Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ivana
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, во интервју за Франс Прес побара од меѓународната заедница да одржи дијалог со талибанците во Авганистан, предупредувајќи дека мора да се избегне „економски колапс“ што може да предизвика смрт на милиони луѓе. – Мораме да одржуваме дијалог со талибанците, директно афирмирајќи ги нашите принципи – дијалог со чувство на солидарност со авганистанскиот народ. Наша должност е да покажеме солидарност со луѓето кои страдаат многу и каде милиони ризикуваат да умрат од глад, додаде Гутереш.
Во пожарот што на 8 септември вечерта избувна во модуларната болница во Тетово, загинаа 14 лица. Владата поради големата трагедија прогласи тридневна жалост. Истрагата за случајот е во тек, а министерот за здравство Венко Филипче нагласи дека никој нема да биде изземен од одговорност. Во ковид-центарот за време на пожарот имало вкупно 26 пациенти, преживеаните 12 се на лекување во тетовската болница и се надвор од животна опасност. – Нема настрадани здравствени лица, неколкумина се со полесни повреди, информираа вчера од Министерството за здравство и изразија сочувство до семејствата на загинатите и длабоко жалење за страотната несреќа. Со едноминутно молчење…
Епидемиолошката состојба со Ковид-19 и вчера слична на претходните денови. Бројот на починати останува околу 30 дневно, но има мал пад на бројот на новозаразени. Вчера беа регистрирани 256 случаи на Ковид-19 од 2.778 тестирања или околу девет проценти, што е за еден процент помалку од изминатите денови. Меѓу 31 починат за претходното деноноќие, повторно евидентирано младо лице. Се работи за 18-годишник од Гевгелија. Вчера беа регистрирани и 545 оздравени пациенти. Досега во земјата се направени вкупно 1.206.597 тестирање на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 181.875, бројката на оздравени пациенти е…
Политичките партии до недела ги одложија јавните активности поврзани со локалните избори 2021 закажани за 17 октомври, поради деновите на жалост по пожарот на модуларната Ковид болница во Тетово во која загинаа 14 лица. Сепак, партиите и независните кандидати кои сакаат да учествуваат на изборите мораат да ги запазат роковите предвидени од Државната изборна комисија (ДИК). Синоќа на полноќ заврши јавниот увид во Избирачкиот список, а утре на полноќ истекува рокот за поднесување кандидатури за изборите до Општинските изборни комисии. До средата, 8 септември, како што соопшти ДИК, 13.916 лица се провериле во Избирачкиот список. Поднесени се вкупно 140 барања…
Мерките што од понеделник стапуваат во сила во Грција, кои пред сè се за невакцнираните, освен за Грците, ќе важат и за посетителите на земјата, потврди портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина на денешниот редовен брифинг со новинарите. Новите мерки кои кон крајот на минатиот месец ги соопшти претходниот министер за здравство на Грција Василис Кикиљас и ќе важат до 31 март следната година, се однесуваат на затворените простори на уготителските објекти, на патувањата низ Грција, на посетите на музеи и археолошки локалитети, а посебни правила ќе има и за невакцинираните…
Дојдов да изразам солидарност со граѓаните на Тетово, а анјмногу со оние кои ги изгубија своите најблиски, изјави Претседателот на државата, Стево Пендаровски при денешната посета на опожарената модуларна болница во Тетово. – Надлежниот јавен обвинител ме информираше дека дека околу два часа формално ќе го завршат увидот кој трае веќе втор ден и во најбрз можен рок потоа ќе излезат со нивниот извештај, вели Пендаровски. Според него, до овој момент нема никаков индикатор дека ова е направено намерно со цел да се постигне некаква друга политичка цел. – Не смееме да дозволиме истрагата да трае со месеци, и на…
Пописот на населението, домаќинствата и становите, кој започна да се спроведува на цела територија на Северна Македонија на 5 септември се одвива со голема поддршка и интерес од граѓаните Потврда за тоа е големата бројка на попишани граѓани. Само во првите четири дена со попишувањето се опфатени повеќе од 200.000 граѓани. Државниот завод за статистика изразува благодарност до сите граѓани кои свесни за важноста од спроведување на оваа најобемна статистичка операција, се конструктивен партнер во процесот. Во тек е надминување на помали технички предизвици кои повремено се појавуваа претходните денови кога на терен имаше висок интензитет на попишување. Сите…
Претседателот Пендаровски пристигна во Тетово
Трошоците на животот во август годинава се за 0,6 отсто повисоки во однос на јули 2021, а цените на мало пораснале за 0,4 проценти. Во однос на август 2020 година, пак, трошоците на животот бележат зголемување од 3,6 отсто, а цените на мало за 4,9 проценти Според Државниот завод за статистика, пораст на на индексите на трошоците на животот во август 2021 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 15,8 отсто, сирењето и урдата за 1,1, месото за 0,9, лебот и житата за 0,7, млекото за 0,6,…
Во име на 47 земји членки на Советот на Европа, генералната секретарка на Советот на Европа Марија Пејчиновиќ Буриќ, изрази сочувство до Северна Македонија за настраданите во пожарот во модуларната КОВИД болница во Тетово. – Во име на 47 земји членки на Советот на Европа, генералната секретарка Марија Пејчиновиќ Буриќ изразува сочувство до Северна Македонија за смртоносниот пожар во модуларната КОВИД болница: „Многу сум тажна. Моите мисли одат кон луѓето во Северна Македонија и сите оние кои ги загубија своите најблиски“, се вели во твитот објавен од портпарлот на Советот на Европа Даниел Холтген. Во вчерашниот пожар во ковид –…
Советот на Општина Тетово прогласи тридневна жалост поради трагедијата која се случи синоќа во тетовската модуларна болница, во која загинаа 14 лица Ова го објави градоначалничката на Тетово, Теута Арифи на прес-конференција, која изрази сочуство до семејствата на починатите и порача од институциите да ја продолжат истрагата. – Во секое време кога ќе добиеме информации, ќе ги споделиме. Да се заблагодарам на сите сограѓани и на сите наши пријатели и во регионот и пошироко, кои се јавија и изразија подготвеност да помогнат, рече Арифи.
Преодниот премиер на Бугарија Стефан Јанев за денеска свика состанок на Советот за безбедност на земјата, објави прес – центарот на владата. Како што јави дописникот на МИА од Софија, тема на состанокот на консултативното и координативното тело на Советот на министри на Бугарија ќе биде состојбата и капацитетот на системот за заштита на националната безбедност во контекст на очекуваниот нов бран мигранти. Се очекува да бидат разгледани и мерки за подобрување на функционирањето на Советот за безбедност на бугарската влада. Пред една недела, за време на расправата во Народното собрание, Јанев најави дека една од точките ќе биде како…