Author: Ivana

Вакцината сериозно го намалува ризикот од тешка форма на болеста и според студиите 20 пати го намалува ризикот од смртен исход. И тоа треба да е мотивација за граѓаните Огромен процент од новодијагностицирани пациенти, 80 и неколку проценти и од тие коишто се во болница се невакцинирани, што значи дека тоа е проблемот не само кај нас, туку насекаде. Разговараме и со колегите во регионот, секаде болниците се оптеретени со невакцинирани пациенти, нагласи миинистерот за здравство Венко Филипче денеска во Бутел, каде изврши увид на градежните работи на новата амбуланта. Тој истакна дека не можат да претпостават како ќе се…

Read More

Група демонстранти кои се противат на вакцинацијата и епидемиолошките мерки упаднаа во студио на ТВ Словенија, се наведува на веб -страницата на таа телевизија Инцидентот се случи вчера околу 20:30 часот во студиото за вести. Полицијата интервенираше отстранувајќи 20-на демонстранти кои не носеа заштитни маски. Демонстрантите и противниците на вакцинацијата и мерките за ограничување протестираат пред зградата на јавниот сервис со недели, барајќи да им се даде време на телевизија да ги изразат своите ставови за коронавирусот и епидемијата со „Ковид-19“. Vdor proticepilcev v dnevniški studio. #napadnartv pic.twitter.com/PpHLwyrYdo — Barbara Vidmajer (@bvidmajer) September 3, 2021

Read More

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, заедно со заменикот на претседател на Владата за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски, со министерката за образование и наука Мила Царовска и со градоначалникот на Општина Лозово Ацо Велковски, денеска ја предадоа во употреба спортската сала во Општинското основно училиште „Методи Митевски Брицо“ во Лозово Со тоа учениците во ова основно училиште од оваа година ќе имаат најсовремени услови за изведување на наставата по физичко и здравствено образование, откако во сите години претходно содржините по овој предмет се остваруваа на отворено или во адаптираните…

Read More

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на денешната прес конференција во градскиот парк, ја лансираше иницијативата „Зелена дипломатија – новото нормално“ и ги информираше новинарите за конкретните чекори и проекти преку кои ќе се спроведува – Не случајно се наоѓаме во градскиот парк, во една убава, пријатна и зелена атмосфера, во амбиент кој што асоцира на нашиот проект што ќе го лансираме денеска, а тоа е дека министерството за надворешни работи станува зелено. Свесен сум дека темата не е дневнополитички актуелна, но во меѓународните односи се наметнува како најважното прашање за иднината на светот. И тука не се работи за…

Read More

Поради пандемијата со ковид-19 и мерките донесени од страна на Владата, на свечената прослава по повод јубилејот 30 години независност на државата која во среда ќе се одржи пред Собранието, ќе присуствува органичен број граѓани Според информациите од Владата, на настанот сите присутни ќе добијат билет за влез, а ќе треба да имаат и сертификат за вакцинација или прележан ковид-19 и ќе седат на столчиња кои ќе бидат поставени на одалеченост од 1,5 метар. На прославата освен државниот врв и високите гости,  ќе може да присуствуваат од 800 до 1.000 граѓани кои за да добијат билет ќе треба да се…

Read More

Доколку членовите на едно домаќинство кои треба да се попишат не се дома, тогаш попишувачите оставаат порака со временска одредница кога повторно ќе поминат Оставаат и телефонски број во случај ако лицето не е во можност во наведениот период да биде дома, да закаже со попишувачот кога може да се спроведе попишувањето. – Ова е техника која ја применувавме во сите пописи досега и секогаш се покажувала како успешна. Нема можност да биде никој изоставен и никој нема да седи дома 26 дена за да чека попишувачи, туку нормално си ги извршува своите секојдневни обврски, изјави директорот на Државниот завод…

Read More

Тројца пациенти ја загубија битката со коронавирусот во штипската модуларна болница. Според болничкиот извештај починатите пациенти се од Виница на возраст од 47 години и двајца од Штип на возраст од 58 и 67 години Иако е зголемен бројот на прегледи во дневната амбуланта, каде што за 24 часа се прегледани 72 пациенти, сепак притисокот за болничко сместување се намалува во споредба со минатите денови. Во модуларната болница се лекуваат 35 пациенти, од кои само четворица не се на кислородна поддршка, а на Кожното одделение се лекуваат шест пациенти, кои се стабилизирани и со полесна клиничка слика.

Read More

Водачот на отпорот против талибанците во Авганистан денеска објави дека борбата ќе продолжи, јави ДПА „Нема да се откажеме од борбата за Алах, слобода и правда“, напиша на Фејсбук водачот на авганистанскиот национален фронт за отпор, Ахмад Масуд. Неговата изјава најверојатно е одговор на непотврдените извештаи дека Панџшир, единствената провинција надвор од талибанската контрола, била заземена и дека водачите на отпорот избегале во странство. Во вчерашната видео порака, авганистанскиот потпретседател Амрула Салех рече дека живее во родната провинција Панџшир и дека отпорот продолжува. Борбите се водат пет дена помеѓу фронтот на отпорот и талибанците над долината Паншир. Пред тоа, имаше…

Read More

Резултатите од Конкурсот за прием на студенти запишани на додипломски студии во државните студентски домови и други објекти за сместување за студиската 2021/2022 година, а кои се однесуваат на студентите од втора и повисоките години на студии се  објавени, информираат од Министерството за образование и наука Оттаму истакнуваат дека студентите кои се наоѓаат на објавените листи можат да се вселат во студентските домови по потпишување на договор со домот во кој се примени. Договорот потребно е да го потпишат најдоцна во рок од 10 дена од објавата на резултатите. Приговорите по однос на резултатите се доставуваат до Министерството за образование…

Read More

Се е подготвено за почеток на пописот на населението и објектите кој стартува утре. Пописот ќе се спроведе безбедно со почитување на здравствените протоколи и не постои никаква шанса за ширење на вирусот, порачаа надлежните на денешната прес-конференција Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски соопшти дека институциите се подготвени за најголемата статистичка операција во земјава која не е спроведена речиси 20 години и ги повика граѓаните да ги примат попишувачите. – После речиси 20 години, премежја, опструкции и одоговлекувања конечно сме на прагот да започнеме со теренската работа и со собирањето на потребите податоци. Сите подготовки се завршени.…

Read More

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 741.553 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 4.251 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 13.219 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.306.042 дози вакцини, а ревакцинирани се 564.488 граѓани.     Со последните бројки 53% од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 29% од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.   Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Децата од…

Read More

Потпишан договорот за заедничка коалиција меѓу ЛДП и ДОМ, формирано е – “Движењето ОДЛУЧНО ЗА ПРОМЕНИ” Договор за заеднички настап на локалните избори потпишаа Горан Милевски и Маја Морачанин, Претседателите на ЛДП и ДОМ формирајќи го “Движењето ОДЛУЧНО ЗА ПРОМЕНИ”. Коалицијата има над 50 кандидатски листи за локалните избори, со голем број на граѓански активисти и непартиски лица, со што оваа коалиција се позиционира како трета политичка сила на македонската политичка сцена. До сега тие ги најавија кандидатите за градоначалници на Ѓорче Петров Љупчо Јаневски, на Кисела Вода Ѓулистана Марковска, на Гевгелија Виктор Петков, на Прилеп Славе Петрески и на…

Read More