Author: Ivana

Женскиот камерен хор „Св. Злата Мегленска“ под диригентство на Летка Димовска – Полизова вечер во рамки на Есенските  музички свечености ќе одржи концерт насловен „Света Злата слави“ по повод 25-годишниот јубилеј од своето постоење. Концертот првично беше закажан за 30 ноември, но поради вонредни околности е поместен за вечерва, а ќе се одржи во терминот од 20:30 часот во Фоајето на Национална Опера и Балет. На концертот како гости ќе настапат гитаристот Влатко Стефановски, Сања Шуплевска – виолина, Орце Ицковски – фагот – камерен ансамбл „Полифонија“, Давор Јордановски аранжман и клавијатури, Калина Велковска – Кали – вокал и Иван Еминовиќ…

Read More

Либанските власти денеска најавија дека ќе воведат ноќен полициски час за невакцинираните пред почетокот на божиќните празници. Според либанскиот министер за здравство Фирас Абијад тоа е една една од мерките за запирање на неодамнешниот пораст на зголемениот број инфицирани со Ковид-19 и мерка на претпазливост поради појавата на новиот сој Омикрон. Либан нема регистрирано ниту еден случај на инфекција со Омикрон, но малата земја се соочува со сериозна финансиска криза и е загрижена дека нејзиниот здравствен систем нема да може да се справи со новозаболени лица. – Одборот за справување со Ковид-19 сака да избегне воведување на целосно затворање и…

Read More

Засега нема да се применува мерката задолжителна вакцинација или негативен ПЦР-тест во јавниот сектор, истакна вчера министерот за здравство Венко Филипче, но, како што рече, дополнителна мерка во некоја форма вакцината да биде задолжителна не е исклучена, согласно со искуствата и примерите кои ќе ги даваат други земји во периодот што доаѓа. -Некои земји размислуваат и за таа мерка, но мислам дека е се уште рано. Додека тоа се осмисли, треба да се види и провери како овие мерки ќе имаат резултат. Ќе видиме каков ќе биде интересот и опфатот за вакцинација во следниот период со оваа мерка за матичните…

Read More

Два дена пред истекот на рокот за поднесување кандидатури за внатрепартиските избори за претседател на СДСМ, кои треба да се одржат на 12 декември, до партиското седиште пристигнаа две кандидатури – едната на заменик министерот за финансии и член на Извршниот одбор на социјалдемократите Димитар Ковачевски, а другата на поранешната потпретседателка на партијата Фросина Ременски. Ковачевски, заедно со кандидатурата, ја достави и својата програма. – Согласно роковите денеска ја поднесов мојата кандидатура за претседател на партијата, заедно со мојата визија и програма – Заедно, одговорно и посветено. Програмата се базира на три столба – социјалдемократска визија и вредности на работењето,…

Read More

Се очекува до крајот на оваа недела да се остварат потребните консултации во СДСМ и Алтернатива и да се обезбеди потребното усогласување со цел постигнување договор за можна заедничка влада. Со ваква најава, како и оценка дека е постигнат значителен напредок заврши вчерашната, трета по ред средба, на премиерот Зоран Заев и лидерот на Алтернатива Африм Гаши, во рамки на разговорите за можно приклучување на партијата во Владата и парламентарното мнозинство. -На средбата е констатиран евидентен напредок во усогласувањето на ставовите околу дополнувањето на содржинскиот дел на програмата на Владата, а разменети се и идеи и видувања од двете страни…

Read More

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози, информираат утрово од ЈП Македонија пат. Оттаму посочуваат дека забрана за сообраќај за тешки товарни возила има на патниот правец Тетово – Попова Шапка. На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. ЈП Македонија пат апелира до учесниците во сообраќајот на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот. 

Read More

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи ќе престојува во Црна Гора, каде ќе има средби со потпретседателот на црногорската Влада, Дритан Абазовиќ и со министерот за финансии и социјална грижа, Милојко Спајиќ. Битиќи, како што соопштија од неговиот кабинет, ќе учествува на „Самитот на шефови на влади на Централно Европската иницијатива“. За време на Самитот, вицепремиерот Битиќи ќе учествува на посебниот настан, „Патоказ за здравјето и благосостојбата на Западен Балкан“, на „Пленарната сесија на шефовите на Владите на Централно Европската иницијатива“, како и на панелот на кој ќе се дискутира…

Read More

Експлозија се случи во близина на железничка станица во германскиот град Минхен, соопшти полицијата. Експлозијата се случила за време на градежни работи во близина на станицата Донерсбергербрике. Се уште нема информации за евентуални жртви, соопшти полицијата во Минхен. Службите за итна помош се на местото на каде се случи инцидентот. Во прекин е железничкиот сообраќај. Засега нема опасност надвор од непосредната околина, соопшти полицијата.

Read More

 Македонскиот тенисер Горазд Србљак обезбеди денеска пласман во 2. коло на ИТФ турнирот во Анталија, додека Александра Симева го заврши настапот во женска конкуренција. Србљак (958 ба АТП листата) во воведното коло на главниот турнир во Анталија го совлада Португалецот Жаиме Фариа (1849) со максимални 2:0 во сетови. Македонскиот тенисер го доби првиот сет со 6:3, а во вториот му препушти само еден гем на противникот. Во женска конкуренција, македонската тенисерка Симева со три победи во квалификациите избори настап на главниот турнир, но во првото коло загуби денеска од Русинката Дарија Лодикова (735 на ВТА листата) со 6:1, 6:2 во…

Read More

Еден од основачите на компанијата Бајонтек, Угур Сахин, во интервју за Волстрит џурнал кажа дека не треба да се паничи околу омикрон. „Нашата порака е не паничете, планот останува ист. Забрзајте ја примената на третата доза“, кажа Сахин. Истражувачите на Бајонтек во соработка со американски Фајзер во јануари 2020 развија мРНА вакцина против коронавирусот. Напомена дека, иако омикрон веројатно ќе може подобра да ги избегне антителата од делта варијантата, поради поголемиот број мутации на новата варијанта, малку е веројатно дека омикрон ќе може да го одмине имунолошкиот одговор на Т-клетките на телото на инфекцијата. Кажа дека развојот на вакцина прилагодена…

Read More

Вработените во американската амбасада кои се во Москва повеќе од три години треба да ја напуштат Русија до 31 јануари 2022 година, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. Официјален Вашингтон претходно нареди 27 руски дипломати да ги напуштат САД до 30 јануари 2022 година, пренесува РИА Новости. Захарова нагласи дека таквата одлука не е избор на Русија, бидејќи САД, како што вели, „наметнаа слична игра“ откако Стејт департментот еднострано воведе тригодишно ограничување за службени патувања за вработените во руската амбасада во Вашингтон и генералните конзулати на Русија во Њујорк и Хјустон. – До 1 јули…

Read More

 Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), заедно со УЕФА и ФИФА денеска во Скопје го почнаа најавениот процес на разгледување и ревизија на Статутот на ФФМ согласно стратешкиот план на федерацијата и праксата на добро раководење. Работни групи во кои се вклучени претставници на ФФМ, УЕФА и ФИФА веќе работат на драфт верзија на Статутот на федерацијата базиран на законските прописи и регулативите на ФИФА и УЕФА. Како што соопшти ФФМ, според претставниците на УЕФА и ФИФА, целта е да се дојде до решение кое ќе овозможи „посилен Статут – подобра организација“, а силна појдовна основа е актуелниот Статут на ФФМ,…

Read More