Серијата „Преспав“ ќе биде прикажана на 56-от Фестивал на актерски остварувања во српската кинематографија, „Filmski Susreti Nis“.
„Преспав“ учествува во придружната фестивалска програма „ТВ регион“, заедно со уште три серии од Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина. „Елитен туризам“ и „Светски, а наш“ се двете епизоди од најгледаната македонска ТВ серија кои ќе бидат прикажани на 27-ми август во киното „Синеплекс“ во Ниш.
„Филмски сусрети“, кој е еден од најреномираните филмски фестивали на Балканот, беше отворен на 21-ви август со филмот „Тома“, за познатиот пејач и композитор Тома Здравковиќ. На Љиљана Благојевиќ ѝ беше доделена наградата „Павле Вуисиќ“ за исклучителен придонес на уметноста на актерството на филм.
Меѓу насловите кои нишката публиката имаше можност да ги види се „Нечиста крв“, „Жив човек“, „Единствен излез“, „Александар од Југославија“, „Пукотници во Марсеј“.
Фестивалот ќе биде затворен в петок, 27-ми август со свечено доделување на награди и прикажување на филмовите „Глумчиште“ за Зоран Радмиловиќ и „Бранител“.