Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Одложени јавните настани на партиите, утре на полноќ истекува рокот за поднесување кандидатури

0
By Ivana on September 10, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, September 10, 2021 08:28

Политичките партии до недела ги одложија јавните активности поврзани со локалните избори 2021 закажани за 17 октомври, поради деновите на жалост по пожарот на модуларната Ковид болница во Тетово во која загинаа 14 лица.

Сепак, партиите и независните кандидати кои сакаат да учествуваат на изборите мораат да ги запазат роковите предвидени од Државната изборна комисија (ДИК). Синоќа на полноќ заврши јавниот увид во Избирачкиот список, а утре на полноќ истекува рокот за поднесување кандидатури за изборите до Општинските изборни комисии.

До средата, 8 септември, како што соопшти ДИК, 13.916 лица се провериле во Избирачкиот список. Поднесени се вкупно 140 барања за запишување во Избирачкиот список, 31 барање за бришење на податоците од Избирачкиот список и 43 барања за измена на податоците во Избирачкиот список. Исто така, до ДИК, на е-маил адресата upisis@sec.mk се поднесени вкупно 88 барања.

На 14 септември истекува рокот до кога ДИК треба Избирачкиот список да го достави до политичките партии, кои пак до 19 септември треба да достават евентуални барања за негова корекција до Комисијата. До 24 септември, ДИК треба да го заклучи Избирачкиот список, а најдоцна до 1 октомври да го потпише.
Утре на полноќ завршува рокот за поднесување на кандидатури за локалните избори до Општинските изборни комисии. Најголем дел од партиите најавуваат дека кандидатурите до ОИК ќе ги поднесат денеска до крајот на денот или утре.

Во меѓувреме тече рокот за поднесување барања до ДИК за набљудување на локалните избори.
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) го изготви Првиот извештај од мониторингот на медиумското известување за локалните избори закажани за 17 октомври за периодот од 7 до 31 август 2021 година. Резултатите од мониторингот на АВМУ покажале дека во овој период не се констатирани прекршувања на одредбите од Изборниот законик.

Во извештајот е анализирана 24-часовната програма на првиот телевизиски програмски канал на Јавниот сервис – МРТ1 и на шест комерцијални телевизии на државно ниво кои имаат просечен неделен досег над 10 отсто – ТВ 24 Вести, ТВ Алсат-М, ТВ Алфа, ТВ Канал 5, ТВ Сител и ТВ Телма.

Во дневноинформативните емисии, медиумите најчесто обработувале актуелни теми низ вести (во низа) и низ извештаи, јасно структурирани и со проверливи извори на информации, но во ТВ-дневникот на одредени телевизии понекогаш се појавувале и прилози реализирани низ нејасни, хибридни жанровски облици, спој од информирање и обиди за резиме, за антиципација и за анализа на посложени општествени појави, при што, во некои од таквите случаи немало ни јасно одвојување на партиските од професионалните редакциски гледишта.

– За тековните активности околу изборниот процес, медиумите главно известуваа во професионално структурирани информативни жанрови, но сепак, не изостанаа и секојдневните прилози што го проследуваат ривалитетот меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Притоа, забележлива е и практиката да се „цитираат“ искази од социјалните мрежи, кои сами по себе често се или нерелевантни или непроверливи, ни во информативна, ни во фактографска смисла, посебно со оглед на тоа што се издвоени од нечија адреса со Интернет-прекар/псевдоним, наведуваат од Агенцијата.

Дик настани одложени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.