Author: Ivana

Прва редовна координација по колективниот одмор денеска во Собранието одржаа Претседателот на Собранието Талат Џафери и пратениците. Како што информираат од законодавниот дом, било договорно неделава на 1 септември да продолжат со преостанатите, незавршени седници а, следната, нова пленарна седница да биде закажана на 14 септември Редовната координација, како што информираат од собраниската прес-служба, била во полн состав. Џафери, на координацијата, замолил да се почитуваат здравствените протоколи како што се почитуваа и досега, за, како што се вели во соопштението, да се заштити здравјето на пратениците, на вработените и нивните семејства. Пратениците се враќаат на работа во Собранието, на речиси…

Read More

Задолжителен ПЦР тест направен 72 часа пред поаѓањето и уште еден тест по пристигнувањето, што е на трошок на самите патници и понатаму се неопходните услови за патување на Кипар за државјаните на Северна Македонија, со оглед на тоа што нашата земја останува во црвената категорија држави за кои важат посебни правила, јави дописничката на МИА од Атина. Согласно новата „Процена на епидемиолошкиот ризик на земјите во врска со Ковид-19“  објавена утрово од Министерството за здравство на Кипар, која стапува во сила во четврток на 2 септември, направени се само три промени, Германија од втората преминуваат во третата, а Малта…

Read More

Во Паркот на поезијата во Струга обновени се спомен-плочите со отпечатени имиња и земјата од која доаѓаат од сите досегашни лауреати на „Струшките вечери на поезијата“, поставени пред засадените дрвца, соопшти Дирекцијата на фестивалот Досегашните бронзени плочки, кои, беа честа мета на кражби и вандалство, според информацијата од СВП, се заменети со плочки од композитен материјал со метален слој. – На плочките се отпечатени имињата на лауреатите, заедно со земјата на нивното потекло, а отпечатени се и кјуар-кодови, кои при скенирање со мобилен телефон ги водат корисниците до специјално создадени линкови на веб-страницата на „Струшките вечери на поезијата“, на конкретниот…

Read More

Досега 15 независни кандидати за градоначалници ги собрале потребните потписи за учество на локалните избори, соопшти Државната изборна комисија (ДИК) на денешната 17. седница Од таму велат дека потписи собрале и 30 независни советнички листи во различни општини во подрачните единици на ДИК. До 30 август трае собирањето потписи за независните кандидати за градоначалници и советнички листи, а вработените во подрачните единици, утре и в недела ќе работат еден час подоцна, додека на 30 август, ќе работат до 24 часот, беше соопштено на седницата. Во тек е собирањето потписи на уште независни кандидати за градоначалници што не се завршени, како…

Read More

Комисијата за заразни болести утрово одржа состанок за барањата на Кризниот штаб на Општина Тетово, за учебната година таму да започне со онлајн настава наместо со физичко присуство на учениците, информира Министерката за образование и наука Мила Царовска – Во координација сме со градоначалничката на Општина Тетово и ние и Министерството за здравство. Сабајлево се одржа состанок на Комисијата за заразни болести и веднаш штом добиеме инструкција или мислење од страна на Комисијата, понатаму ќе продолжиме во разговорите со Општина Тетово и секако дека сите одлуки мора да поминат и на Главниот координативен штаб на Владата и на владина седница.…

Read More

Дубравка Аксиќ од Подгорица е победник на традиционалниот натпревар во лежење што се одржува во Црна Гора. Таа помина 117 часа во лежење, со паузи за одење во тоалет, со што го сруши досегашниот рекорд, односно одлежа речиси двојно повеќе од претходниот рекорд од 52 часа непрекинато лежење, поставен пред две години, извести црногорскиот весник „Вијести“ Таа можеби би лежела и подолго, оти како што велат двајцата жители на Никшиќ, тие и претходно ѝ предлагале да станат сите заедно и да ја поделат наградата, но таа не сакала. Сепак, пресуден бил дождот што паѓал вчера рано наутро, па првин двајцата конкуренти,…

Read More

Според последните податоци во терористичките напади на Меѓународниот аеродром „Хамид Карзаи“, во авганистанската престолнина Кабул загинаа 90, а најмалку 150 лица се повредени. https://www.youtube.com/watch?v=d45co5w8dEI Најмалку 90 луѓе загинаа во терористичките напади, од кои 13 американски војници, а 150 луѓе се повредени. Неидентификуван претставник на талибанците изјави дека загинале 28 талибанци, објави Би-би-си. Тој додаде дека нема потреба да се продолжува датумот за завршување на евакуацијата и повлекувањето на американските сили, закажано за 31 август. Претставник на западните безбедносни служби посочи дека евакуацијата на цивилите е забрзана и дека летовите се одвиваат редовно. Две експлозии одекнаа вчера во близина на аеродромот…

Read More

Шефот на грчката дипломатија Никос Дендијас доаѓа во посета на Македонија кон крајот на месецов, при што ќе биде направен увид во спроведувањето на обврските од Преспанскиот договор, најави министерот за надворешни работи Бујар Османи Тој потенцираше дека при посетата ќе се разговара и за поддршката на Атина во однос на евроинтеграцијата на Македонија. Во МНР е формирана работна група за следење на спроведувањето на Преспанскиот договор, која вклучува и координатор, а која врши увид во реализацијата на обврските од спогодбата на неделна основа, како што истакна Османи. На средбата со Дендијас предвидено е да се евалуира и исполнувањето на…

Read More

Серијата „Преспав“ ќе биде прикажана на 56-от Фестивал на актерски остварувања во српската кинематографија, „Filmski Susreti Nis“. „Преспав“ учествува во придружната фестивалска програма „ТВ регион“, заедно со уште три серии од Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина. „Елитен туризам“ и „Светски, а наш“ се двете епизоди од најгледаната македонска ТВ серија кои ќе бидат прикажани на 27-ми август во киното „Синеплекс“ во Ниш. „Филмски сусрети“, кој е еден од најреномираните филмски фестивали на Балканот, беше отворен на 21-ви август со филмот „Тома“, за познатиот пејач и композитор Тома Здравковиќ. На Љиљана Благојевиќ ѝ беше доделена наградата „Павле Вуисиќ“ за исклучителен…

Read More

Министерот за одбрана и заменик премиер на Словенија, Матеј Тонин од вчера престојува во официјална посета на Северна Македонија, на која домаќин е министерката Радмила Шекеринска Како што соопшти Министерството за одбрана, во рамки на посетата, министрите денеска во Охрид ќе имаат средба и билатерални разговори на ниво на делегации и потпишување на Договор за донација. По билатералните разговори предвидени се изјави за медиуми. Од Охрид, министерката Шекеринска и нејзиниот словенечки колега ќе заминат за Берово, каде што ќе имаат средба со градоначалникот Звонко Пекевски, кој од името на граѓаните на беровскиот регион ќе му врачи на словенечкиот министер Плакета…

Read More

Угостителите и туристичките работници реагираат за рестриктивните мерки што ги донесе Владата по препорака на Комисијата за заразни болести Вчера се пожалија и трговците. Укажаа дека трговските центри се речиси празни, дека нивната посетеност во споредба со минатиот месец е намалена за 60 отсто, како и дека бележат пад на прометот за 40 проценти. Бизнис секторот укажува дека мерките се преостри, дека се донесени без најави, но и без консултации со нивни претставници. Според трговците, можеби треба да се размисли за нова мерка – посетителите во затворените молови да влегуваат со негативен брз тест, како во поголемите европски земји. Во…

Read More

Времето во земјава ќе биде сончево со умерена локална облачност. Во планинските подрачја ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Утринската температура ќе се движи од 13 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7. Во Скопје, сончево со умерена облачност и со слаб до умерен претежно северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе достигне до 31 степен.

Read More