Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Црна Гора го има новиот шампион во лежење: Дубравка лежела 117 часа

0
By Ivana on August 27, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, August 27, 2021 12:18

Дубравка Аксиќ од Подгорица е победник на традиционалниот натпревар во лежење што се одржува во Црна Гора. Таа помина 117 часа во лежење, со паузи за одење во тоалет, со што го сруши досегашниот рекорд, односно одлежа речиси двојно повеќе од претходниот рекорд од 52 часа непрекинато лежење, поставен пред две години, извести црногорскиот весник „Вијести“

Таа можеби би лежела и подолго, оти како што велат двајцата жители на Никшиќ, тие и претходно ѝ предлагале да станат сите заедно и да ја поделат наградата, но таа не сакала. Сепак, пресуден бил дождот што паѓал вчера рано наутро, па првин двајцата конкуренти, обајцата од градот Никшиќ станале не сакајќи да се разболат, па и Дубравка станала само 5 минути по последниот конкурент. Претходниот станал 2 часа пред нив.

Натпреварот по десетти пат го организираше етно-селото „Монтенегро“ во Брезна. Новитет годинава беше тоа што на натпреварувачите им беше дозволено да прават пауза за тоалет. Еден од двајцата браќа организатори на натпреварот, Радоња Благојевиќ, вели дека не очекува дека натпреварувачите ќе лежат шест дена, па на победничката покрај ветената награда од 300 евра и додале уште 50 евра.

„Парите нема да ги искористам за нешто корисно, туку ќе ги потрошам со друштво и ќе си купам нешто за да се сеќавам на овој натпревар“, вели Дубравка за „Вијести“, објаснувајќи дека кога се пријавила не мислела дека е толку тешко постојано да се лежи, а дека сега уште помалку ќе се излежува.

Организаторот Радоња Благојевиќ  вели дека тој не би можел толку да лежи.

„Секоја им чест. Јас порадо би копал 120 часа, отколку што би лежел“, вели тој.

Натпреварот е организиран повеќе на шега, за да се стави акцент на популарното верување на Балканот дека Црногорците се најмрзливите луѓе, коишто порадо би лежеле отколку било што да сработат.

Лежење натпревар Црна Гора
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
shortcut
ФОКУС
June 26, 2026

САД извршија нови напади врз Иран

ВЕСТИ June 26, 2026

Беа погодени ракетени магацини, дронови и радарски локации покрај брегот на Оман, како одговор на…

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

June 25, 2026

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.