува Бета. – Продолжуваме да поддржуваме намалување на тензиите во регионот и дипломатско решение на конфликтот во источна Украина, изјави портпаролот на Пентагон, Тони Семелрот. Руските…

Read More

Министерката за образование и наука Мила Царовска учествуваше на конференција во Стразбур организирана по повод една година од основањето на Опсерваторијата за изучување историја, на која беа евалуирани резултатите од нејзиното досегашно функционирање. Целта на оваа опсерваторија е да го унапредува квалитетот на наставата на сите образовни нивоа во сите земји членки на Советот на Европа кои ја прифатија иницијативата за нејзино основање или кои ќе се приклучат во иднина. Како што информира МОН, Република Северна Македонија од самиот почеток ја поддржа оваа иницијатива и продолжува да придонесува кон работата на опсерваторијата, a министерката Царовска очекува дека придобивки ќе имаат…

Read More

Новата варијанта на коронавирусот Омикрон најверојатно собрала најмалку една од нејзините многубројни мутации со тоа што презела парче од генетскиот материјал на друг вирус, најверојатно оној што предизвикува обична настинка, кој е присутен кај истите заразени клетки, велат истражувачите. Според светските агенции, ова не е забележано во ниту една претходните варијанти на коронавирусот, но е присутно кај многу други вируси, вклучително и оние кои предизвикуваат настинки, како и во човечкиот геном, велат експертите. – Омикрон со преземањето на новиот „код“, се прави себеси „почовечки“, што може да му помогне да го избегне имунолошкиот систем“, рече Венки Саундарарајан, експерт во Нференце,…

Read More

Данела Арсовска работи против интересите на Градот Скопје и на граѓаните и заради лични каприци поништи јавен оглас кој беше на крајот од процедурите и со кој требаше да се вработат 20 нови пожарникари во Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, обвинуваат од СДСМ. Од таму велат дека иако е евидентен недостигот на пожарникари во Град Скопје, Арсовска го спречила вработувањето на пожарникарите, со што ја загрозува општата безбедност на градот и граѓаните. -Во изминатите четири години Град Скопје, раководен од СДСМ, сериозно инвестираше во унапредување на условите за работа на пожарникарите. Платата на пожарникарите се покачи за 20…

Read More

Во организација на Владата на Република Северна Македонија, Национално координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лица со попреченост и Националниот совет на инвалидските организации на Македонија (НСИОМ), беше одржана свечена седница со којашто беше одбележан Меѓународниот ден на лицата со попреченост, 3 Декември. На седницата беше укажано на предизвиците што ги наметна пандемијата со КОВИД-19 во сите сегменти на живеење на лицата со попреченост, а се говореше за теми поврзани со овогодинешната тема на ОН „Лидерство и учество на лицата со попреченост кон инклузивен, достапен и одржлив постковид свет“, која се фокусира на тоа лицата…

Read More

Министерството за внатрешни работи соопшти дека при акциски контроли во областа на сообраќајот вчера во Скопје е евидентиран 121  сообраќаен прекршок. Изречени се вкупно 121 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 16 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, 32 за прекршоци од пешаците, три санкции за нерегистрирани возила, 38 за непрописно паркирање. – Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, соопшти МВР.

Read More

Дефинитивната одлука дали партијата на Африм Гаши, Алтернатива, ќе биде дел од Владата ќе биде донесена вечер на седница на највисокото партиско тело – Централен совет. На средбата закажана за вечер во 19 часот во седиштето на партијата во Тетово, како што најави партискиот портпарол Орхан Муртезани, ќе биде донесена конечна одлука, а повеќе информации ќе има на прес-конференција по завршувањето на седницата. На состанокот на Централниот совет на Алтернатива  му претходеа три средби на Гаши со премиерот и претседател на СДСМ во оставка Зоран Заев на кои се дискутираше за учество на Алтернатива во Владата и поддршка на парламентарното мнозинство од нивните…

Read More

На Северна Македонија и е потребен почеток на пристапниот процес и повлекување на бугарското вето за продолжување на евроинтеграциите што ќе влијае и на мотивација на општеството во целина за забрзување на реформите. Се чека новата влада во Софија, која ќе ги даде натамошните насоки за надминување на билатералниот спор. Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров на седница на Националниот совет за евроинтеграции на која беше отворена дебата за Извештајот на Европската комисија за Република Северна Македонија за 2021 година потсети дека сме земја кандидат веќе 16 години, а првиот позитивен Извештај го добивме пред 12 години и низ имплементација…

Read More

Централната изборна комисија на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска ќе ги верификува кандидатурите кои ги исполнуваат критериумите за избор на претседател на партијата, откако вчера во 16 часот заврши рокот за пријавување. Доставени се четири кандидатури за партиски лидер на СДСМ од Димитар Ковачевски, актуелен заменик-министер за финансии, Фросина Ременски, поранешна пратеничка и потпретседателка на СДСМ, Властимир Алексовски, член и активист на СДСМ од општинската организација на партијата од Куманово и од Јован Деспотовски, директор на Дирекцијата на технолошко индустриски развојни зони. Последен вчера се кандидираше Деспотовски, кој до Централната изборна комисија ја достави и неговата програма „Концепт 28“ во…

Read More