Еден од основачите на компанијата Бајонтек, Угур Сахин, во интервју за Волстрит џурнал кажа дека не треба да се паничи околу омикрон.

„Нашата порака е не паничете, планот останува ист. Забрзајте ја примената на третата доза“, кажа Сахин.

Истражувачите на Бајонтек во соработка со американски Фајзер во јануари 2020 развија мРНА вакцина против коронавирусот.

Напомена дека, иако омикрон веројатно ќе може подобра да ги избегне антителата од делта варијантата, поради поголемиот број мутации на новата варијанта, малку е веројатно дека омикрон ќе може да го одмине имунолошкиот одговор на Т-клетките на телото на инфекцијата.

Кажа дека развојот на вакцина прилагодена на омикрон би траела 100 дена, но дека тоа можеби нема да биде потребно.

„Само треба да работиме на веќе зацртаниот план за вакцинирање со трета доза и малку да го забрзаме. Дали ќе ни треба некоја дополнителна заштита со прилагодена вакцина, допрва ќе видиме“, кажа Сахин.

Светската здравствена организација (СЗО) во петокот го именуваше новиот сој.

Омкрон прво беше забележан во Јужноафриканска Република и Боцвана, а набрзо потоа и во Хонг Конг, Зимбабве, Намибија, Израел и Белгија.

Државите членки на Европската Унија се договорија во петокот привремено да ги суспендираат патувањата од Јужна Африка и ЕУ по откривањето на новата варијанта на коронавирусот. И други земји од светот ги ограничија патувањата од Јужна Африка.